Би му кажала, ама или ќе се лути, или ќе фати да ми се правда и да ми дава правнички аргументи во негова полза, и ќе се скараме. Доаѓам утре без ентузијазам и без ни малку ќеф. Не дека не сакам да дојдам, ама не ни сакам баш. Знаеш, сеедно ми е. Ти, дал ќе се трудиш или нема да се трудиш, и тоа ми е сеедно. Онака. И така... или вака. Како сакаш. Сеедно.
Да сме се сретнеле како другари ќе сме биле најдобрите другари на целиот свет! Но, се сретнавме баш љубовно и немаше простор за другарување. Еве ќе пробам да го објаснам чувствово кое ми лежи во гради... Те љубам со цело мое битие, но на некој чуден начин. Како пар не функционираме, а знаеме дека неможеме еден без друг! Зошто? - Одговорот лежи во тоа што нашата другарска врска е поразвиена од љубовната врска. Моите проблеми се и твои, твоите се и мои. Таква блискост, такво разбирање, почит, доверба, советување, искреност и што ли уште не...но, кога ќе дојде момент да се однесуваме како пар, тогаш се` паѓа во вода! Нас оваа љубов едноставно не уништува. А таа потреба од еден за друг го храни ѓаволот кој живее меѓу нас и секој ден се храни со нашата болка! Кога ќе дојде нашиот крај ќе завршиме не славно...и тоа ќе биде само затоа што тој крај ќе биде премногу доцна. Сите вредности ќе бидат изгубени. Кога, ќе го изгубиме највредното...ќе се изгубиме еден со друг. Сродни души, на погрешно место, во погрешно време... Голема храброст од нас...што до овде стигнавме знаејќи го сето ова од самиот почеток. Ти имаш надеж дека јас ќе бидам жената која ќе ја однесеш пред олтар. Но, јас не... Јас несакам да сонувам за заедничка иднина...бидејќи секој мој далечен поглед во врска со нас е мрачен во моето око. Не гледам светлост, само една длабока бездна во која може да паднеме двајцата, ако времето за решавање на нашиот статус ИСТЕЧЕ!
Многу си ми интересен кога ке се скараме, а синојќа ми беше врв, велиш, - Не можам без тебе,морам да ти го чујам глсот, ме смирува, нареден пат пред да се скараме ке те снимам, за да не мора прв да ти се јавувам. Е ѓаволче си. Те сакам. И ајде станувајјј цел саат ти вртам, спанко еден!!!
Ми рече ги сакам овие очи што блескаат, што глумат дека се незаинтересирани, што гледаа во лаптопот и не ми обрнуваа внимание. А не знаеш дека јас имав многу слушнато за тебе уште пред да дојдеш кај мене. Не знаеш дека јас те гледав скришно , ја пуштив косата намерно за да не бидам неуредна пред тебе. Намерно станав и прошетав пред тебе. И ти мислиш дека јас не те забележував и те игнорирав Не! Мислиш дека само ти трепериш кога ме допираш!? Дека само ти умееш да ми приредиш изненадување во ниедно време!? Дека само ти имаш пеперутки? Дека само ти сакаш да ме видиш? Епа грешиш... Ти си виновникот за тоа што имам насмевка цел ден, што се смешкам на улица па сите мислат дека имам некое заостанување во развојот. Ти си виновен за тоа што треперам како лист, што едвај чекам да те видам. Ах... сакам пак да те почуствувам. Дојди. Биди до мене
Не си и верувам на сопствената среќа. Да имав некој начин да ти кажев - да, ама мислам си знаеш. Тоа беше вечер што никогаш не се заборава! Епа ете. Сме се бендисале. Никогаш, никогаш, никогаш немаше да очекувам. Ке мислев дека е само сигмент на фантазија да не ми се јавуваше секој 5 минути. Што ти направив бе?
Многу си голем за мене, цели 5 години. Немогуче е ти да ме сакаш, всушност од кај знам дали те сакам и ја тебе бе. Џабе договори за кога ја ќе пораснам си правеме ние . Ја те сфаќам дека ти сега ќе си имаш и женски и све, само те замолувам некогаш нека ти текне на мене, барем јави се глас да ти слушнам. Не ти судам за ништо, се ќе те сфанам. https://www.youtube.com/watch?v=G-cVlw1LDgw
Уште ти ми остана...се чувствувам како сираче кое најде утеха во твојата прегратка. Гушни ме и не ме пуштај, уште само тебе те имам, толку сум сама, осамена....