Сега сам размисли си што ќе правиш и како ќе ја подобриш ситуацијата.Јас едноставно,веќе не се замарам со ништо. Па можеби и е подобро да продолжиме секој по свој пат
Уште три дена и повторно ќе бидеш во моите прегратки,ќе шетаме со часови прегрнати и нема да ни е важно за студот и болката што ќе ја чувствуваме во нозете,ќе се бакнуваме до бескрај и уживаме во заедничките моменти и нашата љубов.Те Сакам знајш?Знам дека знајш е така да знајш
Се навикнав на твоето присуство во мојот живот, не можам да си го замислам денот без да те видам. И не, не е навика нашата љубов како што вели мнозинството, дека со тек на време станува, нашево е поинакво. Кога ме праша,што би правела без тебе,забележа дека настана целосна тишина. Не дека би ми било сеедно, доколку заминеш од мене и би го живеела истиов живот,туку,се мислев.. се задлабочив и поминував низ сите работи кои сум ги правела со тебе изминативе 4 месеци. Настани,разговори,постапки кои незабележливо ме сменија,кои на некој начин направија да созреам повеќе и да го сфатам значењето на сродна душа од која не би можела да се одделам. Има работи,кои ги правам со тебе, кои порано не ми паѓале на ум ,да направам или споделам,да соберам храброст и сила за нив, за потоа ако останам сама,да ми биде чудно да продолжам со ова темпо,затоа што едноставно знам дека некој ќе фали да ги прави и споделува сите нешта со мене,да ме подигне, поткрепи,поддржи.Ке ми фалиш да ме гушнеш,да ми кажеш дека ме сакаш и да ми го направиш денот поубав. Навистина неможам да си го замислам животот без тебе, и колку и да е ова што го пишувам патетично,знам дека ќе го цениш доколку прочиташ,како што цениш доста работи кај мене,иако тоа сега и не го согледуваш целосно. Ти благодарам за убавиот ден,за изминативе 4 месеци, благодарам за слатките расправии,инаетот и пречките, кои ме натераа да научам некои лекции и воедно да се видам себеси во твојот поглед. Те љубам.
Зошто мораше воопшто да се појавиш и некакви чувства да пробудиш во мене,мислејќи дека си поинаков од другите...А сепак ме тераш да плачам како и сите други.. Ми беше толку сеедно и баш добро се чувствував а сега пак добив удар од разочарување. Лошо ми е,ме врати назад ,во минатото.
Дај бре барем еднаш покажи ја твојата романтична страна...ако воопшто ја имаш. Еден убав збор не сум слушнала од тебе,еден добар гест не си направил,никогаш не си докажал на било каков начин дека ме сакаш и дека ти значам.Или пак можеби не е така. И најмала ситница да е ќе ме израдува.Само од тебе да е.
Доста ни беше со инаетот и на двајцата, ама ти си тој кој упорно не попушта.. јас мислам дека доста ни беа црвени линии и на двајцата.. сакам да те видам ...ужасно
Некои луѓе едноставно се такви.Пополека се навикнуваш дека тој е таков,ама желбата за тоа што си го напишала не поминува,ти се јавува одвреме-навреме.Ова ти кажувам од искуство.
знам дека не си и нема да бидес никогас она сто ми кажувас дека си но не си и толку лос во однос на дуги.. ама знаЧи дека и не си најдобар за тоа и сам знаес сто треба
Јас те сакам толку многу што вејќе се почесто се плашам да не те загубам....Денес цел ден ја слушам песнава и размислувам па ја слушни ја и ти...Новогодишните празници ќе ги запаметам благодатение на тебе...Ти благодарам што поминав преубави денови..знам дека си свесен за моите чуства, но и јас за твоите..Затоа еве песна која ќе ми ги опише чуства кога не си со мене http://www.youtube.com/watch?v=qboB5T_sGAA
Ти не си крив што си глуп. И глупи деца се раѓаат. Крив си што си мутав. Тоа е up-grade со кој си се здобил.
Те сакам бе па. Се топам кога ми зборуваш за Нас во множина со + замислените детуфци. Ајде доаѓај, треба да правиме сензуални тури низ собиве!