Уште се плашиш од мене? Што те плаши? Моите ставови? Мојата независност... моите погледи на светот, кои не заборавај заедно ги градевме...Што? Мојот ладен израз. Па ладен е... никогаш не посегна да го загрееш. Во ред е. Остани така. Јас сакам да продолжам. Заради тебе ја играм оваа игра на животот. Досадна е како партија шах на МТВ2 пред 20 години. Не сакам да чекам. Знам дека некаде таму има некој похрабар од тебе. Можеби е еден.. можеби се двајца. Но, сигурна сум дека постои. Само не заборавај дека јас и ти секогаш ќе бидеме во близина. Ти со друга, а јас со друг. Всушност сакам да продолжиш напред. Сакам да најдеш некоја. Знаеш, сакам ти да најдеш некоја пред јас да најдам друг. Тогаш ќе знам дека си продолжил сам. Дека не било утеха. Кажи нешто. За промена кажи ми нешто.
Шо и да направам нема да ја имаш довербата шо ја имаше у мене пред 3 саата. Глупача сум. Ништо нема да биде како порано. Ништо. Извини. Ќе направам се, само немој да ми кажеш дека е крај.
ТЕ молама јави се почнав да паничам каде си и да не ти се случило нешто знам не требаше да те оставам во таква состојба ,но ти побара од мене да бидеш сам те молам барем јави се гласот да ти го слушнам.
Едвај доседов мирна до тебе. Таков целиот...совршен...ко што од секогаш сакав.... Затоа ти рипнав на крај хахахахах
Не ме цениш воопшто, не ме цениш што сум твоја, не го цениш тоа што те сакам.. ништо не цениш, се понашаш како да ти е сеедно дали утре повторно ке бидам твоја или не, дали утре ке бидеме заедно или не.. ама ако, мисли ти дека јас сум толку наивна и глупа, верувај се забележувам, иако тоа не изгледа можеби така.. Гледам дека не е исто како порано.. ох колку се надевам дека грешам..
Баш ми е жал што неможам да те стоплам како што заслужуваш. Што неможам да те прегрнам со онолку љубов колку што ти имаш. Прости ми што немам толку љубов во мене. Прости ми што срцево не те сака како што треба да те сака. Љубовта која ме истроши требаше тебе да ти ја дадам. Знам дека ќе ја чуваше како душата што си ја чуваш. И сеуште незнам што направив да те заслужам. Јас сум човек со тешки куфери на мене. И никогаш нема да ги отворам . Како сенка ме гонат.
-Ти текнува кога се запознавме, ми рече дека никогаш не си сакала дечко како мене? Ми текнува, но никогаш пред тоа не сум те запознала ТЕБЕ. Никогаш не сум ни знаела навистина што сакам. Те сакам покрај мене баш тебе, таков каков што си. Иако не ти ја сакам гардеробата, иако не си некој лепотан физички, иако имаш многу бели влакна низ косата, иако го имаш оној белег на лицето. И иако забите ти се вештачки, иако пушиш, иако си толку многу педантен, иако си толку многу опуштен, иако со тебе не можам да се карам како што сакам, иако ова нашево е чудно и речиси забрането. Иако ме плаши, ти се предавам целосно, а уште подраго ми е што го добивам истото од тебе. И да ќе премолчувам кога ми го облакаш капутот и кога ме обвиткуваш со шалот. Ќе молчам кога ми ставаш пијачка, кога ми го сечеш јадењето затоа што мразам да сецкам. Ќе премолчувам кога ми збориш на теми кои ме нервираат, но се за мое добро. Ќе премолчувам затоа што си речиси совршен, а мене ме правиш да се чувствувам како вистинска жена покрај тебе. Ќе го премолчуваме оној страшниот збор кој ме плаши, доволен е погледот и И ЈАС ТЕБЕ!
Во моментов неможам да те опишам со зборови какво СРЦЕ си! Ќе те пофалам и на форумов како најоригинален дечко. Би сакала да ни е ваков прекрасен секој ден...те молам да се потрудиме и двајцата!
Меѓу нас постои убиствена и застрашувачка тишина.. и една бездна, длабока и бедна. Еден чекор понапред, еден кон друг.. и паѓаме. Еден разговор за твојот ил мојот живот.. и сфаќаме - во нив нема место за нас. Ќе паднеме во бездната полна со студ и вина.. ама ти на едната страна, јас на спротивната. А знаеш.. бездната е широка, колку еден цел универзум. Ама ќе се најдеме пак, зашто никогаш нема да бидеме доволно оддалечени за да не се најдеме. И кога ќе ме погледнеш, ќе видиш поглед полн со рамнодушност и студ. И ладно срце, без љубов. Нив ги имам и сега.. но не можеш целосно да го видиш тоа. Предосеќаш, ама не ти се верува. Не ти се верува дека се опаметив. А за верување е.. Ме изгуби.. целосно ме изгуби..
бе З имаш памет колку едно пиленце се ли се пишува на ф.б. не ти посакувам да добиеш Сида, Сифилис или Гонореја ама како што си тргнал плеткајки се со секоја -да се разбереме не се држите само за рака, маж си сепак не си далеку од тоа и осмели се да ме погледнеш уште еднаш кога ке ти бидам во близина, има да те срушам пред сите и без пардон ми се од тебе најискрено.