Се топам секогаш кога ќе ти го слушнам гласот и нежно ми кажеш нешто јас едноставно се губам.Преѓе го видов срцето кое што кришум ми го даде знаш кое и кога па се потсетив колку ни беше убав тој период. Колку пати си ме изненадил и само со еден твој потег правеше да се расплачам од среќа,а и ден денес го правиш тоа.После 5 и пол години ние сеуште сме матуфи како и првиот ден и секогаш ќе сме вакви знам,тешко на дечињата со нас .Можам да замислам каков ќе ни биде животот понатаму,знам дека ќе реализираме се како што сакаме ние мил мој.Не сакам да имаш ниту една нервоза,сакам цело време само да ми си насмеан и расположен,а пред се насјреќен на свет.Ако во минатото си имал грижи и двајцата знаеме какви,во иднината ќе се потрудиме воопшто да ги нема тие и да заборавиме на се.Помисли само на ноќите кога ќе легнуваме еден крај друг и утрата кога ќе се разбудиме и ќе се радуваме на денот кој што ќе го поминеме заедно.
не глуми лудило дека сексот се добивал лесно, кога најверојатно се плескаш со која ке стигнеш и ти ке ми зборуваш за морал се читаш ли што зборуваш бог да чува какво чудовиште имаме во партија што си правиш ти си знаеш ама барем не пишувај на ф.б. бе кретену еден без грам памет
Не си фер! не можеш да бараш да не правам нешто што ти ми го правиш на мене.. би сакала само еднаш да се ставиш на мое место и да видиш колку боли кога не ми креваш па послем не ми враќаш.. не те познавам повеќе, ако твоите чуства се променети, кажи!! но немој да мислиш дека секогаш оваа будала ке те моли и ке биде тука.. кога тогаш ке пукнам! верувај.. и јас сум човек и јас имам чуства, знам колку боли кога некој што го сакаш те третира како да си некоја уличарка!! стави си го малку прстот во глава, и размисли колку ме повредуваш со твоите постапки, и до каде сакаш да стигнеш со тоа?!
Хоооооуууу Уште еден поен за мене! А да не мислиш дека ќе ти се правдам со кој и каде излегувам? Мислиш дека кога ќе речеш дека ќе се слушнеме, подразбираш дека јас треба да те барам? Ноп! Ќе ми се јавиш бе батка! И ај што ќе ми се јавиш за да ми чуеш глас, туку и да ме прашаш за излегување! Дали може конечно ќе ти кажам, да за на кафе. Уште не знаеш како е да се биде со скорпија. Биди си ти лав колку што сакаш. Кревај се и расти како квасец на секој комплимент. Топи се на секое излегување со мене. Јас може само вака да направам: И за крај на излегувањето може да добиеш една и во образ, и ај чао.
Соништа, планови, очи што светат да знаеш ќе те киднапирам не те давам веќе на другите. Ќе те чувам себично Спијај сега... И не ти се јавувам за инает
ако ме сакас утре нема да одиме таму е сега ако ме сакас нема!.ајде ке видиме дали можес за мене да го направис тоа
Се гледам во огледало. На усните имам рани... но не се твои. Ова не се рани предизвикани од нескротлива страст, не се рани кои можат да сведочат за една љубов, не се рани кои некогаш се обидував да ги сокријам. Ова се рани кои си ги направив самата. Во момент на слабост, во момент на недостиг од тебе, во момент кога во главата ми се вртеше се што минавме заедно... Каде си сега? Каде? Зошто не дојдеш за повторно да имам рани на усниве, а да се твои...
кога те гледам тебе З, исто ко да го гледам Шоик од Тесна Кожа-мајке ми само штета неможам да ти залепам една како Пантик што му направи и да ти кажам криво ми е
Денес ме прашаа како се осеќам после се.Одговорив дека ми е сеедно, дека не чувствувам ништо.Мислев дека така е, дека тоа е вистина, а сега веќе не сум толку сигурна во тоа.Се фаќам себеси на моменти како помислувам - А што ако си со друга сега?Знам дека не си.Ме интересира што правиш, што мислиш, дали ти текнува на мене барем од време на време.Тоа се работи со кои што јас не би требала да се занимавам, воопшто не смеам да мислам на ова, а сепак, мозокот ми оди во забранети правци.Знам дека прекинот беше заедничка одлука, тоа беше тоа што го сакав во моментот.Сега веќе не сум сигурна дека таа одлука е добра.Ми фалиш, а имам премногу гордост за да си дозволам да го признаам тоа, дури и на себе, а камоли на тебе...
Денес пак беше многу убав. Мислам, ти кога не си бил убав бе Прво мислев да дојдам да се поздравам, ама имав некое лошо претчуство дека ќе направам некоја глупост, па затоа ништо. Му кажав на брат ми дека те свиѓам, имаш многу пофалби од него дека си многу фино дете, ептен добро, само многу си голем бил а нема врска, како мене си висок ). И дај пиши ми, веќе не избувнувам и фино ќе се понашам, ветувам . Едит: Признавам од МАријана и Росана ја објави оти си признаваш дека преска сакаше да дојдеш Едит2: Фала шо ми пиша На форум тука да не си?
Три средби со тебе но не дирекни.Ама со секое вкрстување на нашите погледи нешто ми е чудно...некое чудно чувство или пречувство имам.Врска немам што е,има нешто во твоите очи што не ми дава мир.Во позитивна смисла мислам.Случајно го видов твојот профил на фб и што ќе видам...на ист датум си роден со мојата далечна љубов. Ова некој знак да не е Којзнае можеби некогаш и негде би седнале,би разговарале...зошто јас решив дека навистина сакам да те запознаам,ми изгледаш навистина фин и добар.
Животот ми подари слагалица, безброј парчиња, милион помошни нишки, тешки како камен и лесни како бакнеж, кога и да успеам да ги наредам, добивам прекрасна сродна душа, следниот момент веќе едно делче повторно недостасува, или јас мрднувам и веќе се растурила, па повторно треба да се потрудам, па повеќе да чувствувам, и секогаш да те сакам. Прекрасна слагалица си, мачна и тешка, нервозна и напати фрустрирана, но полна со љубов и каење. Тоа е она што секогаш ме поттикнува одново и одново да сакам да ја составам. Те љубам, ме љубиш, и двајцата се губиме под кревет или во некое прашливо ќоше, и замисли секогаш сме две делчиња кои совршено се поклопуваат.
Само се чудам до колку можеш да бидеш дете? се понашаш ко да имаш 3 години ти го почна ова.. ги премина сите граници, јас не сум животно да не можеш да комуницираш со мене, ама ако сакаш така така и ке играме, немај гајле..