Стварно веке незнам што чекаш?? Па незнам какво машко ке беше..ОК свакам покрај 2 женски си растел ама нз..Ај ние ке продолжиме да си се мајначеме па така ке се разделиме има уште малку време и така јас ке одам во друга држава и чао пријатно..ДОГОВОРЕНО?? Е ТАКА
Ке си заминеш на само 10тина дена од мене, а чуствувам ко да одиш на година. Синоќа плачев цела вечер откако се разделивне, те сакам, знаеш. Многу се приврзавне еден на друг. За 2 часа ти трга авионот. Ке ми недостигаш.....Ама знам ке бидеме секој ден во контакт. Те сакам.
Те сонував! како што те сонувам секоја вечер Ама овој пат сонував нешто друго... Сонував дека си ме изневерил (добро не било изневерување зошто јас и ти не сме заедно) ама ете си ме заменил со друга одма! и сестра ми ми се јавила и ми кажала дека си објавил слики И сум влегла на твојот профил и сум ги гледала сликите и сум плачела, сум ги зумирала да видам што правите, каква е итн итн И знаејки дека си во Скопје, сум ти ѕвонела и сум ти рекла дека мора да се видиме и ти си ми рекол дека ке идеш да играш биљјард..И си ме викнал И тука веке станав ... И ете прво станување се фатив за телефонот, ама не ти се јавив! Иако знам дека си дојден.. И погледнав во соновникот Ако некој ве изневери вас Ќе учествувате во нечесна зделка.
Не знам што ми е!!! Не знам!! Само знам дека ми недостигаш премногу, знам дека те сакам, дека си ми потребен. Знам дека солзиве не престанаа да течат, ама зоштооо??? Знам дека ке се чуеме до вечер, знам дека ке ми кажеш ТЕ САКАМ. Ама знам и дека многу ке ми фалиш!!! Многу, најмногу ке ми треба твојата подршка, твојот глас да го чујам кога ке посакам. Па и нашите глупи кавги ке ни фалат. МНОГУ ТЕ САКAM!!! Aјде стигни на Аеродром, фати wifi и врти ми на skype, пиши ми смс, на фб...........
Имаш 20мин да се спремиш и да дојдеш кај мене јас не за џабе ти го правев твоето омилено јадење а ти уште ми викаш спијам е нема доста сиење станувај и кај мене да си за 20 мин.
не ми пишувај не ти поминува кај мене тоа и треба да се засрамиш што ја натера претседателката на кимот да трча по тебе за една обична информација -црна овца во кимот си и ко демек не се грижи ти за мене- се мразам себе си што сум толку човечна и што сакам да им помогнам на сите и таквите ко тебе се да ги отепаш а не уште во унијата на млади сили потпретседател да си
Колку и да те сакам,никогаш,ама НИКОГАШ нема да те молам да ми обрниш внимание,ти сам треба да си свесен за тоа.Никогаш нема да те молам за бакнеж,за прегратка,за љубов.А ако некој друг ми ја даде додека тебе не ти текнува,тогаш немој после да молиш,нема да те слушам ни јас,кога ти не ми ги слушаш зборовите што сега ти ги кажувам. Ми велиш ме сакаш...јас не го гледам,ниту осеќам веќе тоа. Веќе немам надеж за нас,искрено. Ко оваа љубов што ја чувам во мене,да остана затворена,неискажана,неослободена,бидејќи ти не си никогаш тука за да ти ја дадам.Криво ми е за се!
Не мислев дека врската во која највеќе ќе уживам ќе започне токму на тој начин. Спонтано, без намера утредента да помислам на тебе. Ама се случи. И утре, и задутре, и месеци и месеци подоцна. И сите работи што ги пробавме за прв пат заедно. Крајностите во кои се движиме кои ме прават да почувствувам дека живеам со тебе. И чекам мал зрак на монотонија да продре да се освестам дека нема да е постојано толку добро, ама не. Доволно ми е да ме гушнеш, макар и да гледаме телевизија како пензионери, со тебе е поинакво искуство. Се сакам себе покрај тебе. И повеќе од себе.
Искрено, ме исполнува секоја помисла на тебе. Кога ќе се сетам само како се смееш, каков и да ми бил денот, сликата пред очи ми го разубавува. http://www.youtube.com/watch?v=gBQatr_Q7cw
Јас досега не сум имала момчиња,но... ми се свиѓа еден моментално,и при секогаш кога ке помислам на него...се возбудувам ... :/// вчера едвај собрав храброст да го аднам на фејс,а кога ме прифати ... умрев ? Значи не е како другите момчиња што ми се свиѓале :/ Кога се сретнуваме у школо јас умирам,се задушувам.Јас знам се за него но тој НИИИИШТООО ЗА МЕЕЕНЕЕ -_- ... ама :heart: xD
Полека како минува времето сфаќам дека најбитен си ми од сите. Се си, пријател, љубов, миленик .. Не знам зошто но ова неможев на овој начин да го почувствувам, потребно е време како што е и очигледно за да се разбере суштината на некои работи. Те сакам, те сакам повеќе од секогаш и сфаќам дека си ми се. Се е широк поим знам, но тоа го објаснува моето чувство. Те сакам поради тоа што си и се каам за моите искажани зборови. Се сменив,секој се менува со текот на годините, иако познавам личност која и трошка се нема променето, но единствена е. Не се менува, се се менува освен неа, сестра ми е, ја познавам. Но не сакам да ја споменувам, таа е дел од минатото повеќе, ТИ си минато,сегашност и иднина. Ти си мојата внатрешност. Те сакам. Те сакам највеќе!
Ја обожавам онаа топлина во мене во моментите кога си блиску до мене. Тогаш сакам времето да застане, се да остане толку совршено. Срцето ми чука како лудо. Те гледам и сфаќам дека ти си најубавото нешто што ми се случило во животов.