Навистина сакам да ти се јавам. И да ти кажам дека е навистина крај. Дека јас сум таа што го стави, и неможеш ништо да направиш за да бидеме заедно. Да ти кажам, дека иако имавме проблеми за да се сфатиме на некое поле, тоа не ја менува мојата љубов. Дека страшно ме нервираше. Дека не ме повреди. Дека неможеш да ме повредиш. Само ми е жал, што вака добра приказна имаше лош крај. Знам дека си повреден, но тоа не беше целта. Не сакав да те повредам. А ти сакаше. И ете сме. Јас на еднава а ти на третата страна. Жал ми е што после толку тешки и убави моменти, сепак дозволи оној недостаток на самодоверба да те пресече, и после една ипол година да неможеш да ме препознаеш. Јас сум истата. Знаеш. Само животот се менува. А ти не успеа. Жал ми е што реши да заминеш без поздрав. Сега и да сакаш да се поздравиш, сега ти си тој што не заслужува.
Не ме барај више! не ми отежнувај, нели ми рече дека е крај, пак се јавуваш и ми кажуваш дека ти фалам.. Зашто? За да ме оставиш пак кога ке ти се посака? За да ме откачиш како партал?! Е нејкам! Нејкам и нејкам да поминувам низ истото.. Само да знаеш, јас ке продолжам.. Ти не знам како ке продолжиш, се правиш од инат.. ама да знаеш дека нигде нема да стигнеш.. ПРеку глава од тебе ми е, од твоите другарки, од твоите другари, од твојот инат, од твојата потреба секогаш да бидеш во право, од твојата дрскост, преку глава ми е од тоа да ме потиснуваш и да ме сметаш за малоумна, преку глава ми е од све!! Доста беше!
а знаес сто?!... се ова е некако глупо и Чудно и незнам сто друго... ако ме сакас и ако те сакам(а те сакам тоа да) нема да се слуЧуват некои работи сто не треба
Леле е како да не ти кажам. Како да издржам да не ти кажам. Бараат од мене да не ти кажува додека не се знае за сигурно. Ах...
Не можам да верувам, бре. Не можам. Како те најдов, како ме најде, колку е невозможно ова нашево, колку не знам да се објаснам. Да не беше ти ќе си тонев во ПМС сега. Ама не. Ме гушкаш силно, најсилно и ме галиш и ме бакнуваш и ме правиш најсреќна на планетава. И ми пееш како што ти реков, и ме слушаш како што ми рече. Како да ти се заблагодарам за ова? Има начин? Или доволно е што и ти си на седмо небо со мене? Се надевам е. Се сеќаваш кога ми кажа дека ме сакаш за прв пат? И, кога седевме згужвани в кош, колку ни беше топло, а никој не знаеше дека сме таму? Не ти замерив што се закасни саботата. Мразам неизвесност. Но сепак. Не мислам дека имаше неизвесност, искрено. Знаев дека и ти сакаш исто колку и јас да сме еден до друг. Волшебен си ми.
Сакам да си до мене.Во моментов,одма сега ,во оваа иста секунда.Сакам да те гушкам и да те гмечам и да го грицкам тоа твое црвено усте.Сакам да ми пуштиш цртан во 3д затоа што знаеш дека се радувам ко мало дете.Сакам да си легнеме заедно и ко по обичај да го коментираш од почеток до крај.Смешни ми се твоите дофрлања додека гледаме филмови.Сакам да ми ги дадеш твоите тренерки (кои со секое мое доагање кај тебе се се поише мои) бидејки го сакам мирисот на тебе . Сакам кога ме галиш.Сакам кога заедно пушиме цигара.Едноставно сакам да го поминувам времето со тебе.
Конечно!! Конечно да направиш нешто за мене и да ме изненадиш. Баш тоа го сакам од тебе..Не сакам некои скапи и големи работи,сакам мали ситници како онаа од денеска. Тоа ме прави среќна. Те сакам <3
Ти благодарам за подршката која ми ја даваш, за силата која ја добивам ради тебе, за насмевките на моето лице и за очите полни со љубов. Ти благодарам за секој миг поминат со мене, за сликовитите објаснувања, за сите лекции на кои ме научи до сега. Ти благодарам за љубовта која ми ја даваш, која ми ја покажуваш на секој можен начин. За новите искуства, за треперењето од твоите допири, за водење љубов со носиња Ти благодарам што ме учиш што е и што заедно доживуваме и преживуваме ваква чиста, зрела љубов. Ти благодарам за романтичната вечера од пред некоја вечер, се почувствував како да сум на седмо небо, како да сум единствена жена на овој свет. Кога ми рече дека се би направил за мене, дека јас сум центарот на твојот свет и сето тоа го видов како искрено излегува и од твојот поглед си помислив колку сум само јас најсреќна. Само ти на така глупаво романтичен начин можеш да го избегнеш подарувањето букет, затоа што знаеш дека мислам дека е клише, а сепак да ми подариш цвеќе т.е сапун со нашиот омилен цвете мирис. Будала мој си и да, затоа те сакам.
Ми рече дека сакаш да земиш малечко кученце,па и мене ме прашуваш дали сакам? Знаеш дека скокнав од радост кога ми го кажа тоа и веднаш не замислив нас заедно еден покрај друг во нашата куќичка и околу нас трчка едно мало рунтаво кученце .Ах убавини,а подоцна здравје кога ќе дојде бебче и тоа овде со него ќе си игра,ние на тремот надвор во топлите ноќи ќе ги гледаме и ќе уживаме во нив.Убава е замислата нели? Се надевам дека ќе ни се оствари сето тоа,сепак не е многу голем сон и не барам многу нели? Знам дека го сакаш и ти тоа мило мое и се заедно ќе направиме. Те Сакам Најбескрајно и секогаш ќе те сакам
Ти си најдоброто и најскромното суштество на светов, одамна те немам изненадено и во петок планирам баш тоа да го направам Те сакам премногу, и како и секоја вечер кога ми фалис бескрајно многу така и вечерва ќе си го гушкам мечето и ќе чекам да те гушкам тебе во петок
Верувам дека ова се моите последни обиди последните сили со кои се трудам да сменам нешто помеѓу нас. Ама не можам. Бидејќи ти не сакаш. А за да направиш нешто, мора тоа нешто и да го сакаш. Најтешко е кога едниот се труди, а другиот кренал раце одамна и не се замара.