Глуп еден немој да направам да бидеш љубоморен со разлог да видиш како е, ѓубре. Ке ми љубомориш тука за се брееј па само ти ли имаш девојка.Немам зборови, а немам ни живци повеќе за тебе.
You'll never know if you never try To forget your past and simply be mine.. https://www.youtube.com/watch?v=wA4ppvp2IzY
Оди ти и со лес. А јас ќе го чувам градов наш од бои и мирис на цимет. http://www.youtube.com/watch?v=YR5ApYxkU-U Поздрав, затупен
Преку глава ми е од твојата љубомора, неможе веќе вака. И престани веќе за се мене да ме правиш крива!!
Кога само би знаел и кога само би се сеќавал колку те сакав.. Кога само.. И не можам да живеам поради тоа. Поради тоа што не се сеќаваш, и поради тоа што не знаеш кој те сакаше повеќе од себе самата..
Оооо колку очајно ми се јаде едно полнето пилешко од Вили или хамбургер од жу-жу, морам тебе да ти се обратам, ју фил ми бро.
Благодарам за милката ова изгледа да ме потикнеш вечер полесно да учам со милка ама сепак љубави ќе оставам за утре а вечер ќе си правам муабет со тебе на ФБ или ако сакаш може и на моб сеедно ми е.
Значи уживаам кога по цел ден сме заедно , без некој некаде да се брза. Онака опуштени ... за мерак Сакам пак Spoiler I You
Можеби ќе ми е интересно периодов што следува. Чувстувам особена потреба да бидам бич,иако за тоа се сомневав пред некое време. Незнам ни дали ќе ми се допаѓа кафето што ќе го правиш. Само за тоа ми требаат болс(за да не бидам вулгарна) Ама се надевам ќе ми пораснат до наредно видување
Знаеш за што ми е највише криво!? - За тоа што кога се разделивме, не те гушнав онака како што заслужуваше да бидеш гушнат. За тоа што бакнежот што ти го дадов беше прекраток. А кога ќе се сетам на твојата тажна насмевка, мавтајќи ми со рачето.. изговарајќи го одвратното чао.. Човеку Срце ми се ќине.
Душа моја најкомплицирана на цел свет, ич не те разбирам! Постојано зборам со самата себеси и си викам Те молам немој да зафркнеш овој пат, ова е тоа што ти треба, ова е тоа што го сакаш.. И знам потајно дека те губам, само се трудам колку што можам повише да го одложувам тоа. Се трудам да биде подолго за да не е болката толку голема.. Можеби така требало да биде, можеби не сме еден за друг.. МОЖЕБИ! никогаш не би го знаеле тоа сега но уживам во разговорите со тебе, уживам кога велиш дека се разбираме сакам кога лежам во твоите прегратки, сакам кога потајно те гледам а ти спиеш те сакам зошто знаеш како да бидеш маж.. ти ми требаш, и тебе те сакам И жал ми е што те губам, не сакав... Се што правев беше од причина што те сакав, се што правев правев за тебе.. и бев способна уште многу да направам, но не ми дозволи.. Не си дадовме време..