не свакам во што сум се загледала во тебе кога не си ни толку убав З сум сретнала и запознала 100 пати поубави и позгодни од тебе кога чуствуваш нешто мисли не разумот типично размислување на еден Рак
Кога ќе те прашам: Се ќе биде во ред нели? И ќе ми одговориш -Се. Како инстантно се да е подобро, ми се смируваат бубачките. Поспокојна сум откако те имам. И сакам кога се бориме, кога пробуваш да станеш, а јас ти се закачувам на вратот. Кога зборуваш во сон, кога пееш во сон, кога од нигде никаде ќе почнеш да се смееш во сон. Кога ќе ти ги истргнам ракавите за да не ти е ладно на рацете додека ме гушкаш. Кога ќе ме изнервираш и ќе ти свртам грб, а ти ме имитираш. И не ми здосадува да си последното добра ноќ и првото добро утро и тоа што си ги читаме репликите пред да бидат изговорени. И може е помалку себично што те сакам, затоа што сме исти. Знаеш, никој претходно за мене не готвел. Никој не ме носел на планина, а таму веќе наместена маса пред каминот, вечера и омиленото вино. Никој не останал буден цела ноќ бдеејќи над мене додека сум настината. Со никој јадењето пица во пижами не било толку забавно. Никој не го споделувал истиот ритам. Никој не бил ти.
Oткако те имам тебе во мојот живот јас знам што е љубов. И ти благодарам за тоа. Ти благодарам што секогаш си тука за мене, ме насмеваш кога сум тажна и се радуваш на моите успеси. Ти благодарам што никогаш не се откажа од мене, дури ни за миг. Благодарам што сега си тука покрај мене и ми велиш дека се' ќе биде добро дека ќе ги пребродиме падовите кои ни се случуваат. Да не беше ти, досега ќе бев изгубена. Не знам што ќе правев. Ти благодарам што ме сакаш на свој начин, и затоа што не мора да ги слушнам секојдневно тие два збора за да знам дека ме сакаш. Ти својата љубов ми ја покажуваш со своите дела. Те сакам најмил мој, јас без тебе не сум јас.
Идиот ниеден те мразам, секогаш истото ми го правиш, сто пати истото, ај у кур веќе!! (и сега заминувам и шепкам, идиот еден...идиот!)
Ми недостига слободата што ја чувствувам кога сум со тебе, душата што ми бега од телото секој пат кога сум без тебе. Понекогаш ми е потребно само едно искрено гушкање да го почувствувам волшепството..Фрли ја чашата високо - ќе падне. Фрли камен во водата - ке потоне. Ако ме отфрлиш од себе - ќе умрам без тебе....
Не е се така едноставно како што изгледа,знаеш.... Толку години се знаеме,никогаш те немам погледнато поинаку освен како што ми доликува.Исто и од твоја страна. Никаков поглед,збор,гест ....кој би не поттикнувал на патување на кое ,еве ,гледам двајцата сме спремни да тргнеме. Не се препознавам самата себе...ниту пак тебе .....што се случува? Од каде таа потреба да те слушнам,да те видам,да те гушнам?Те сретнувам случајно и толку....срцето ќе излета од градите. Не,несакам ....несакам да бидам насамо со тебе,несакам да мислам на тебе,несакам твоето име да е на моите усни. Свесна сум дека неможе и несмее да се оди понатаму. О Боже колку боли...те молам,не ме ставај во искушение.
Не ми е јасно каде сме. Дали сме наполно оддалечени? Дали се сакаме? Дали ни се случија премногу работи што не направија зајадливи еден кон друг? Не сум сигурна кои се моите чувства према тебе,ниту што ти чуствуваш. Знам само дека сум приврзана за тебе,ама приврзаноста не секогаш е љубов.
Како можеше толку да не читаш и да видиш дека ќе ме упропастиш ако ми дадеш протеин со шеќер???????? Ти е*ам загриженоста за мене !!!
Се чувствувам како оние жени кои остануваат со мажот само заради доброто на детето. Како да останувам во врска со тебе заради нечие друго добро. Не мое, не твое, на некој друг.
Таа сакаше да го заборави но нејзиното срце не го дозволуваше тоа. Тешко беше да заборави некој кој и дал многу моменти за паметење...
Абе ти разбираш човек кога ти вика дека има за учење ама не ти си наумил да ме видиш вечер и браво ти успеа да ме разубедиш книгата да ја оставам или за дцна вечерва или за утре сабајле. Ах ќе ме умреш ти мене од љубов.
Ах бре човече многу ме израдува да знаеш. А па тоа дека си плачел радост хм а плачеш а, сепак плачеш и не се сеќирај нема да кажам на никој
Денеска имав преубав ден, опкружена со луѓето што ги сакам и што ме сакаат. Ееј а знаеш што е љубов? Љубов е кога ке го слушнам твоето име, и одма ми доаѓа насмевка на лицето!
Еден дел од нашето време ни го крадат, добар дел ни го измамуваат, а делот што останува неприметно се губи.