Ти благодарам многу за изненадувањето вчера . Ме израдува не знаеш колкуу многу.. Знаеш ти дека јас сум романтичарка сакам изненадувања И еве ти признавам не го очекував ова од тебе ама ми годеше ситуацијата Фала ти што се трудиш да станеш романтичен заради мене! Те обожавам
Јас не се откажувам од тебе. Нема ништо повеќе да додавам. Само дека сум тука за се што можам да помогнам и не се откажувам. Ти си ми посебна.
Мило ми е што конечно се разбравме и разговаравме нормално по цела недела.Знаев дека ќе се разбереме ако двајцата сакаме,со инает ништо не бидува знаеш и самиот.Конечно се е како што беше,се надевам не до утре туку дека ќе трае оваа хармонија вечно бидејќи ни е потребна и на двајцата.Знаеш дека ти мене си ми се и се би направила за тебе.Што и да направам малку е во споредба од она што ти го имаш направено за мене во изминативе 5 и пол години. Секогаш заедно во се ќе сме,знам и нема да дозволам некои банални работи да го растурат ова што го имаме.
Ми мириса џемперот на тебе, ќе спијам со него . Среќа што живееме на 10 мин еден од друг иначе кој ќе се врткаше по автобуси цело време. И ми недостигаш сериозно, сакам да те гушкам сега. Да лежиш до мене, а јас да те гледам само. Би те гледала цела вечност. Спојлер Би ти правала и други работи цела вечност, ама за тоа ќе дискутираме подоцна Се надевам дека ќе ти стане досадно дома, па ќе ми се вратиш побрзо. Кој ќе чека цели две недели. Т.е знаам дека ќе ти стане досадно, не можеш ти без мене
Синоќа звездите прашуваа за твоите очи,небото праша за твоите усни, месечината праша за твоите раце, а јас го прашав господ кој ли се крие во твоето СРЦЕ . ♥
приметувам дека си сакал од прво вежбање мускули да оформиш многу сакаш-освен запаление на мускулите друго тешко-се гледа дека нешто ти фалело во животот како и на секој човек а тоа е љубовта па со срека нека ти е не дека јас сум надчовек и не ми фали, ама се обидувам енергијата да ја насочам во друга насока ти а јас јога-вежби, медитација, смиреност-милион пати подобро од само вежбање
Душо моја, ти реков дека се' ќе се среди. Конечно заврши и тој проблем и сега конечно можеме да уживаме. Вечерва има да се изнауживаме да знаеш! Овој викенд ќе го искористиме максимално . Те љубам.
Прекрасен си ... Твоите зборови,совети,внаминие посветено кон мене те прави таков. Остани така љубов,остани засекогаш - заедно се додека косата не ни побели . Те сакам !
Не е важно што некој се труди да те направи среќен, што дава се од себе, кога на крајот пак е се исто.... Едно благодарам да кажеше, а и твоето однесување Можеби јас преувеличувам или претерувам... Не знам, но знам дека уште долго вака нема да издржам. Имам чувство дека не го цениш тоа што го имаш до себе... И искрено жал ми е поради тоа, бидејќи порано или подоцна ќе морам да заминам од тебе ако не сфатиш некои работи. Толку од мене, ти дадов се и се обидев на секој можен начин. Се е препуштено на тебе, ти одлучуваш....
Јас некогаш стварно незнам како да ти кажам фала за сите работи што ги правиш за мене. И шо секој ден ми го правиш најубав. Многу, ама многу те сакам детенце мое
http://www.youtube.com/watch?v=r00Rhrz7sS8 Ќе беше полесно да беше помала разлика во години! Затоа не сум твој тип, а?
Чекор по чекор, и некој ден ќе ме снема. Ако одиме со ова темпо и овој начин. Ма не е проблем за мене, само мака ми е што сите ме убедуваа дај му шанса, дај му и ете му ја шансата... Скока и рипа и трча накај него, а тој мижи и гледа се, освен тоа.
Истово ова, и плус да додадам! Не стасавме нигде, се што беше идеално више го нема, а јас тебе те создадов совршен во мојата потсвест, дозволив да правиш што сакаш со мене... И немаше никаков проблем, супер беше, ама јас не сакам да се плашам дека со само еден мал ситен гест кулата од картите ке се сруши. Секогаш внимавав на тоа да ти угодам, да ти бидам најдобра.. За прпват не сум тука да ти пишувам романтични спомени од нашата врска, само сакав јавно да се наречам или да си го доделам епитетот Глупача и да ти кажам браво што и после се успеваш да ме поместиш од точката на рамнотежата секогаш кога сум со тебе..