A можело и вака хихихи па што било убаво да гледаш како некој ти се умилкува, па те опсипува со убави зборови, комплименти фрчат лелеле ме потсети на деновите кога ме шмекаше хахахах да не речам освајаше. Колку ми одговара ова, знам дека тебе не, не ти е возвратено, ама тоа еее кој како си ја наредил. Си легнуваш на брашното, полека но сигурно. Па сега барем ти е оправдан муабетот дека со мене неможеш на крај да искочиш и дека сум требала адвокат да бидам Среќна, не дека ти штетам, напротив многу повеќе ќе ме сакаш. А бе немај си кавга со жена, не за џабе рекле
Оставивме уште еден викенд зад нас,уште една разделба од многуте минати.Како и секогаш срцето ни се кинеше и на двајцата што се разделуваме.Да знаеш дека те разбирам совршено и причината што се одложи нашиот ден.Не е по вина на никого,кога видов солзи во твоите очи како да се скрши дел од мене.Не ме разочара ти мене,никогаш не си ме разочарал секогаш си правел да ми е најбескрајно најубаво и секој ден правиш, едноставно судбината така сакала.Не е многу уште еден месец,ние што не поминавме па ќе го поминеме и ова мил мој верувам во тебе,верувам во нас.Некогаш си мислам зошто секогаш ние поради некој друг мора да сме последни,зошто се мора да трпиме,но ќе дојдат и нашите 5 минути.Зарем толку сме згрешиле,што имаме толку направено не знам и никогаш нема да ми биде јасно ама некогаш се чувствувам како се да е против нас како што ти кажав вчера.Не сакам никој да ја користи твојата добрина и трпеливост,не сакам да си толку наивен поради себе мораш да се смениш душо моја.Ајде сонце мое ние можеме,ние се заедно со разбирање и договор се ќе направиме како и секогаш и вечно ќе ни биде така знам.
Те сакамм бе лепотану мојјј, најмногу, со душа те чекам. Ќе ја видиш Ади во какво издание ќе те пречека :evil: :evil:
Еве сега сфатив зошто јас неможам да спијам по цела ноќ. Сега ќе ти кажам. 1. Кога не си тука, кога си на пат те мислам цело време, до каде си, дали си добар и неможам да спијам. 2. Кога си тука сум пресреќна, презаљубена, возбудена и ете пак неможам да спијам. Епа ти си крив бе срце, ТИ СИ КРИВ !!! Ама додека ти си причината за мојава несоница добро е, супер е, мада што повеќе ја сакам несоницата под број 2. Те сакам
Прости за мојата немарност, моите тешки моменти не се оправдание за `несмислените` работи кои ги правам или сум ги.... Твојата вредност е поголема и од најголемата моја замисла! Ме правиш да се нервирам кога не се обидуваш да ме сватиш. Но ти си моето с`е ти си мојот живот и смислата на постоењето. Јас му сум благодарна на Бога што ми даде да те чувам , воедно и ти мене.
нема да ти дозволам да ме видиш колку ми е тешко и колку се мачам и се обидувам да ја пренасочам енергијата за да се сменат нештата па се надевам дека со тек на време ке успеам НЕМА да ти го овозможам тоа задоволство проклетнику ЦРКНИ
Сакав да ти кажам дека, јас знаев дека ќе имаме крај само незнаев кога. Многу ми е жал што те оставив. Многу добар човек си. Искрен. Верен. Но мојата љубов престана. Полошо е да те мавтам и да те лажам. Искрена сум и прифати го тоа. А навистина сакав да бидеш оној кој ќе ми ја држи раката. Оној кој ќе ме сака. Ќе го сакам. Ќе минеме лошо и добро. Ќе се веселиме заедно. Едноставно животот се случува. А во животот се случуваат други работи. Мене постојано ми се случува нешто и во главата. Знаеш дека незнам да сакам. Сакам па не сакам. Те сакам па не те сакам. Само се надевам дека нема да се покајам. И се надевам дека нема да те побарам никогаш повеќе. Бидејќи не те заслужувам. Некои ја бараат љубовта, јас бегам од неа. Јас нема да бидам таа што ќе трча по тебе на снег, на порој, на дожд. Продолжи те молам. Не враќај се по мене. Те молам. Ти можеш повеќе. http://www.youtube.com/watch?v=vZYbEL06lEU
Мислеше дека не бев сериозна? Имаше уште една шанса,а тебе тогаш ти беше до зезање. Епа сега што сакаш од мене?
Не сум сигурна кој е пречка во нашиот однос. А навистина се трудам,се трудев,подготвена сум да се трудам но сепак не сакам да ти го покажам тоа бидејќи кај тебе никогаш не се знае,можеби уште повеќе ќе ме засакаш,или ќе разбереш колку лудо и безнадежно сум заљубена во тебе па ќе почнеш да манипулираш со моите чувства. Ти си толку непредвидлив,а јас сум толку збунета и смачено ми е од се‘ што останав и без зборови. Во еден момент ме сакаш,сакаш да бидеш со мене,се однесуваш како да сме заедно,а за минута си повторно ладен,недоверлив и се однесуваш како да не ти е гајле за ништо. Можеби ти треба време,можеби ти треба повеќе внимание,можеби и ти пречам. Треба прво да ми кажеш за да го променам тоа. А вака навистина не можам. Прашање на време е кога ќе ми се смачи од се. Ако веќе и не ми е смачено.
Извини за мојата пасивност денес. Извини за изговорите што ти ги наоѓав, ама се надевам успеав да ти доловам колкава МРЗА ме има фатено. Тоа е, секој месец иста приказна, ти објаснав, ќе се навикниш А за вишокот килограми не му ја секирај, има да те стопам
Ти си највредното нешто што сум го добила во животот. Може не можам да се пофалам дека имам нешто многу во другите сегменти, но кога се работело за сродна душа, животен сопатник, љубовта на животот-е тогаш богами не се штедело воопшто, многу дарежлива била судбината со мене штом те донела кај мене Може затоа и потешко стигнувам до некои други работи, зашто ти си мојата најголема среќа, најскапоценото нешто што може да се има. И доволно е. Штом те имам тебе секој друг недостаток може да се надомести на еден или на друг начин Ти благодарам сонце мое што си со мене во овој претежок период (иако знам дека најтешкиот допрва доаѓа ) Знам дека и тогаш ќе бидеш до мене, ќе ме држиш цврсто за рака, ќе ме гушкаш силно, ќе ме искараш кога ќе треба, и нема да дозволиш да потонам. Знам дека си моја најголема поддршка за се'. Само остани така и тука, се' друго ќе се среди
Едвај чекам да дојдеш кафе да пиеме само еден ден не сме се виделе а веке ми фалиш. Love you baby. <3