Колку убаво ми заврши денот, благодарение на тебе.. Браво, единствен си, толку лесно урна се што имавме ..
Знаеш... Ми значиш, ова нашето се претвора во нешто онака нереално. Ти си волшебен. И извини за јавувањето, не гледам зошто не го сфаќаш тоа. Се плашам навистина, не сакам да те изгубам. Не те давам, сфаќаш. Знаам дека ти значам, дека би направил се за мене. Но... Ај доста тупам. Во пмс сум, дури и мајка ми не ме поднесува ваква, не ми е јасно како ти тоа го издржуваш толку добро
сега свакам З дека ти си имаш проблем да не си геј случајно по она што го постираше прееска дедо си ги покрива очите кога гледа убава девојка со малку облека и си вели-издржи, издржи така го протолкував кој би рекол-од поранешен Казанова-како што се зборуваше во партија до вакви постови tmi:
И сега кога сè е минато, сега боли секој спомен, секоја минута помината со тебе. Нема ден да не помислам на тебе, нема место покрај кое би поминала, а не би помислила колку бев среќена со тебе, а дозволив толку лесно да заминеш од мојот живот и да продолжиш без мене. Ти биди среќен, а јас ќе живеам со нашите спомени и среќена сум кога треба да заспијам... таму си ти со мене...
Епа за шо ми ѕвониш сега. Немој ти мене да ми кажуваш седев во дневна, па шо ако. Можеше да ми се јавиш и немој многу да ми објаснуваш и да ми се правдаш. И не ми ѕвони веќе и не ми кажуј ќе се чуеме после оти нема да се чуеме вечерва. Немој мене да ми продаваш финти оти таквите како тебе ги мачкам на леб Ќе ти кажам утре ја тебе
Срце мое конечно денеска неколку саати ги имавме само за нас двајца мило ми е што ти денес положи но знаеш од утре ја спочнувам со учење наезнам дали ке имам доволно време за нас двајца но верувај после тоа ќе надокнадиме а може и деновиве ќе се видиме на 15-20 мин. Кога мора да се учи мора но две недели ќе издржиме некако. Знаеш дека те сакам мислам да не се повторувам барем 100 пати на ден ти го кажувам ова.
јас со тебе секогас сто и да одлуЧис јас сум тука нема да те оставам сам... те сакам највеке од се и кога оставив повекето ке оставм и тоа сто е малце... само јас и ти да сме срекни
Секогаш бегаш од проблемите. И после сакаш за мене да бидеш маж. Абе не можеш да бидеш маж - уште си дете. Се гледа.
Среќа твоја па не си денеска пред мене... среќа твоја. Ни се тераш, ни се водиш. Ем си шут, ем бодеш. Ем искаш ем ти стиска. Сите поговорки како од твој вид на човек да се инспирирани. МАРШ марш марш. ААААААААМА па, и моето трпение и се мое има граници. Ќе ти мафтам некој ден од некаде, ќе ти мафтам, верувај, ти се лизгам се побрзо и побрзо од раци. Ова вака не оди. Или ќе биде како што треба, или ич нема да биде. Ништо не направи, што си направил. Доволно е што не правиш ништо, тек па ако почнеш со правење кај ќе ми биде главата. Уф!
Сакам да си до мене вечерва... Овие неколку дена ми треба прегратка. Не дека не ја добивам, само што станав ненаситна од тебе. Никако не можам да ти се наситам тебе, на твоите очи, на твојата прегратка, насмевка.... Ах... Човече! Може ли да се договориме вака: Јас тебе да те киднапирам и да те носам Маврово со мене на 3 дена. Доволно ќе биде, може ќе ти се наситам бар малку. А!? може!?