Сега ти трчаш по мене. А знаеш ли дека тоа ме нервира?? Ај ќе почекам до недела, ќе видам што си расчистил. После може јас ќе расчистам со тебе... И ме нервира тој фб на мобилен
6 месеци веќе поминаа, срамота е што уште неможам да се убедам себеси дека ми е подобро без тебе. Дека јас ништо не изгубив.. дека вака требало да биде.
Ќе те скршам. Купуваме нутела кога сум на диета. Остај тоа дури и јас ти ги мачкам кришките со кремчево. Оф. И си купивме харибо ама џабе ми е. Јас со цитроните ќе се дружам. Ај донт лајк то би + 63.
Спојлер Се распаѓа(ме). Си велев моменти се, не може да е совршено, но чувствувам дека не треба да е вака. Наместо да се обидеме да се разбереме, јас се обидувам да смирам тензија со "Во ред", а од твоја страна следат само напади и прекорувања за глупи работи. За работи кои е полесно и пологично да ги направиш ти, отколку да ги чекаш од мене. Како тоа јас треба да ти се јавувам додека си на работа? Паметиш колку пати си ми повторил дека не смееш да се заебаваш, да излегуваш кога сакаш или да звониш? А наредниот ден ќе се пофалиш дека си седел и си играл игри. А јас ќе премолчам дека токму тоа е слободното време кое никогаш го немаш за мене. И после со кој образ ќе се лутиш што јас не сум те барала? Па дали јас или ти можеш полесно да процениш кога можеш да зборуваш?! Ако си можел, ќе си зборел, а ако не си можел, ќе си ми кажел. Па добро де мајко му стара, тогаш биди паметен и ти сврти. Има логика. Не сум те побарала да се видиме денес. Можеби бидејќи си ми потенцирал дека не излегуваш од работа за да јадеш. И сега магично требало да проценам дека денес си можел. Не беше ваков. Не создаваше караници, напротив. Не ја префрлаше вината, туку прво ќе помислеше дали има можност ти да грешиш. Знаеш зошто веќе не пишувам за нас? Немам што. Го барам она во тебе што ме држеше заљубена. Оној идеален наш ден... јас го создадов. Јас му се радував на снегот, јас пеев глупи песни, јас предложив да гледаме филм заедно и да останеш подолго. Да, јас се трудам. Не од што те сакам. Од што се плашам да згрешам. Зашто гледам дека ова не оди и си велам јас придонесов, поради мене се однесува вака. Се обвинувам што те упропастив тебе и нас и се залажувам дека уште ги имаш оние големи карактеристики кои не даваат да мрднам од тебе. Вистината е, ако се разделиме, јас нема да те памтам како нервозен, безобзирен, кој ја истура нервозата без да размисли, неромантичен, нечувствителен и слабак. Ќе мислам на приказната што ми ја кажа како сме се запознале, како си ја ставил раката околу мојата половина и ќе се воодушевувам за сите детали кои си успеал да ги запомниш. А тоа ќе ме натера да се каам, многу. Ќе те паметам само по добро, зашто не знам на друг начин. А вистината ќе е друга. И таа лага дека си бил најдобриот што сум го имала, без сеќавање на последниве месеци, ќе направи да ми биде бедно и да патам по тебе. А тоа не го сакам, ниту го заслужуваш. Од двете зла, избери го помалото. Се прашувам кое е. Да останам и да ми биде мизерно или да се тргнам и да ми биде мизерно?
Те мразам. Те мразам. Те мразам. ... Те сакам. Ама овие твои видео игри преку глава ми се. Жими се. Ќе ти ги искинам каблите. Па возрасен демек си, што е ова? Детенце мое мало. Да. Не. Што да ти кажам. Ме фаќаат хиперактивности на самата помисла на нас.
Времето без тебе никако не поминува....Обично ова време веке бев спремна да излезам и да се видеме , кога дојдам кај тебе неколку саати како 1 мин ми поминат зошто и сега така не поминува времето кога те чекам ? Уште цел месец и повеке нема да те видам , а само неколку денови не сме заедно и си мислам дека цел живот помина одвај чекам да си дојдеш ги бројам деновите, минутите и секундите ми недостигаш премногу
а не можат да пукнат тие??!!!! а?! нека пукнат бре,ама ние нема да дозволиме ние да бидеме унистени нека им е јасноооооо!!!!!!!!!!! ТЕ САКААААА
Само еден поглед ....очи во очи... Една голема,силна ,топла гушка,да се стопам на градите твои.Твојот здив на мојот врат,коса.. Толку ми треба... и целиот свет е мој.
што би ти кажала,ништо, молчам како и секогаш,ништо не кажувам,молчам,,немам ништо паметно да кажам.Cамо знам дека денот ми почнува и завршува со тебе,наутро прво помислувам на тебе и се велам па не го сакам,потоа цел ден се прашувам дали си со друга а навечер си го поставувам најтешкото прашање дали ти беше оној вистинскиот,што помина покрај мене а јас не му дадов шанса,премногу прашања а премалку одговори.
Од ден на ден сфаќам дека ми значиш се повеќе. Ми се чини дека во последниве 2 месеци израснав многу. Не би те сменила за ништо на светов. Кога ќе помислам на тебе душата ми се исполнува, многу сакам времето да го поминувам со тебе, сакам животот да го поминам со тебе. Знам дека не постои некој како тебе што ќе ме сака толку колку што ме сакаш ти. Ми недостигаш секој момент кога не си до мене мило
Фала ти за овие два дена. За подршката, за непроспиената ноќ, за вечерата, утринското кафе за среќа. Се чуствувам безбедно, ко никогаш до сега. Знаеш, треперам кога ме допираш. Ти си толку сличен на мене, а толку различен. Ме надополнуваш. Ти си делот кој ми фалел толку време. Колку ли само сум била слепа. Не е важно сега тоа. Важно е тоа што си со мене сега, заедно се ќе биде поинаку
баш си ми од помош... да наместо да ме утешиш ме прашуваш сигурно тоа е? јас се нервирам и плачам за проблемите на работа а ти мајмун? сигурно за тоа е? е не бе за комшиите плачам и се нервирам.
што мислиш ти дека јас сум глува или што намерно носам слушалки на мене и слушам музика што ми дава сила да издржам ама слушам се и те чув како му се исповедаш на другар ти зошто си и раскинал на девојката-а сега ко демек имаш нова ко да мене ми е гајле, што се замислуваш ти дека си Казанова? и ако примети вчера, јас бев таа која те стави на игнор, а приметив дека ме гледаше и дури главата ти ја свртев пред да си заминам со другарка ми пред твоите колеги, па после ке им кажуваш дека сум убава убавината на девојката е од внатреа надворешната е минлива бе муфљуз еден мераклаисан само не свакам зошто ме чекаше надвор ко некој стражар на тоа ладно време единствено нешто што ми текнуваше тој момент да направам и се чуствував толку срекна што мислев дека ке летнам-кажав дека НЕМА ДА ТИ ДОЗВОЛАМ да ме видиш колку ми е тешко и тоа и го правам не е важно што се анализирав после и кога се вратив дома ги повикав на помош и не спиев до 2 часот размислувајки некои работи. Знаев дека вчера ке те сретнам, сите бевме повикани и моравме да дојдеме, ама стварно не сакам веке да те гледам даркериште едно со его до облаци-ти во црна јакна јас во бела и нема веке да носам црно толку често-тоа го правев заради вујна ми што почина скоро