Тешко ми е бидејќи не ја ценат нашата одлука која што бевме приморани да ја донесеме поради други.Не сакам ние поради други да страдаме и секогаш да сме последни, не сакам секогаш да е тоа така.Најмногу ми е криво што не знаат да кажат фала барем едно,а тие велат уште поубо.За кој? За нив или за нас не ми е јасно.Не ти навалвам дека знам дека ти си понервозен од мене и те разбирам,не те обвинувам тебе бидејќи одлуката беше заедничка и најправилна за сите само не сакам никој да ја искористува твојата добрина никогаш и ние да сме последни,а не први.
или јас сум будала што сеуште те трпам или ти си човек без амбиции во животот... трето нема. па дај бе одлучи се ќе идеме ли ја и ти напред или ќе живееш во спомени? -.^
Се бореше за мене на почетокот, кога не те ни забележував во живите. А, од кога ме доби секоја твоја грешка ја префрлаш на мене. И кога грешиш ти и кога грешам јас - ЈАС сум виновникот! Зошто? - Зошто таква е твојата филозофија за нештата. Ти си едно суштество кое незнам дали може да се нарече маж. Ти не ја знаеш вредноста на жената, барем кога се работи за мене. Колку сум подобра со тебе, толку повеќе на глава ми се качуваш! Сакаш да ме уништиш. Те гледам и ми личиш како ѓавол со ангелско лице (само за да си ги прикрие намерите) Незнам повеќе што да кажам. Но, си ветив. Синоќа беше последното понижување кое го претрпев од тебе. Ако треба ќе одам далеку, ако треба нема да излегувам таму каде што си ти..абе се` ќе направам само за да не се сретнам со тие очи кои ме потсеќаат на љубов....но, многу повеќе на болка, страдање и пониженост. Колку ли време ми требаше да сфатам дека ти не ме заслужуваш. Тебе ти треба жена која ќе те тепа, да те стави во ред! Како порано не видов колку ме повредуваш и уништуваш!
а ст не интересира за другите ма остави,сви су небитни волиме и те волим ја и ти. један је зивот,остави све!..
Фала ти многу за овие повремени back to reality моменти кои ми ги пружаш. Те сакам но тоа не значи дека треба да се заборавам самата себе поради тоа. И ова не ти е некоја стратегија со која повеќе ќе ме врзеш за себе. Напротив, само ме оддалечуваш и ладиш се' додека не дојде денот кога ќе ти кажам дека е крај и нема веќе ни да ме боли. Не сега, мене кога најмногу ќе ми одговара. Ти благодарам за ваквите моменти. Само ми правиш услуга, ме челичиш утре на твојата грешка да одговорам со „чао, пријатно“ без да се свртам назад. Ама ти си тој кој во животот нема да најде жена која е толку посветена на твојата среќа и удобност како мене. Ќе погледнеш наназад и ќе сакаш очите да си ги ископаш од мака, ама џабе ќе ти е. Некогаш знаеш да бидеш сурово себичен, ама забораваш дека со тоа и јас за себичноста научив од мојот најдобар учител. Би ти го кажала ова, но не ја заслужуваш мојата искреност по ова прашање.
колку ми се само празни деновите без тебе.те сакам и ми фалиш.не си до мене и немам желба за ништо.веќе 5 месеци не сме се виделе и мислам дека не можам да издржам повеќ.ах нека поминува веќе ова проклето време и да дојде тој ден кога повторно ќе те гушнам,ќе те бакнам.знаеш дека често ја сонувам нашата повторна средба но во сонот си ми толку далечен.се обидувам да те дофатам и да те гушнам но само што ги подавам рацете кон тебе те снемува.и повторно сама.и тогаш се будам и гледам дека другата страна од креветот ми е празна.но за жал таа празнина ја чувствувам и во душата секој ден.овде каде и да одам знам дека нема да те сретнам а често те замислувам како ми одиш во пресрет.мислев дека далечината ќе си го направи своето,дека ќе те заборавам но со секој изминат ден се повеќе те сакам.немој само повеќе да ме повредуваш како што имаш навика често да правиш.немој повеќе зошто не можам да издржам.
Понекогаш се прашувам дали постоиш, или си само илузија. Имам докази дека постоиш , ама некако... те нема. Во сон те молам да побегнеш. Од себе. Од дел од себе. Како да не знам дека од себе не се бега. Некогаш ми беше отелотворение на страст. Сега, на љубов. Совршено чиста и безусловна. Ред љубов, ред страст... и два реда чекање да се завршат другите обврски и да имаме време да уживаме еден во друг. http://www.youtube.com/watch?v=_G8DCFJ4vr4
Ми го згреши името, со она кое најмалку сакам да го чујам. Што треба да направам сега? Намерно, ненамерно, не ме занима.
Не ги сакам ваквите денови. Денови кога како мали деца се инаетиме, кога од една најмала и најбанална ситница успеавме да се испокараме. Не ни е првпат, за жал Да, импулсивни сме двајцата, реагираме пребрзо, куцаме пребрзо зборови што немаат баш многу врска со вистината и реалната ситуација.... Имаме и самоконтрола од друга страна, само периодов бош се погоди и пукнавме и двајцата изгледа. Те сакам бе, срцко. Те сакам повеќе од себе. Многу добро сум свесна колку многу правиш за мене, колку ме цениш, и знаеш дека го ценам тоа. И благодарна сум ти бескрајно. Ама додека не те видам утре, додека не те погледнам и бакнам во тие очињата, додека не те изгњавам како што треба, нема да имам мир Знам дека знаеш дека и двајцата згрешивме (ама никогаш нема да признаеш ), за кавга секогаш се потребни двајца. Знаеш дека ја имаш мојата поддршка, знам дека ја имам твојата.......Се имаме еден со друг. Секогаш, за се'. Дај да не си правиме вакви непотребни и безвезни потреси Не мора и онака тешкиот период да си го правиме уште потежок. Едвај чекам да дојде утре ова време од денот.....
Начинот на кој ја прифаќаш мојата налудничавост и ја претвораш во смешна ситуација е толку сладок, што после тоа ми доаѓа да те гушнам и да не те пуштам никогаш. Тешка сум понекогаш знам, трпиш, трпам. Љубов е, не е панаѓур .
До денес точно 20 дена не сме правеле муабет. Ми текнува како летоска со изговор дека ќе возам ролери со другарките ќе седневме таму на едно ѕидче у твое маало и ќе чекав ти да испаднеш за да те видам. Се случува и сега, кога идам накај дома да фанам низ твое маало. Низ улица каде немам што јас да барам, на која живееш ти, по навика. Мислев ќе помине до сега, само не сака.