А кад ми доџеш ти и осмјех вратиш ми сва патња и бол живота мог че проч.... у ночима без сна ја тебе дозивам да доџеш ми ти и као сви почнемо ми мирно живето ...... те сакам и ми недостигаш премногу
Знаеш ли,колку ми недостасуваат летните денови? Кога едноставно чувствував заштита од твоја страна,кога секој твој збор,секој здив што го земаше ме исполнуваше со радост...кога секој „наш момент’’ (така велеше ти,нели) изгледаше како сцена од романтичен филм...И додека секој твој лош збор,секое твое лутење,секој твој бес,ме вадеше од кожа јас молчев знаејќи дека ќе помине,но не беше така. Всушност помина,но на поинаков начин од што сакав...ме остави кога ми беше најпотребен. Си велев,мене никој нема да ме сака. Кога и семејството ќе се откаже од тебе,не ни можеш да мислиш позитивно. Зарем дозволи да не делат километри? Или три илјади денари што ќе ги дадеше за автобус до тука и назад? И кога се борев за секој поминат момент со тебе,ме остави да се борам сама. Во еден момент навистина помислив,каков е тој живот во кој немаш ничива поддршка,се запрашав зошто го живеам таков каков што е..Зошто де,додека другите се натпреваруваат и постојано споредуваат,кој е поубав,кој е попопуларен,кој е побогат,зошто побогу јас немам кров над глава и леб,за да јадам? Ти не знаеш како е да си толку гладен што не можеш да заспиеш,а очајно да сакаш да потонеш во сон.. и се тоа,заради пуста лутина кон мајка ми! А таа само ќе ја треснеше вратата и ќе излезеше од дома бесна на мене и на себе, што не успеала да ме одгледа како што треба; и земајќи ја во предвид целата нејзина душевна болка,таа успеала да направи семејство. Велејќи дека единствено што сакам е да не бидам огорчена како нејзе,го заборавав тоа. Баш затоа и ги одбивав алкохолот и дрогата,кои секој на мое место би ги користел,под изговор „лош живот’’,баш затоа што сакав да имам свое семејство кое ќе ме сака. Ако не сега,еден ден. И плачеа,плачеа што ги немаат најубавите телефони,плачеа што не носеа најскапи работи,плачеа што не се најубави од цела генерација..а јас плачев што немав блиски. А пари,не велам дека немаме. И ти би ме продал мене,знам,за твоите да имаат онолку пари колку што има мајка ми,нели? И сите овие месеци во кои давав се од себе само за твојата среќа,ги продаде за едни бедни илјада денари,за една бедна карта за автобус. Не очекував да се исполнат сите наши планови,сите наши замисли..знаеш, ние бевме само едни глупави вљубени тинејџери кои сакаа да бидат заедно. Барем јас сакав. Очекував само да ми бидеш рамо за плачење кога ми беше најтешко,а немав никој свој. Веќе немам сили за тебе. Млада сум,па уште многу ќе ги менувам. Ќе ги има и добри и лоши,ќе има солзи... се додека не го најдам вистинскиот,кој ќе ме сака и барем малку ќе ја почитува мојата љубов. И ете,само еднаш во животот ја испочитував мајка ми,жената која без ничија помош стекнала толку многу,вдовицата која никогаш не ја тргнуваше насмевката од своето лице,мојот идол...и знаеш што? Се’ стана толку добро што не можев ни да поверувам. Па колку и да било тешко во минатото,знај,мојот живот вреди. Не требаше да се радуваш пред време,јас сега сум добро. И после се,јас продолжив да ги сакам луѓето. Млада сум..
Зарем за ова се борев толку време? Да не се јавиш да ме прашаш како сум?дали сум жива?А на крај памет не и е дека можеби имам некој проблем кој не е поврзан со тебе. Го живееш животот сега и мислиш дека ќе помине се,јас сум тука да ти простам... Ама многу си се излажал. Секогаш ти било простувано и затоа сега немаш поим што ќе следи и кој пат ќе го поминеш ако сакаш да бидеш со мене. Колку покасно се освестиш-толку полошо за тебе.Сега можеби изгледа дека е подобро,никој не те замара,не ти ѕвони телефонот,никој не те нервира,ама... Ќе се каеш!
Ми ѕвониш на пуш-паузата да ме прашаш како сум, што правам?! Знаеш дека дремам дома како и повеќето викенди. Или само да си пополниш времето додека си надвор на ладното? Па и ме прашуваш зошто сум нерасположена. На прсти ќе ти избројам за овие 3ипол години колку пати сме излегле заедно за викенд. Ете затоа ми е криво, што најубавите години дома сама си ги отседов. Мајка ми и татко ми имаат позабавни викенди од мене.
Отворајќиго крилото на плакарот, каде што си ги чувам пижамите, излезе твојот мирис и ми ја исполни собава. Сеуште сум ја чувала твојата маица во која ми беше 100 пати поудобно отколку во моите пижами. А ти пак сакаше да ги носам само сините пижами со срциња. За момент си помислив дека подобро би било да се отарасам од неа, но сум личност која ги сака спомените. Вечерва после долго ќе преспијам во истата, чуствувајќите блиску...
Ми недостигаш. Сакам да те гушнам и да заспијам до тебе. Ама нема... така да, ќе си запалам цигара, ќе си ги здиплам алиштата и ќе перам Чао, пријатно, не си веќе интересен! Празно е без тебе
Како да се вртиме во круг од кој излез нема. Посакувам многу работи, остварувам многу малку. Уствари, ниту малку! Тоа неостварување на нештата ме притиска длабоко. Создава во мене бес и нервоза. Голема напнатост. Во моментот имам сила да ти кажам КРАЈ...но кога ќе те видам збор не ми излегува од уста! Не оти немам храброст туку од тоа што сум изморена веќе. Пробувајќи да ти објаснам некои работи тупам само во место. Се` ми се измеша веќе... Не знам зошто се мачам да објаснувам и да дискутирам со тебе кога фајде нема. Испреплеткана е оваа наша работа. Како ќе се отплеткаме еден Господ знае! Ти со мене водиш борба, а јас со самата себе. Верувај, моето е потешко...
Непланираното е најубаво не за џабе рекле! Денес едно планиравме друго излезе и тоа многу подобро од планираното. Не те оставам јас тебе сам кога не ти е добро да знаеш! Секогаш овде ќе сум , ќе те чувам!