Нештото кое што толку сакав да ти го кажам, ти го кажав и толку се осетив исполнето кога те оставив да висиш... кога толку ладно те отфрлив. И сега свесна сум дека ми враќаш за тоа.. ама сети се кој ја започна оваа игра, па сега не се чуди ако се научив и јас да ја играм истата. Со ова само докажуваш дека не ти е сеедно, не ти е сеедно што полека ме губиш... тоа нема да го признаеш, нема да се обидуваш да се бориш зошто си премногу горделив. Знам дека нема повеќе да има ништо меѓу нас, ова е знак дека готово завршивме јас и ти... ама барем знам дека вистина осеќаш нешто спрема мене, тоа ме радува... и барем малце ме теши да не се осеќам мизерно бидејки јас на овој свет не сакам никого повеќе од тебе... И сега не знам дали овие солзи ми се од радост, од лутина или од тага... свеедно... ме боли, и тоа многу.. Јас бев таа која го скрши тоа меѓу нас, да не изреагирав така бурно можеби сега ке беше поинаку... и на крај и двата се повредивме обидувајки се да го залепиме.. и да го вратиме назад. Јас не се трудам повеќе, не можам... се трудев премногу и сам знаеш... сега тебе ти е на ред... ако ме сакаш вистински како што кажуваш тогаш стори нешто, затоа што овај инает.. ни оди против и на двата.. и двата знаеме дека има хемија меѓу нас а не признаваме и не се трудиме да бидиме нешто повеќе.. Едноставно после ова вечерва ти докажа две работи, или дека навистина ти е грижа за мене и сакаш да ме направиш љубоморна или дека стварно продолжи понатаму без мене...што и да е.. времето ќе покаже!
Девојко како да ми ги читаш мислите истото би му го кажала, она што е скршено не е исто дури и ако се залепи.
Би можела драги мој мажу да бидам совршена жена,само ако не ме прашуваш за минатото.Не прашувај кого сакав со искрата на првата љубов,чие име остана залепено на срцето мое,чиј телефонски број ми е лозинка насекаде,за кого се неменети зборовите испишани на страниците на дневникот турнат длабоко во плакарот.Зашто таму е испишана мојата судбина,мојот живот...не прашувај чие е ланчето со срценце со една половина,сликата веќе избледена загубена во страниците на дневникот...или малото шишенце од парфем.Не прашувај кој се крие позади мојата воздишка,кога го слушам Балашевиќ и погледот ми одлута низ прозорецот...а сега животов мој ти е посветен на тебе, на моите деца,само никогаш,те молам никогаш немој да ме прашуваш за него...
Денес немам ништо да ти кажам. Чудно, јас, девојката која секогаш има да ти каже нешто, денес немам ништо за кажување.
Секогаш утрата после вечерите поминати со тебе ми се спокојни, затоа што спокојно заспивам. Мило ми е што ти си дел од оваа навидум совршена слагалица наречена живот, делче кое точно знам каде да го поставам ... Многу созреавме.
Да си ибеш векот, враќај се, без тебе сум ко пола чашка ракија, ладен помфрит, недојадена шопска, изгорен чаршаф од цигаре. Празно!
12:30 а ти сеуште спиеш,дали е можно ова? Браво напредуваме со спиењево. Како и да е,наспиј ми се убаво мило мое јас сум тука и чекам твој повик знаеш. Те сакам!
Сакам да разговарам со тебе! Имам толку многу работи кои сакам да ти ги кажам, но не знам како... Дали е возможно некого толку да љубиш, а да не чувствуваш потреба за интима со него. Барем, кога не сте заедно...бидејќи кога сте заедно, кога ќе легнете во кревет сакаш, несакаш доаѓа самото по себе... Која е таа потреба која не ја чувствувам. Како да сум празна, ништо нема во мене. Се борам да го најдам изворот на сето ова, но наидувам само на прашања кои тешко ми е самата да ги одговорам. Што ли се случува со мене? Некој феномен сум, изгледа? Неможам да си објаснам... Дали домашниве проблеми кои ги имам веќе подолго време не дозволуваат да покаже моето либидо позитивен раст...или на друго место лежи мачорот... Сакам да копнеам по тебе, едвај да чекам да се милуваме, на вистински начин љубов да водиме. А ова сега на ништо не личи, како мали дечиња фатени за рачиња се шетаме. Ти инсистираш, имаш желба, имаш страст. А јас, јас како некој да ми ги извадил чувствата кога се работи за тоа. Ладна, камен. Умот ми лета некаде далеку. Неможам да се опуштам... А толку топла и силна љубов имаме...а немаме начин како да ја размениме. Ова сакам да ти го кажам, но немам храброст, незнам ниту како ќе го прифатиш, можеби ќе се обвиниш себе си....а тоа најмалку го сакам. И еве, ова нека биде јавен оглас за помош На некоја да не и се случило слично нешто, да не мислам дека сум некој изрод....
ако ти дозволев да си заминеш засекогаш од мојот живот и да глумев дека не те познавам ке се каев и тоа многу-сега свакам колку тоа што го имавме беше навистина силно бевме еден душа едно тело се додека ТИ не реши да го срушиш тоа со тоа што прозборе за твоето минато а тоа ме сруши тотал-ок што било поминало ама барем ке пробам пријателски да се однесувам со тебе Б2 и се надевам дека ке успее добро бе губре едно, гнасо една невидена како не ти е срам да постираш се и сешто на профилот на ф.б. се срамам што си ми пријател на ф.б-ОДВРАТЕН СИ и штета што сме во ист месен комитет заедно-немој да се мачиш со љубовта, застани пред МТВ и бирај проститутки штом си толку незаситен во тоа поле-боже каков кретен си човече подобро ке беше НИКОГАШ да не те запознаев и од сега јас ке бидам таа што ке се прави дека не те познава се КААМ што пиев Дијазепами за да се смирам, што ти пишав што би правеле ние членовите без потпретседател ко тебе, ок човек сум и +женско :wasntme -најдобра варијанта ке ти беше стварно да се фрлиш во Вардар фала ти што самиот ТИ си покажа што всушност си
„Вреди ли да патам?“ Често си го поставувам ова прашање .... Зошто не знаев навреме се да прекинам? Можеби тогаш се ќе болеше помалку отколку сега ...