За тебе ме врзуваат многу први работи. Многу први, убави нешта. Несомнено најмилото што можеше да ми го подариш се солзи радосници. Никогаш не сум плачела од среќа. А токму сознанието дека сеуште те сакам, учењето да не мешам страст со љубов и врежувањето во мојот мозок дека јас ништо не можам да направам без силни чувства, направија да ми се навлажат очите, додека на лицето огромната насмевка не можеше да се симне. А уверувањето дека тој момент бил најсреќен и во твојот живот, само ми покажува колку сме компатибилни и колку имаме исти мерила за вреднување. Благодарам. За најубавите солзи во моето постоење.
Го направи првиот чекор,бравоо,се реши И сега нешто ќе глумиме лудило или? Не си свесен колку ме нервираш,ама тоа ми дава сила мене. Сега така се заинатив... Ќе видиш,до крајов на неделава ти ќе ме викнеш на состанок па што сака нека биде. А после состанокот ќе ме бараш секој ден! Таква сум ти јас,си го бараше ќе си го најдеш! Хмм он со мене...божее...
незнаев дека си толку срекен што ке го славиш св. Трифун па што чекаш, земи на плакати испринтај го тоа и залепи го по цел град да знаат девојките да се држат на страна од тебе бог да чува и да брани кој капацитет си премногу е очигледно дека треба да помине време за да се вратиш на нормала само пази да не забегаш ептен и да не завршиш во манастир
Сакам да ме будиш дишејќи ми во вратот. Сакам заедно да грицкаме сушена кора од портокал. Сакам да ти се воврам во постела. Сакам да ми ја мрсиш косава. Сакам да мирисам на тебе. Сакам да си тука. Сакам да си само мој...
Што ти е бе тебе? Некако многу су ми заљубен во последно време многу ми покажуваш љубов, не дека ми смета ама онака незнам, некако посебен си ми периодов. А бе ти да не ќе ме бараш за жена седи мирен, не се занесуј, знаеш дека ќе те одбијам, не ми се мажи се шалам. Ај продолжи така, ми се допаѓа
Знаеш ли кој е за мене најубавиот подарок за денови на вљубените? Ова. И мене не ми треба никаков посебен ден да го дочекам тоа. Мене секој ден ми е таков, и не ми треба ништо друго за да му дадам било какво значење на денот освен Љубов. А мене секој ден со тебе ми е подеднакво значаен. Излези од тој Сити Мол, сега, веднаш, излези од сите продавници, од сите места, врати се и да се почастиме едно високо калорично чоколадо утре, со Љубов, ко што знаеме да ги кркаме!
http://www.youtube.com/watch?v=YJ3esGfxUxg Добро газе. Добри гради. Добра темна и виткана коса. Солидни движења. Уф ова е физичко најжустриот совршен примерок за женскиот пол. Знаеш дека јас станав зависник од некои ступидности. Еве не можам да поверувам колку многу ми се допаѓа да ја гледам Северина. Или па таа манекенката која што се лапа со жени и гола се штрака. Да таа жената на тој фудбалерот. Абе какви движења имаат, зрачат од сексипил. Ти земав летачки објект кој ќе си го чуваме уште едно добри 4 или 5 години. За свадбата де! Како не, одма ќе го запалиме да си летне. Немора да постои повод.
... еднаш изјавив дека совршен пар би бил оној, во кој едниот ќе ја смета Up on the ladder за совршена песна, а другиот - I might be wrong. И така , си се најдовме.
Совршениот поклон за денот на заљубените... За нас де си ти! да сонце мое ти! Сакам да бидеш засекогаш мој