Слушнав една песна која ти ми ја прати уште на нашиот почеток. Една песна, милион спомени. Ми се врати цел филм. Од почеток до крај. Сите тие дешавки, а богами премноогу се. Провокации, зафрканции, смеења, кавги... Муабетите на фејс, на телефон, секој момент поминат со тебе! И само седам таква... И си помислувам БОЖЕ, ПА ЈАС СТВАРНО ГО САКАМ ЧОВЕКОВ!!! Не дека ова до сега не го знаев, ама... Незнам како да кажам, како да опишам. Ова што го чувствувам за тебе не се куца на тастатура, не се кажува со зборови... И не ме занима, колку тоа и да звучи како клише... Мојава љубов само се покажува, докажува! А тоа го правам секој момент, секој можен ден, а уште малце и година Со секое мое вдишување, будење наутро... Јас, јас... Јас дефинитивно живеам за НАС!!! Секој миг поминат со тебе е бесценет, а ти си единствен. Незаменлив. МОЈ! И ТЕ САКАМ е малку.
Каков што си овие два дена, секогаш да бидеш таков Е тогаш ќе бидам најсреќната јас Се надевам нема да испадне она - се што е убаво кратко трае
Седам,слушам љубовни балади и околу себе ги гледам милионите прашалници кои ги чекаат своите одговори. Пак се занимавав со мојата најголема љубов и ете го Давид пак дојде во мојот живот.Незнам како размислуваш ни што чувствуваш,незнам дали ова ќе ни биде само авантура или нешто повеќе.Но едно знам... Ти си мелем за моите рани. Човекот пред кој секогаш сум била природна,и човекот кој што секогаш ме сакал таква. Можеби незнаев да те сакам на начинот на кој ти ме сакаше мене,но многу,многу те почитував како личност.Те сакав но не бев заљубена во тебе,бидејќи тој секогаш ме влечеше кон него.. Заеби ја големата љубов кога те повредува.Само тоа имам да кажам. А со тебе Давиде не беше така. Ќе видиме,многу е рано.Многу.
Се сеќавам кога заедно ја гледавме нашата месечина. Кога ќе седневме на терасата, и јас ќе легнев во тебе. Но,дали и ти се сеќаваш? Денес, 7 полни месечини подоцна, повторно ја видов истата таа месечина. Но дали и овојпат ја гледаме заедно, и посакуваме времето да се врати? Стрелките да се завртат 367 200 пати и да почнеме од почеток. Ќе ме бакнеше ли и таа вечер да знаеше дека се ќе заврши болно? Ќе ме гушнеше ли посилно? Ќе ми го посветеше ли секој момент од твојот живот, да знаеше дека нема да бидам твоја? Можеби тие одговори и никогаш нема да ги дознаам... Толку многу ми недостигаш. Ми недостига твојата насмевка, твојот мирис, твоите усни, очи,твоето нежно ''те сакам'', ми недостига се. Но,каде ли се изгуби во еден миг,каде ли отиде? Ах,само да знам. Сонувам да те видам, да те почувствувам. Сонувам да бидеме повторно заедно. Можеби тоа нема никогаш да се случи, можеби ќе биде само сон !
Ме болиш!!! Бегај,сокриј се од мене,премини ја улицата ...не ми излегувај на очи. Не ме ставај во искушение. Љубовта ме боли,љубов недозволена,невозможна... Каде те најдов-каде ме најде... грев на виделина...
Тебе не ти е денот.... Ме праша бе мене дали ми е денот? Ме праша како сум, што се случува, што има.....Е ај ако не да не комуницираме тогаш кога не ти е денот И не, не се објаснувај. Не сакам веќе ништо да знам, не ме ни интересира ништо.
до пред 1 недела бев убава, сега сум добра what the hell is wrong with you имај храброст и кажи ми го тоа во лице знам што те мотивираше на тоа тоа што вчера што не ти вратив со па кој те тераше да ми пишуваш ти , а пред малку кога ме виде бев баш ко некоја статуа, ама на статуите не им очите ко на мене-тоа е разликата
Вечерва зедов да бришам прашина.Ја знаеш мојата прашинофобија во вечерни саати.Знаеш дека чистам и кога сум бесна ,лута,кога сум тажна.Поминувајќи со крпа покрај книгите ми падна во око една.Ја зедов и нозете ми се отсекоа.Ја разлистав ,ме удри мирисот на хартија одамна не отворена.Еден лист хартија одамна заборавен.И твоето име и презиме.Со твоја рака напишано.Ми навреа сеќавања кога го напиша тоа.Денот кога бевме на излет со твојот цимер и неговата девојка.Кога застанавме да се одмориме и кога лежев во твојата прегратка а ветрот не галеше.И кога од твојата торбичка ја извади книгата која ми ја подари.Не сакаше да пишуваш посвета.Само твоето име и презиме на лист хартија.Кога те прашав зошто пишуваш цело име и презиме рече дека вежбаш како да се потпишеш на нашата венчавка. Се смеев и ти го наместив праменот кој ти падна на очите.Го сакав тој прамен,немирен. И не знам зошто една глупа хартија од тетратка со квадратчиња ми ја отвори капијата на сеќавањата. Сега...не плачам повеќе,иако се кинам на парчиња.Не те спомнувам.Не те барам и не ти се надевам.
Тешко ми е да се соочам со тоа дека најпаметно ми е никогаш да не сме повеќе заедно. Некако мал дел од мене се надева дека можеби некогаш пак ќе те гушнам,ама некои работи никогаш нема да се сменат. А,јас не мислам да лепам пукнати работи. Ниту да замижам пред мојата гордост и личност.
Колку убаво би ми било сега заедно да пиеме кафе ама некако касн ти си дома јас дома единствено нешто што можеме да правиме е да збориме на моб или на Фб друго нема. Ајде утре после мојот испит ќе дојдам кај тебе и онака ми фалиш.
Вечерва сосем случајно после толку време слушнав една песна,која ме врати во едно време на едно место,многу одамна.. Песната одеше на радио,стиховите се нижеа еден по еден,јас и ти така замислени еден покрај друг. ти реков дека е многу глупава,а ти ја пееше на цел глас, го знаеше секој збор! ти го подадов телефонот и ти реков да ми ги меморираш во порака,изведувачот и името на песната.. следниот ден песната која ја сметав за глупава,ја слушав цел ден, цела ноќ, и цел месец потоа непрекинато... Никогаш не ти кажав за тоа... И еве вечерва после толку многу време и правам реплеј по незнам кој пат ! Убави времина беа тие,и ние убави,а песната ..песната беше најубава ~ не опишуваше нас..
Ова ке биде долг пост, осеќам... Епа денес, од моментот кога станав, до сега постојано се ме потсеќа на тебе, се ме поврзува со тебе.. Кажав дека те сонував така?! Епа да! и не е само вчера, те сонувам секоја вечер.. Ама изгледа се е до психата... Прееска бев на кафе, и зборував за тебе. Многу зборував за тебе.. Знам дека поголемиот дел од времето бев тажна, поголемиот дел од нашата врска беше пекол за мене, ме уништуваше, буквално! Но пак бев покрај тебе, а не знам зашто.. Јас ништо не барав од тебе, барав само да бидеш покрај мене, да ме заштитуваш како што знаеше.. И еве, 7ми е! Ти текнува? ти текнува како едвај чекаше да ме видиш? Ти текнува како беше упорен?! Епа мене ми текнува... Колку не сакав да излезам со тебе, ама ај си реков ке излезам никому ништо.. Од тогаш почна. Од тогаш... Од тогаш за толку брзо време ме освои, од тогаш почнав да чуствувам дека си посебен.. Постојано се прашувам што згрешив? и пак не можам да најдам одговор, пак знам дека целата моја енергија ја посветив на тебе.. Кога се што сакаше ти го исполнував.. се беше во твои раце! До толку ли беше глупав да не го прифатиш сето тоа?! Но не си ти за мене, ти не знаеш да ме прифатиш поради тоа што сум.. никогаш не би можел да ми бидеш поддршка, треба да пораснеш, и тоа многу.. и колку побрзо толку подобро, за тебе не за мене!! Многу бараше, а малку даваше Уствари! Батали го целиот пост горе.. Ти никого бе не сакаш.. За тебе ништо нема значење освен нарцисоидниот ти.. Да знаеше да цениш нешто, немаше да биде вака. ама ти не знаеш.. Како не видов од почеток дека кај сите истите фори ги користиш?! како прочитана книга си, да знаеш Едно нешто се надевам, дека ке се спуштиш од облаци.. А немам што да ти посакам зошто за тебе нема спас.. А можеби ти беше само една лекција што мораше да се научи..
Разбирам дека си нервозен оти те боли забот. Разбирам и дека си нервозен поради сесијата која ни претстои. Сфаќам и дека ти е ладно во собата во новиот стан, и знам дека цимерите не ти се погодени. Ама сето тоа не е моја вина! Јас само сакав да се видиме денес, или утре... Ама ти ја уби секоја моја желба со таквото однесување. Епа седи си дома, и нервирај се сам!