Те сакам, ама не можеш да ме ебеш во здрав мозок Мораш да сватиш дека и ти треба кај тебе да смениш некои работи за нашево да функционира.. не можеш да очекуваш од мене да бирам искрена кога ти не си искрен.. не ме боли тоа што си сретнал другарки, се дешава,не сум до толку психопат тоа да ти го бранам.. само малку стави се на мое место ке видиш колку боли кога со мене се понашаш како према уличарка зошто не сум! и ти тоа многу добро го знаеш.. Да ке те молам, ке се борам за тебе, заради тоа што те сакам но немој да мислиш засекогаш ке биде така.. сакам да се чуствувам удобно со тебе, да ја осетам повторно како на почетокот таа сигурност.. сакам пак да ми кажеш дека ме сакаш (ако навистина го чуствуваш тоа се разбира ) сакам да искачаме, да играме, да пиеме, да се смееме, а тоа одамна го нема.. сакам сите глупави и детски игри да ги оставиме на страна.. се што правам за нас не е доволно, се што правам за тебе е малку.. јас ти давам леб а ти ми враќаш со камења Сакам да ме сакаш, бидејки јас веќе те сакам..
Знаеш кој наш момент го сакам? Кога зборуваме за нашата заедничка иднина, каква сакаме да ни биде. Oти те сакам многу бе
Знаеш дека посакувам да слушнам порака на Лав Сонгс на Антена5 од тебе за мене...ама не ми го даваш тоа задоволство! Џабе велиш дека си ги исполнувал сите мои желби, бла, бла, бла.... А, сега во моментов кога проклето многу посакувам...а и двајцата слушаме тебе не ти текнува со прст да помрднеш. Ти изгледа заборави како се приредуваат изненадувања. Или тоа беше само на почетокот кога ти требаа поени за да ме придобиеш! Добри две години не си ме изненадил со нешто!
Нормално дека фразата “Имаш пари?„ е омаложувачка.. Знаеш дека таа храна највеќе ја сакам, и тебе проблем ти направиле тие 150 денари. Студент си океј е, ама .. Сигурно ќе ги ти дадев тие 150 денари, ама бидејќи ме праша така “Имаш пари?„ не фала, не идам со тебе таму. Подобро со некоја другарка ќе одам, и дупло ќе платам.
http://www.youtube.com/watch?v=67aj_co5zeE доволно е само да ја чуеш песнава! таа кажува се мојата песна, како јас да сум ја пишувала за тебе
Најпријатно ме изненади минатите денови.Се грижеше за мене како никој друг што не се грижел,а не ни сакам,ме галеше по косата додека не заспијам,ме бакнуваше ,а јас се чувствував како да лебдам.Па и твојата изјава вчера направи да сум уште посигурна дека секогаш ќе си крај мене и дека се ќе ни биде идеално.Секој ден се заљубувам се повеќе и повеќе во тебе и знам дек ацел живот ќе е така.
Иако помина доста време од она што бевме и она што можевме да бидеме, се уште се тресам кога ќе ти го слушнам името. Истото она чувство како она нашето никогаш да не престанало. Чудно е тоа, некој да ти прави толку лоши работи а ти да се сеќаваш само на оние добрите. И знаеш дека не би требало да се сеќаваш, ама го правиш тоа, повторно, секој ден. И пак истото прашање секогаш, зошто мораше да биде вака? Нема ништо веќе, знаеш ли? Само некој твој пропуштен повик во четири и пол наутро, моето игнорирање на истиот, тапа болка, сеќавањата на нас и на она што бевме и што никогаш веќе нема да бидеме..
Ти си тотална спротивност од се она што некогаш сум го посакувала. Твоите принципи не се ни малку слични на оние со кои пораснав. Растени на различен начин, имаме различни навики, карактеристики... Живееме во два различни светови. Ако нештото кај мене е бело, кај тебе е црно... И обратно. Тогаш се прашувам како толку можеме и да се надополнуваме ?! Како проклето добро функционираме заедно веќе толку време ?! Најверојатно затоа што се разбираме со јазикот на љубовта. А кај него нема разлики. Универзален е. Најверојатно затоа што устите не ги користиме за да коментираме, ние со нив знаеме само да љубиме. Најверојатно затоа што нашите очи и срца не препознаваат вера, националност ! Очиве само тебе те гледаат, а срцево за тебе куца, додека во моите мисли постоиш само ТИ !!! И не, ова не е залетаност или пак заљубеност. Заљубеноста трае кратко, пролазна е. Го идеализира партнерот. Ова е љубов. Каква што не била до сега ! Таа трае. И ќе трае. Без разлика на се ! Засекогаш !!! И не, не те идеализирам. Свесна сум за секоја твоја маана, а ги имаш доста. Но, свесна сум и за секоја твоја доблест. И нив ги имаш во изобилство. Ти си совршено несовршен. А јас те сакам токму таков !
Ќе те киднапирам Таков каков што си прекрасен, насмеан, дотеран секогаш... Уфф! Едвај чекам да те видам!
Знам дека му ја претерав пишувајки во темава ама морав, едноставно морав да ти ја посветам оваа песна https://www.youtube.com/watch?v=AWWDm9x48ak It's a quarter after one, I'm all alone and I need you now. Said I wouldn't call but I've lost all control and I need you now. And I don't know how I can do without. I just need you now. Ниту еднаш не се сети на мене.. не си фер ама ако
Сакам да те видам , да те гушнам , да те бакнам и засекогаш да останам со тебе... Али коа си идиот, клошар , сељак , неписмен и тн тн тн само преку сестра ми ќе дознаваш работи за мене , а можевме мн работи заедно да направиме али како и да е еден ден ќе ме бараш