Од сите лоши решенија,ти го избра најлошото. Сакаш да ме убедиш дека си бил секогаш со мене кога ми било тешко.А зарем ја слепа сум ? Упорно ме лажеш.Воопшто не се бориш да го зачуваш тоа што ти е битно.А не знам,можеби и не сум битна. Како и да е,од сега имаш прилика да си го продолжиш животот без мене.
Добро зошто ни е вака,зошто??? Оф бе до кај ќе одиме вака не знам ни јас недела ни е убо,недела не.Не е подносливо ова веќе,одиме надолу,нагоре,надолу,нагоре. Му требаш, разбери и некогаш ако кажам нешто избрзано тоа е дека те сакам до мене,засекогаш.Секој мој збор ти смета,се плашам дека од се што ќе кажам доаѓа до караница и веќе не знам кај терам.Период е знам,ама до кога ќе трај,не можам да издржам повеќе,не можам.Доста ми е од СЕ,од сите караници,инаетења,молчење.Нека престани веќе еднаш,аман.
Татина принцезичка сум си,и затоа сум таква разгалена! И понекогаш си го сакам мојот инает,иако е непобедлив кон твојот.А понекогаш и со него постигнувам многу Те сакам кога се нервираш....ти го сакам тоа ! Ма што зборувам,те сакам премногу секогаш...и те сакам затоа што ми требаш !
Ѕвони моб. гледам твојот број шо е сега работава си мислам, нели е испаднат со другарите. Зимам моб. викам Ало? И слушам во позадина мојата омилена песна "Sve jos mirise na nju" и ми вика слушај твојата песна. Готово... се стопив... не очекував. 100 пати му имам кажано дека многу ја сакам песната и никогаш не запамти, и еве, сега ми докажа дека знае. И додека песнава малце ја послушав ми вика, слушаш ли, јас ја нарачав за тебе, немој да си мислиш оти не сум испаднат со тебе дека не мислам на тебе а јас... солзи ми течат од среќа, ме изненади, не очекував, кажав нешто ама не ме сети оти беше гласно. Љубов моја, Те Сакам Најмногу, и знам дека ме мислиш ама не се сеќирај за мене, забавувај се. Те Обожавам
Ти си толку едноставно човече, а јас толку сакам да си ги комплицирам работите. Ми дојде паметот на време, фала Богу, знам, свесна сум колку претерувам и се изживувам ако ми се даде фора. После ти си ми крив... Нема веза. Дај ми можност и дај ми време да те запознаам подобро, уште подобро. За да можам да го кажам истото за тебе што и ти го кажуваш за мене.
едвај чекам да дојдеш ќе биде ова интересна ноќ јас и ти сами ама дај побрзај зошто ќе умрам од досада требаше и јас со тебе да дојдам ама ме мрзеше ај ќе почекам уште малку
Сјајот во твоите очи кажа се. Твоето треперење, насмевка, начинот на кој ги изговараше зборовите. Знаам, сега ми е јасно. О да, ме сакаш. Ова не е глума. После ова вечерва, не може никој да ме убеди во спротивното.
Не знам како ќе издржам до пиво фест без да те видам. Сакам што побрзо да те видам, да сфатам дали ова што го чувствувам е љубов. http://www.youtube.com/watch?v=vsCnm_KV5XA
Го фатиле клети Турци, клети Турци, едно моме најубаво! Му врзале двете раце, двете раце наопаку... Ју ар со паметњакович ус то и мил. Ти пеам, цел ден и секој ден.
Ti dokazav deka te SAKAM samo tebe Pо незнам кој пат..е сега сакам да запрам со моиве докази дека си ми само ти. Sакам ова да е последно сто ти доказувам љубов. Pа греота сум бре и ја од сега сакам ти да ми доказувас,барем малце ако не колку јас сигурна сум дека како мене не мозес. Sакам и јас да се увверам дека ме сакас плис поцни со доказииии ајдеее плс..
Епа... знам. Зарем толку е ужасно што знам? Знам како ти е, знам низ што врвиш, знам на што мислиш, те знам. Не мислев да те повредам со тоа. Те сакам, иако не вреди ни два денари ова денешново. Јас сум пак најсреќна. А и ти, ќе бидеш. Почекај уште некој саат. Трпение - спасение.
Те сонувам и близината е веќе наша. Кога ми кажуваш како едвај чекаш да се вовлечеме во кревет и во нашиот свет, топло ми е на душата. Срцево одамна пее. Дојди си.