значи и другите приметуваат дека нешто се случува со тебе, не приметувам само јас и аман веке престани да им кажуваш на твоите другари пред мене дека сум убава, знам дека сум огледалото ми го кажува тоа секој пат кога ке се погледнам-нема да си дозволам да поклекнам и да бидам уште една цртичка во твојот тефтер, како и секое женско така и јас заслужувам многу повеке од тоа
Црпко една,татко ќе станеш Ти благодарам за сите подароци,но најмногу за овој. Ти ветувам дека ќе ти вратам со уште поголем за девет месеци,со синче или ќеркичка...весело и симпатично,со црно косиче како твоето и на мама плаво око (така беше договорот,знаеш ) Гледаш ДримБорд ефект? Ставив големи мешиња,па и моето ќе биде големко како нив. Доста тресам. Едноставно те сакаме најмногу на свет и не можеме да си го замислиме животот без тебе..и јас,и нашето
Незнам што ти стана наеднаш. Spoiler Но, барем едно знам дека јас не сум ти крива иако ти правиш се за да ме повредиш. Знам дека е полесно кога кривицата ќе ја префрлиш на некој друг, на мене, но верувај дека мене ме боли самиот факт што тебе ти е лошо, а не па уште да ми ја префлиш и кривицата. Се надевам набрзо ќе ти помине нервозата
Човек кој пати да биде почитуван и да ужива углед! Е таков си ти! Пури, саати, виски, те молам порасни... Памет тешко дека брзо ке ти дојде, еве јас нема да ти сметам, слободен си... од пред три дена
Душо моја не си свесен колку сум среќна што ти го слушнав гласчето толку ми фалеше таа прекрасна мелодиа ( твојот глас ) и ме израдува со тоа што ми го кажа со душа те очекувам те сакам најмногу од се
Нешто после толку време ме размрда. Некој кој е толку нормален ,толку обичен а толку посебен,не занесно убав ама ептен харизматичен. Да ,ти бе насмеан ,од толку луѓе баш ти Од прв пат кога се сретнавме имаше нешто што ме привлече, ме освои. А јас цела позитивна ,насмеана сите овие денови. И така,ќе се гледаме секој ден. Ич не се секирај
Ме разочара, крајно ме разочара. Досега многу пати си ме разочарал но денеска премногу за да можам да простам, да заборавам. Зарем толку не се сети кое е дато денес? Алоо, денес ми е роденден . Зарем беше толку тешко да се сврти еден број, да се кажат два-три збора. Зарем поминатото време денес со другарите, колегите, одењето по гости и седењето со другари и другарки беше поважно од тоа да се видиме ние. Зарем толку многу си зафатен па неможеш да одвоиш малку време за мене. Не работата е што изгледа не сакаш да одвоиш време за мене. Но добро драги негрижи се нема да заборавам да ти вратам ке ја видиш ти мојата друга страна.
Ми фалиш. И денес, и вчера, и утре...Ми фалиш...само тоа знам. Не сакам да помислам на нешто повеќе, не сакам да помислам на љубов, ама убаво ми е со тебе. Само не брзај, стрпи се, сè во свое време. Ако треба да биде, ќе биде. За сега мижи и уживај во летањето
Јас почнувам да се разочарувам од тебе! Најсериозно, и многу ми е криво поради тоа . Се надевам дека грешам...ама не ќе е така
Замина таа без да ми каже земи ил остави ова е крај Не е до тебе,а не е ни важно злато,насмевни се Од тогаш до денес јас не паметам тоа лице да не земе дел од овој ден и се е по старо сам останувам моментот пред да заспијам најболно е повторубање...... Било што и да ти треба кажи ми,зборови не избирај ова срце уште игра кога ќе чујам твој глас дишам пак и никој нема да те знае онака како те познавам јас знаеш каде да ме најдеш тоа сум само јас Есента падна,жолто е се нашата боја на вљубување спомени вкусни,есенски рај баш злато и не ми е до смеење болно повторување Било што и да ти треба кажи ми,зборови не избирај ова срце уште игра кога ќе чујам твој глас дишам пак и никој нема да те знае онака како те познавам јас знаеш каде да ме најдеш тоа сум само јас..
Аха! Конечно ти текна да се потрудиш малку околу мене...Иако сме долго време заедно во последно време како да си се опушти...демек не треба да направиш ништо? Демек не треба повеќе да ме освојуваш и да го исполнуваш моето срце со среќа и радост? Иако во последно време почнав да се разочарувам во тебе и да ми станува сеедно се надевам за брзо ќе се смени тоа - ќе исчезне. Те сакам...ама некое време ќе го трпиш моето ладничко однесување...Така си заслужи
Дали љубовта умира? Не смеам да те прашам...се плашам ќе ги препознаам знаците на умирањето... Продирам низ пориве ,се обидувам да најдам малку старо чувство,мирис,воздишка... Ништо не можам да пронајдам...само се прашувам дали не го наоѓам зашто го нема ни во тебе ,ни во мене? Дали е вистина дека годините ја менуваат нашата љубов?Како кога на неразвиен корен се развива стебло.Се ми се чини дека ова нашево е шупливо.Не изедоа бубачките на рамнодушноста. А ние секоја година пуштаме нови гранки,се додека повторно не си ги исечеме...до кога така?
Ми недостигаш. Сакам да те видам. Сакам да заспијам до тебе. Сакам утрото да ми започне со тебе. Те сакам.