Мислеше дека ќе дремам таму два саата и ќе те чекам да се изнапиеш, па да одиме некаде не, не ете сега седи си таму и пиј си слободно. Но после немој да збориш, крива си, ти замина прва.
Не знам дали намерно го правиш тоа кога ми наоѓаш мани (колку сум била тивка,и како косата не ми била убава),само колку да се чувствуваш ти подобро во моја близина.А длабоко во себе посакуваш да ме имаш ЦЕЛОСНО знам. Или можеби само реалноста ја кажуваш? Тука се гледа многу добро мојата несигурност. :geek: Никако не можам да сфатам и зошто не ме викниш насамо да излезиме. Едноставно се плашиш да не избрзаш или досадно би ти било или што е поентата не сфаќам. Сакам веќе еднаш да ме залапаш и да престаниш да зборуваш колку сум тивка,и како сум поубава. Тоа те прави само да изгледаш помалку добар од тоа очекуваното. Всушност и не ти е во полза. Можеби пак правам грешка со некој не сериозен како тебе ,баш како што беше и онај мојот претходниот.Но,што да правам ...Имам огромна желба така страсно да се фрлам во твоите прегратки ,да ги почуствувам моите усни на твоите,хемијата измеѓу нас која и тоа како е огромна. Не дека си совршен,но нешто има измеѓу нас.Некои искри....Или можеби само потребата за внимание си го прави своето ...Наскоро ќе се дознае..
Можеби сум комплицирано будалесто девојче кое грешело во минатото и незнаело што сака,но денес сум свесна дека ти си оној кој навистина го заслужува моето срце без никаква конкуренција. Ти благодарам за секој изминат ден,за секоја минута,час,секунда во која ми носиш радости. Покрај тебе не знам што е страдање и солзи.Покрај тебе знам што е среќа и љубов. Кога сме заедно посакувам да замрзне времето ,да бидам вечно во твојата прегратка. Незнам што би правела да не постоеше ти. Те сакам. Запомни!
Ти унапред ни го гледаш крајот. Ако е така, зошо да сме заедно? Само за неколку месеци да ни биде убаво? После ќе е потешко. Зошо да се мачиме.... Чекај бе,ти не се мачиш. Ме мачиш мене. Тебе ти е убаво. Ме имаш мене за сигурно, ама си имаш отворени опции. За секој случај де. Епа и тата би сине така. Јас и ти не функционираме исто, не сме на иста бранова должина. Уште од почеток беше така. Јас се вложив цела, ти едно парче. И никако да се усогласиме. Јас сакам едно, ти друго. Колку што јас сакам да молчам кога сум со тебе толку ти не можеш да ја затвориш устата. Чути бе,чути. Не мора да ги исцрпиме сите теми на светов. Чути и уживај. Мене не ми е досадно. Со тебе никогаш не ми е досадно. Убаво ми е, пријатно. И зошо да оставам се да биде краткорочно кога може и поинаку? Велиш дека не сакаш да ме повредиш, ама зошто на нероден Петко да му кроиме капа? Зошто да мора да заврши лошо? Мене и вака и така ќе ме боли,пошо сакала јас или не, се приврзав за тебе. Речи дека ти не сакаш, речи дека е до тебе, биди маж. Себичен си, признај. Мене ми е немирна душава,колку и да мислев дека можам и вака, се лажам. А не ми е ни периодот да се измачувам со вакви глупави проблеми, немам ни нерви, немам ни време. Накратко, да пресечиме лентата. Или ќе бидеме или не. Твој избор.
Ми го матиш умот. Не знам поради што ме сметаш за толку вредна, дали бидејќи немам влакна на јазикот и комотно можам да си го кажам мислењето за твоите родители и нивниот некоректен однос кон тебе, дали што можам аргументирано да ти ги објаснам своите ставови без да трепнам, дали што имам цврсто мислење дека и после тебе друг ќе ги исполни моите високи критериуми (за тебе нереални)... Што и да е, те тера да ја запалиш колата и во најбрз рок да ми се нацрташ, но во поинакво светло. Кога си пред мене знаеш да си го контролираш тонот, да ме сослушаш, практично да ме молиш да зборувам и да се потрудиш да го решиме проблемов. Мек си и ме галиш по лицето, зборуваш за некакво си живеење во твојата куќа, а јас не отстапувам дека тоа нема да е нашиот дом. И ме послушуваш. И јас знам дека само сонувам, и ти знаеш дека ако продолжи на лошо ќе дојде до прекин, но да се лажеме додека е убаво. Признавам дека често преминував граници и беше прашање на време кога кармата ќе продејствува. Но, јас за разлика од тебе, не сум спремна да ме заебаваат. Јасно ми е дека до тука било и дека за да е исто, ќе треба да се вложи многу труд. Не можам да ветам дека ќе дадам се` од себе. Нервите ми се при крај.
После 13 часа со тебе поминати во планови знам дека сакам уште долго, долго да си дел од мојот живот.
Таман помислив дека сe срeдивме,дека се ке си дојди во нормала ние пак не се разбираме. Не знам каде гресsaм толку,ова боли,не разговараме нормално туку само се контриме и не се разбираме. Ми фали тоoa кога мозевме да зборуваме најубаво и да се договараме за се без страв и кавги. Ако не се смени ова нема да е убнаво,мораме да се потрудиме и двајцата за да не се изгубиме во ова си вило. Знам дека и тебе не ти е лесно,но разбери дека и мене не ми е сеедно. Мора да преминеме и преку ова, нели заедно секаде,во се,мора да се поправат работите.
незнаев дека ти се допагаат и машки па ги условуваш со срце мое случајно ми текна кога се вратив дома
Не знам што да правам со тебе.Згрешив, не требаше толку да бидам директна, ако не бев сигурна во врска со тебе.Сега воопшто не сум сигурна и не знам што сакам, а ти си толку фин и толку многу ми ја отежнуваш работава...
Срце мое јас ти реков да ме разбудиш во 10 а не во 12:30 како и да е имам врем за учење цел ден е пред мене а ти доаѓај на кфе и доручек.