Знам дека исто колку и јас сакаш тоа да се случи тогаш кога се договоривме,но ме гуши нешто во градите очајно.Не сакам да градам среќа врз туѓата несреќа,не сакам ние да се радуваме,а некој да е тажен.Ние,тоа нашето може да почека,ти кажав и да е месец,два,три ,па и повеќе јас ќе чекам.Секоја вечер се молам да е се добро.Преѓе кога ми кажа дека состојбата на малото е критична и кога ја слушнав таа тага во твојот глас се воздржав пред тебе да не заплачам.Се трудам да сум силна и да те утешам но не оди ,едноставно тоа е посилно од мене.СО тебе сум секогаш и ќе бидам да знаеш
Не сакам да стравувам дека ќе ми ги украдеш најубавите години од животот и ќе ме оставиш. Толку те сакам што при оваа помисла губам здив и срцето ми се згрчува. Чувствувам болка и страв.. затоа што те сакам.. . Те сакам толку силно, толку многу.. . Не можеш ниту да си замислиш, а не би можела ни да ти објаснам колку е тоа многу! Кога те прегрнувам си помислувам: Тука си, мој си, со мене си, ме сакаш, те сакам, заедно сме.. Во тој миг посакувам времето да запре.. Те сакам судбино моја, биди со мене до последниот здив. Без тебе јас нема да сум тоа што сум. Без тебе овој свет нема да биде ист. Не ме оставај.. Љуби ме, биди покрај мене, биди мој.. Засекогаш! Јас не знам за живот без тебе..
Само пред другите се правам силна, а само јас си знам како ми е одвнатре Не знам што ке се деси со нас, а со самата помисла дека можно е да те изгубам срцево почнува посилно да ми чука.. Што и да се случи,престани да се однесуваш како идиот!! Ако ме сакаш сакај ме, ако не пушти ме.. време лечи се, немој да мислиш дека ке умрам без тебе.. Само не ми го губи времето ..
Твоје усне слаџе су од меда, моје срце гори док те гледа Твоје оци лепше су од неба, ти си оно што мени треба.
Уште една разлика кај нас. Ако ти ме добиеш, никогаш нема да ме напуштиш. Ако јас те добијам, никогаш нема да бидам сигурна дека нема да те напуштам.
Сакаш нешто повеќе меѓу нас а? Епа да ти расјаснам неколку работи поради кои јас не сакам. Како прво- знам дека не ме сакаш. Не,не го измислисв јас ова. Ти ми го кажа. Џабе цело време велеше дека ме сакаш,кога на крај испадна дека уствари цело време си мислел дека ме сакаш,но не било така. Сеуште си ја сакал бившата,а мене не. Второ- кога јас ќе почувствувам дека некој ме цени и сака,кога тој некој ќе ми каже, а истовремено и ќе ми докаже дека ме сака, кога нема нашата врска да ја крие од никој,е тогаш ќе се почувствувам спремна да направам нешто повеќе со таа личност. Искрено,јас од тебе никогаш не сум почувствувала дека ме сакаш,а ниту си докажал дека ме сакаш. Не ти барам да направиш којзнае што.И ситница е доволна. Само да се осетам сакана. Но ти, напротив,го правиш спротивното. И трето- И што ако јас те сакам. За да ти докажам дека те сакам треба да легнам со тебе? Така ли се искажува љубов? Треба да ја изгубам невиноста со некој кој не ме сака. Кога некогаш ќе се сеќавам на тоа,сакам да се сеќавам дека сум го направила тоа со личност која ме сакала. И да не бидеме во тој момент заедно,битно ми е да знам дека кога сум го направила тоа ме сакал,и ни било убаво. А вака,ќе се сеќавам дека било само поради мојата љубов кон тебе и стравот дека ќе те изгубам. Имај ги во предвид овие неколку работи кога друг пат ќе ми зборуваш за секс! (Ќе му го кажам ова еден ден,затоа и го напишав тука,ако ми притреба да се потсетам)
Знаеш колкаво непочитување е кога дискутираш за важни проблеми и другиот на слушалката ти заспива, нели? Епа имај предвид дека нареден пат ако ти се случи ќе биде и те како последен. Ме разочаруваш периодов толку многу, што не ми е јасно како ти не си свесен колку си променет. И после јас крива што често сум спомнувала крај на врската. Удри си ја главата што е причинител.
Срце таа твојата бивша ама органски не ти ја поднесувам... Јесте да немаме ставено во врска сега на фб и не знае малата дека имаш некој во живтотот а можда знае ако си правиш муабет али прибери си ја значи почиња да ме нервозира ... А и да не мора да се понашаш така и да глумиш лудило во текот на ноќта ако тебе не ти е денот ! Мислам и на друг можеби ќе му ја расипеш вечерта... и следен пат кога ќе сакаш нешто да ми кажеш ќе те молам да се доискажеш а не првин почињаш па после ништо ништо ... Браво што ме изнервира !
имам страв дека во тие моменти нема да бидес со мене оти таков си ти не секогас јас сум ти на 1 место!.
До ∞ и назад со тебе! Едвај чекам да ми ја видиш новата тетоважа и да си се мачкаме со крем и двајцата
Зошто правиш да е толку тешко? Едноставно е само да го земеш телефонот и да напишеш порака, точка ако сакаш стави, ќе ми значи дека си одвоил време за мене. Направи било каков гест, ситница, не барам поезија, ниту свеќи, ниту да ми готвиш и повторуваш дека ме сакаш. Ама повеќе не се трудиш. Не сакам само јас да сум таа која ќе те замара додека си на работа, само да те расположи. Не сакам да бидам таа која ќе треска глупости за да ти го направи денот поведар. За викенди ли да живеам? За тој ден или два кога сме заедно? А останатото, кога сме оддалечени, зарем не треба да си покажеме дека си значиме? Лут си зошто веќе не ја планирам иднината со тебе? Добро, кое женско сака маж кој само после година дена во врска се опушта, не се труди, бидејќи добро си знаеме колку си се сакаме? Хм, чекај да размислам - никое! Па уште и нервозен зашто сум размислувала за себе како да сум била сама. Па можеби бидејќи веќе ништо не те интересира, ме повредуваш, не се трудиш и интересираш. Малку е? Ќе продолжам ако треба. Ама очигледно со ваквите муабети ти доаѓа до спиење, па најдобро да прекинам. Си мислев дека премногу барам. А вниманието е толку потребно и неопходно, што не би рекла дека сум too demanding. Ќе оставам на твоја совест. Додека ти укажувам, значи се грижам да не отидеме во погрешна насока. Ама ќе премолчам, но денот кога ќе се оладам и се` ќе биде една навика и монотонија, ќе се прашуваш зошто се` отиде по ѓаволите. Толку.
Последна мисла пред да заспијам си ми ти. Заспивам со помислата на тебе. Наутро кога се будам прво помислувам на тебе, после за тоа дека ми е ладно и дека ми се спие. Седнам да учам - мислам на тебе. Седам на час-мислам на тебе. Седнам да јадам-помислувам на тебе. Седнувам на компјутер-прво отварам профил кај тебе уклучувам слика и ми стое во посебен таб отворена. У главном, ја цело време на тебе мислам. Главна тема на муабет со другарките си ми ти. Ади ја замарам само со тебе. Зашо не си идеш веќе од мојта глава? Зашо мислам на тебе кога не те сакам? Недавам, јас несакам во сонот да се скиреш! http://www.youtube.com/watch?v=yclx7Sb0l9I
Сакам да имам син како тебе. И завидувам на мајка ти, што има вакво прекрасно дете! Не си свесен ни самиот колку си убав кога се смешкаш, кога ме задеваш , кога ги отвараш очите да видиш дали те гледам, додека јас луто лежам на другата страна. Толку си одговорен, посветен, таква моја спротивност си што ме изненадува некогаш како тоа ме сакаш. Сите комплименти, изненадувања, насмевки, прошетки рака за рака сменија се. Остани таков каков што си! Spoiler Проклет пмс до него е верувај ми !
незнаев дека имаш проблеми со кожата т.е. мозолчиња добредојде во клубот знам мене од што ми се-од хомеопатската терапија, од тој вториот лек конкретно, и не можам да го спречам тоа ама барем користам лосион за да ги снема побрзо а тебе најверојатно од премногу никотин и алкохол
Да остане се` како што е. Непроменето. Најдобро е за нас, а и за човештвото! Да не се расипат и тие ронки од позитивности кои се реални, а при караници и гомнарии одат во неповрат. Да живееме Сонце!
Сонце мое И по толку време знаеш да ме стресеш со зборови, уште подобро што тоа преку ѕкуре го кажа, па можам да си го прочитам кога сакам Ситница е, не е нешто од суштинско значење, ама многу ми значеше Знаеш дека ситниците придонесуваат големите работи да функционираат беспрекорно и придонесуваат да се решат поголемите проблеми ако ги има. И запомни, најдобра утеха кога сум тажна или нервозна ми е само твојата прегратка Не мораш ништо да кажуваш, не мораш да ми ги бришеш солзите, зашто знам дека ич не се снаоѓаш со нив Само гушни ме силно, да не можам до воздух да дојдам. И верувај, 50% од проблемот, каков и да е, е веќе решен. И кога ти велам дека тие твоите рачиња и прстиња имаат некоја магична моќ, дека имаш некаква топлина и енергија во тебе која во моментот ме смирува и ми ја намалува болката, не те лажам и не те за**авам. Сум осетила и затоа ти го кажувам.