Чудно е кога секој има свој живот. И никој не знае што се случува освен самиот. За разлика од тебе јас би отишла на некое „џез“ место. Би танцувала со чашата во дланка. Би водела љубов со ништото околу мене. Онаа празнина во која опстојуваме.
Љубов моја единствена ке те чекам , овој пат како никогаш, само ти биди добро јас сум тука јас те сакам јас те чекам ....
Те сакам. Ти си човекот кој ме разбира,кој е секогаш тука за мене,оној кој знае да ме насмее како никој до сега. Единствен во мојот свет. Мој брат,другар,дечко. Ги имаш најтоплите раце кои пренежно ме гушкаат,усни кои меко бакнуваат,очи кои блескаат. Ах,ни сама си немам поим колку ме исполнуваш. Биди секогаш тука.
Не можам да поверувам за колку кратко време повторно ме освои и сета омраза која ја чувствував кон тебе ја претвори во љубов.Дај Боже вечно да сме заедно. ТЕ САКАМ НАЈМНОГУ
Јас те сакам. Вистински. Целосно. Најповеќе. А ти мене?! И ти со својот максимум, најверојатно. Знам дека некогаш премногу попуштам. Се променив. Преќутев. Ги задржав солзите. Го сопрев дишењето. Изглумив насмевка и те прегрнав. А ти?! И ти исто така. Тоа вредеше. Знаеш дека сме два света. Ти црно, јас бело. Ти камбек, јас њустар. Но, сакаме да живееме во еден таков свет. Тешко е. Неподносливо. Опасно. Бурно. Болно. Навредливо. Но, ние во името на љубовта одиме до крај! И барам само едно нешто. Ти да бидеш овде кога јас ќе се борам кога цел свет ќе се сврти против мене, против нас. И кога се ќе заврши. И кога надежта ќе испари. Доблеста ќе изумре. Среќата ќе пропадне. И кога небото и земјата ќе се спојат – јас ќе застанам против целиот свет! А ти?! ТИ од МОЈА страна!!! Spoiler Превземено е, само се пронајдов.
а бе јас колку и да сакам колку и да се тругадам да сме се најдобро, ако ти не се трудис нема да успее тоа!.. да си знаес
Кафето ти е сварено , доручекот направен,листата со твојте омилени песни е спремна,фали само уште ти да дојдеш.
http://www.youtube.com/watch?v=q8lvJ3RQh70 Како прво тоа. Какво второ, ти благодарам најмногу, најмногу, најмногу, НАЈМНОГУ за денес. И за тоа што ќе биде после. И утре. И не знам до кога. Ама... знаеш колку долго вака не сум се чувствувала? И најдобро од се што никој не може да ме оттргне од тебе. Барем тоа е сигурно. И, барем ова што го имаме ми е едно од најпосебните нешта. И не можам да си верувам дека те запознав. И не можам да верувам колку малку ми е потребно да засакам некого. И нека се крши се, се, се околу мене, ти не дозволуваш да ме стигне. Тоа е нешто најволшебно. Барем за сега. Барем ова.