Гледам се ближи крајот.но овојпат изгледа засекогаш.јас сум си крива што се трудам да спасам нешто што одамна поминало.но повеќе не,се изморив веќе.
Фала ти за прекрасниот ден, си поминав преубаво. Многу си добар и многу се грижиш за мене тоа ми е јасно, не треба веќе да ми го докажуваш. Остани каков што си. Те сакам
те видов прееска човече личиш на гревче немаш поим колку ми е жал за тебе само што те видов очите со ми се наполнија и знам дека се познаваше ама ти не примети и повеке од пола ден во плачење ми помина е стварно сум будала си се чудам на паметот колку и да си го живеам својот живот кога ке те видам како се мачиш се пропага во вода како кула од карти душиче си стварно сите од страна ме советуваа да се држам на страна од тебе, за да не бидам искористена и фрлена -очигледно во таква фаза си тоа и го правам ама не сум без душа и срце неважно во какви изданија ме сретнуваш и после кажи некој си го живее животот а некој мисли-тоа беше за мене знам ама ај да не претизвикувам проблеми
Ич неќам коа сме скарани.. знам дека ме сакаш ногу .. и џабе се бунам кога ми велиш дека ме сакаш поише и се тоа.. ама љубоморна секогаш ќе си бидам баш затоа шо и јас тебе ногу си те сакаммммм ААаааа коа ќе видиш шо се ти имам испланирано за задутре, ај ај ајјјјјјјјјјјјјјј.. те познавам јас тебе
Кога ми велиш дека се грижиш за мене и дека ме сакаш, потруди се тоа да потрае цел ден, а не да го менуваш расположението на секој саат. Изморена сум од тоа
Многу ми значи кога во сон ќе се разбудиш само за да ми се јавиш и да ми кажиш неколку слатки збора. Таков целиот сонлив, збркан, несвесен...по милион пати ми ги повторуваш магичните зборови. А мене срцето ми пука од среќа и радост и се чувствувам како единствена девојка на цел свет. Таков си, туку ќе се појавиш од некаде и ќе ме поплавиш со толку љубов и внимание да неможам да се свестам и со часови да летам во облаци од исполнетост. Деновите без тебе се празни, не е исто кога не го чувствувам твојот мирис секој ден...
Кој би рекол,нели? Среќна ,тажна,исполнета,со празнина,секаква сум била но никогаш не сум помислила на најболното за нас. Тоа значи нешто. Значи дека си нешто што ретко се случува,а кога ќе се случи ретко може некој или нешто да го замени или наруши. Малку би било да ти кажам дека сум ти благодарна што постоиш и што си секогаш тука за мене. Бесценето е времето поминато со тебе. Среќна сум што те имам. Me and you.Just as two
Кога би ми ја дале целата моќ на овој свет дури тогаш би можела да се приближам да докажам колку навистина ми значиш, те поштувам и те љубам јас, искрено, чисто, бескрајно, смртно. Секој ден е нов предизвик и нов почеток. Секој ден јас и ти се качуваме на скала се погоре и погоре. И тоа е толку едноставно, лесно и шарено, што не можам да се запрашам кога ќе удри гром од ведро небо?! Не сакам да мислам на тоа, имало доста такви денови, знам дека ќе има, мора да има, како тоа па да нема, и да после не дојде оној најдобриот секс, секс после смирување, или секс за смирување... Не сакам да мислам на лошото што следи, секогаш го имало, ќе го има, но ова добро сега, овие моменти, оваа искреност, доверба, заеднички планови и цели, нивно остварување, наша среќа и мир, не сакам никогаш да ми ги снема, не сакам да се намалат никогаш. Секогаш бараме совршенство, перфекционизам, бар јас знам барам, и очекувам многу, но не повеќе, минаа месеци и месеци, и сум чист и добар пример за тоа како човек може да се навикне и одвикне од некои стари навики и притоа да втисне и прифати нов живот со компомис и обврски несвоиствени за самиот карактер... Ми се свиѓаат промените, од мене направија личност, која премина од некоја си блага варијанта на татина маза во самостојна девојка, сама во големиот град Скопје, која може и умее да се снајде без татина помош. Имаше ноќи кога плачев и не можев да спијам од нервозаи грижи, имаше денови кога седев и шетав како мртовец, но знаев, знаев дека Господ спрема нешто добро за мене, знаев дека кога тогаш тоа добро ќе ме снајде... Јас барав, упорно барав, молев, плачев, и на крај се исцрпив буквално и прекинав. Минаа две години и нешто. Тешки години за мене, мислев дека пропаѓам... Тогаш дојде ти. И некој ќе ми рече, претеруваш, не се лигави, затни ма, ќе се лигавам, ќе бидам клише, досадна и будалеста, ама јас си ја најдив мојата среќа, мојата љубов, која ми дава неверојатна сила и мотивација, и буквално ме крева на нозе секој пат кога јас се изморувам и сакам да кажам крај. Никогаш во животот не сум гледала со поотворени очи. Никогаш не мислев дека ќе љубам толку силно, после едно длабоко и болно љубовно искуство на млади години... Животот беше фер со мене што те донеси тебе на мојот пат, а мојот пат верувам и ќе се трудам со пеколни сили да биде се подобар за нас двајца, оти те љубам премногу, оти со тебе плачам од среќа, оти знаеш најслатко да ме изненадиш, да си ми жив и здрав.... И оти знаеш поубаво од мама да ми ги исечеш ноктињата на нозете...
Не верував дека постои ваква љубов. Не верував дека постои некој кој ме гледа како тебе. Ме топи твојот поглед полн со љубов и разбирање. Твојата прегратка ме смирува, ме успокојува. Те сакам будалест мој, најмој
Чело мое трпеливо. Сите болки ми ги сокриваш. Ти го бакнувам три пати. Па очите, па образите и фетишот за крај, а тоа е вратот. Мразам што пушиш цигари ко Турчин. Тоа е мојата мака. Ама ајде контрадикторно па кога ќе ти ги мириснам рацете го впивам мирисот на цигари и ме пали. Ме пали исто како благ ветер кој го носи малото огинче создадено од триење на камења. Создадено во шума. Ти си претставата за мојот дивјак. Тука си некаде, не целосно, ама сепак тука.
Ти благодарам што никогаш не си ме оставил кога ми е тешко , кога си свесен дека ми требаш и во 4 часот сабајле. Кога не ти е гајле за време и место и веднаш доаѓаш. Конечно сфатив дека не ме пушташ , дека сум ти битна. Најмила и најсакана како што велиш. Сега ми требаш повеќе од било кога..неможам да си го поминам денот а да не прозборам со тебе , имам потреба да ти кажам се па макар и да е како ми поминал најобичен глуп ден. Најубаво знаеме низ што се поминавме за да бидеме заедно и сме , ќе бидеме , ќе траеме. Ништо на светов не е побитно од едно човече што се грижи за тебе дури и кога ќе ти падне едно влакно од косата. Те сакам како никој досега на овој никаков изопачен свет и ми требаш ! Многу.Премногу. И да ме видиш тука какви поезии пишувам ќе кажеш луда е ама ако си знаеш ти.Те сакам уште еднаш и да исположиш се после , да ги растуриш . Ти држам среќичка & те гушкам.
Ајде бе дојди побрзо од прееска те чекам па треба да се покажеш да чистиш малку да видат што зет ќе имаат моиве Туку сабајлево убаво ми дојде кога ме разбуди со порака. Само ти знаеш како да ги погодиш вистинските зборови во вистинското време.