Чудна е нашата љубов, чудна е и оваа хемија меѓу нас... Искрено, мене луѓето брзо ми здосадувале, кога ќе научам и дознаам се што ме интересирало сум ги откачувала, освен оние неколку кои ете по игра на судбината, се надевам, дека сум „ги присвоила“ засекогаш. Со тебе почнав на зебанција, те гледав како one night stand, од сите тогаш актуелни најмалку се надевав дека во тебе се крие овој жар, не ни помислував дека ти ќе бидеш тој кој ќе е мојата идеална половина, кој совршено добро ќе ги надополнува моите празнини, кој ќе продолжува таму каде јас ќе застанам, кој ќе ги кулира сите мои мани и испади, но ете, се случи... Овој период пред цели 3 години бевме на почетокот, бевме изгубени бруцоши кои на паузите од учење играа секси игри, бевме дечишта кои дневно праќаа и примаа по 50 пораки, кои саати поминува на телефон и кои збореа додека и двајцата не заспијат. Имавме многу што да се кажеме, убавината е што и сеуште имаме што да си кажеме иако од тогаш до сега поминаа повеќе од 1095 денови, 8760 саати и многу секунди. Сеуште ти се радувам кога ќе те видам, сеуште ми е топло на душата кога ќе те гушнам, по милионити пат се заљубувам во тебе, иако знам дека е еднонасочно, секогаш само се заљубувам, никогаш не сум зажалила што толку пати го направив тоа, никогаш не сум се посомневала во чувствата кои ги имам за тебе, ниту пак сум се посомневала дали и ти мене ме сакаш, исто онака и онолку колку јас тебе. Знам дека те сакам, вонсериски многу, можеби и за нијанса поише отколку ти мене, но знам дека ме сакаш ако не знам за поише знам дека ме сакаш барем најмногу на овој свет. И еве сега сме овде и сега, во овие 3 години се одлучивме цел живот да го поминеме еден крај друг, да си бидеме меѓусебна потпора и подршка кога ќе згусти, не сме веќе бруцоши, сега сме дипломци, заедно пораснавме, сеуште созреваме и се сакаме. И после 3 години мене сеуште ми е најубаво поминато времето со тебе, и после 3 години не чувствувам потреба за промени, убаво ми е вака, статично, сигурно и познато. Му се радувам на секој ден што ќе го поминеме заедно, зошто со тебе осеќам дека моето цело е потполно, дека ништо не фали, а цело е кога се има се', епа мацо, ти си моето се'. Ти се центар на мојата вселена, и окулу тебе се врти се. Можеби грешам што толку ти се возвишувам и те ставам на пиедестал, но мене така ми е убаво, а на светов нема ништо побитно од мојата т.е. нашата среќа и задоволство. Биди среќен, биди насмеан, понекогаш лут, биди плачко, мочко и идиот, биди напорен, смешен и трагичен, биди ТИ, зошто таков те сакам.
Викенд љубов моја !!! Има да те гњавам за сите пари Спојлер Како беше таа, ќе го стискам и галам и гмечам
Кажи ми како да не се изгубам во длабочините на твоите очи и како да се правам дека не чуствувам ништо...Кажи ми!
види види другарите те користеле за кога им требаш мотивација за твојот пост на ф.б. ех З бе умна главо очигледно дека не ти помага во некои работи тоа што имаш повеке кеш и све остало од нас обичните луге среката со пари НЕ СЕ КУПУВА а ни другарството не ти се ситам-иако можеби би требало пошто понекогаш претеруваш со своето однесување ко да си незнам што напротив жал ми е за тебе и ти си душичка исто ко и другите ама барем не се кревај до облаци кога сум ти во близина јас
Да си ми поблиску би те претепала, се однесуваш како мало дете, ама кенкаво дете што незнае што сака кога му се спие. Неможам да учам заради тебе, неможам да функционирам како што треба, а ти немаш време едно кафе со мене да пиеш, два реда муабет да направиш, знам зафатен си, обврски се обврски. Не мораш, само да не жалиш покасно, ќе ми е криво за тебе. Ќе помине грдава недела, после ни џпс нема да може да ме лоцира, а не па ти. Знаеш да бидеш такво ѓубре, ама не си свесен ни сам колкаво! Си тераш по свое, инатот пред се! Само напред, пази само да не ти дојде на глава инатот... некогаш, во иднината!
Немој такви заебанции, жити се' Не ми е до тоа. Ужасно си ми потребен, и знам дека сакаш да ме насмееш, ама немој со тоа Знаеш ти многу добро како да ме расположиш и да ме насмееш, оставам на твојата имагинација
Слободно повреди ме уште еднаш, бидејќи и онака веќе си ме повредил повеќе пати Незнам како успеваш за толку кратко време да го смениш односот спрема мене, навистина не те разбирам.
Не сакам моите чувства и тоа што го мислам да прават да се чувствуваш дека си виновен за нешто.Јас никогаш не сум те обвинила ниту пак ќе те обвинам.Секогаш си правел да ми биди најбескрајно најубаво на свет.Јас само кажав дека имав една желба и ми е криво што нема да се оствари тоа за што сонував цел живот.Извини со тоа што направив да се чувствуваш крив,знам дека ќе се потрудиш да направиш да ми е убаво како и секогаш и јас никогаш не се сомневам во тебе.Затоа и ја донесов мојата одлука,добро знаеш која е и ќе се придржувам кон неа од сега натаму.
Убаво е да се спие покрај тебе во снежна вечер. А уште помило ќе ми биде сабајле кога ќе те разбудам со доручек и кафе. Љубовта е убава.
Абе ти не си нормален на времево ми се јавуваш и ми викаш дека ќе идете со другарти да се тркате од Водно до Ѓорче и сега јас треба да умирам од грижа нели.
О боже колку си сладок додека те гледам како спиеш и ме гушкаш со едното раченце. Те сакам поише од се на светов
ти недостигав. и сега ти недостигам. сакаш да бидам до тебе. Не можеш ни да замислиш кога ќе се видиме колку силно ќе те гушнам. Ќе биде тоа казна за секој пат што сум посакала да се гушнеме.
Во оваа студена зимска ноќ единствено нешто што посакувам е да бидеш покрај мене. Да ми кажеш дека ме сакаш и да заспијам во твојата прегратка.