Многу ми е тешко да заспијам без да те слушнам. Цел ден сум силна и прибрана и кога ќе дојде навечер,времето секогаш кога сме се слушале се растажувам.А,знам дека не треба.Не смеам,зошто не си заслужил. Се надевам дека ќе помине ова се. И ќе бидеме далечни. Иако не сакам да е така,тоа е најправилно.А,решив да бидам старата јас и да го правам само она што сметам дека е разумно. Емоциите еве каде ме доведоа.
Па и слика твоја си зачував у компјутер и сега само неа си ја гледам Дај пиши ми бе. Мило за драго, стварно те засакав, и точок да ти купам па исто.
Еве веќе почнав да ти барам поклон за Валентајн Оваа година сакам се да биде романтично и така и ќе направам. Мислам ли мислам ама ќе ми дојде некоја супер идеја сигурна сум И ќе направам сама некои работи со многу љубов!
Значи ме уби далечинава, ме уби од земја ме акна. Па и како се проблеми излегуваат кога не си тука бе мило. Тешко е знам не е многу време во прашање ама ми се чини како 1 век да те нема. Да ти е*ам и работа и пари и се
Аххххх леле што ќе ти направааааммм лелелелеле што ти мислааааммм!!! Неубави работи ти мислам така да си знаеш....ќе видиш како ќе молиш ти ќе видиш!!!
не иде веке вака да знаес па ајде повели мажле и прави сто ке правис ке видиме како ке биде од сега а јас повеке јок нисто не правам.
Знаеш, јас те сакам. Ненормално многу. Има моменти кога се ладам и лутам, зашто работите не се придвижуваат онака како ми одговара, но чувствата се тука. Проблемот е што уште на почетокот ми даде премногу, па сега може да оди само по надолна линија. Те сакам кога си така мек и ме сослушуваш. Те сакам и додека во сон ми се лутиш зашто ти го вртам грбот, или пак велиш Те сакам. Те сакам и што упорно ги бараш грешките во себе, а тоа ме омекнува и попуштам и јас, па единствена караница ни е за тој кој да ја преземе вината. Те сакам зашто моите омилени песни сега ги сакаш и ти, бидејќи те радува се` она кое мене ме прави среќна. Те сакам зашто ми даде многу причини.
Се посрамотив од мајка ти и татко ти. Гледав твои слики, таму кај шо си ми најубав си со мајка ти и татко ти сликан, и ја почнав да ти пјевам љубавне пјесме. Леле кога ми текна дека таму се и мајка ти и татко ти у земја пропаднав, ме слушнаа и они, ме видоа дека пејам. Тоа не сум јас, тоа сум јас без тебе.
Секако...Само ќе се гледаме цело време и ќе се смешкаме...друго ништо.Да го направиш првиот чекор? Недај боже.Те сакам еееј ало што чекаш?Да ти нацртам? Чекам на тебе.Не забелеѓуваш веќе дека сакам да бидеш мој?И другите забележаа не ли пак ти.Не те разбирам што е толку тешко тука? Кога сум до тебе и кога те гледам...ништо друго не ми е важно.И чекам на твјот чекор
На Duran Duran бидна тетоважата... На Нас се’ ме потсетува. И ако. Сакам. Мал отсечок време, исклучиво на нашите моменти! Прекрасен си и мил кога се грижиш за мене, дури и од далеку. Не постојат зборови повеќе што ќе ги напишам, а ќе кажат нешто повеќе од Љубов. Срцето нека отчукува живот, доволно е.
Биди среќен. Секогаш. Дури и повеќе од мене. И те сакам/в. Неважно. Толку неважно, како јас и ти, ние не би можела да речам..