имам многу да ти кажам само не умеам, не ми излегуваат мислите низ уста, го гледаш и ти тоа. Ми треба подршка,доволно би било само да си тука и да бидам со тебе во тишина.
Жал ми е. Сепак се надевам дека ќе го смениш мислењето. Не сакам да те загубам. Поминаа 5 мин, и веќе ми е тешко.. иако пробувам да држам насмевка на лицето..
Среќна сум што те сретнав. Среќна сум што те запознав. Среќна сум што те сакам. Среќна сум што ме сакаш. Среќна сум што те имам. Не сакам да те изгубам!
Хитот мој и твој - "Ма немој да ме ј*беш бре", на Кили. И нашето смеење. (сабајлево) А сега, од моја страна пуштена некоја психолошка серија. На само 19 чекори, на твоја страна пуштен документарец за економската криза во САД. Гласовите од ваму и таму се спојуваат, слично како што се спојуваме јас и ти. Длабоко некои различни интереси, а сепак оние суштинските ни се слични. Ме плаши животецот, а ме смирува секое твое ноќно бдеење над мене.
Те сакам и најдобар си во секоја смисла на зборот. Постојано ме изненадуваш. Се плашам што не сум толку добра како тебе.
Уште само 7 саати, и пак ќе бидеме заедно. И тоа цели 10 дена, шетање и уживање... Ништо не ми е тешко за тебе... Уствари единствено кога доаѓам да те земам тебе, обожавам да станувам во 5 саат сабајле, ја обожавам музиката што нема врска на радио, го обожавам градот и ми е најубав на светот пошто знам дека за неколку минути ќе го делам со тебе. Те сакам поише од се на светов
Нашата врска е како оро-две напред три назад ! Се изнаиграв за цел живот.Ти благодарам што ме научи да играм
Срце мое знам дека денеска не е некој битен датум но сеуште не разбрав зошто ми го донесе букетот со рози како и да е многу ме израдува. Ги сакам овие твој мали изненадувања , а знаеш ТЕ САКАМ и тебе.
Ти благодарам што беше до мене кога ми беше најтешко. Не трепнуваше, немаше време за самиот себе, само да ми удоволиш мене, само за се’ да се среди! И успеав! Со твоја помош успеав! Чуден човек сум понекогаш, знам и да претерам со нешто, ама ти.... ти никогаш не се откажа од мене! Секогаш ми укажуваш на моите грешки, неправилни постапки, на толку смирен начин. Така ме смируваш и мене, се осеќам како некоја малечка срна покрај тебе, така, секогаш се буткам во тебе, наоѓајќи заштита, сигурност. Ма ти си мојот живот! Едвај чекам да ти ја остварам твојата најголема желба !