Не дека не беше убаво изненадувањето само лошо беше што јас немав подготвено ништо. И кога најнеромантичниот дечко на светот, ќе се научи за ваков повод да ти носи ружа, благо и шолјички со испишано - Те сакам денес, утре и засекогаш...тогаш мора да е многу заљубен. Имам само една желба - да те сакам барем половина колку ти мене. Бидејќи тогаш ќе бидеш најсреќен човек на светот.
Да можеш да влезеш во мојата душа...и да прочиташ што се има во неа запишано...ќе плачиш како што срцево плаче! Да можеш еден ден само да ги чекориш моите стапки ...ќе се измориш одејќи! Да можеш бар за миг да го вдишуваш мојот воздух...ќе се загушиш! Да можеш да викаш на сиот глас ....би онемел! Да можеш да бидеш сам како мене...би бил најосамениот човек! Да можеш да плачеш како мене...би умрел! Да можеш ...но ти не можеш...
Сонце мое најубаво. Зар можам да те заборавам? Болката по тебе не престанува. Ги голтнав сите твои страдања, само да не се сетам на твојта болка, на твојот бес. Сонце мое.. Зар можам да ги заборавам тие милни очиња? Зар можам тие прстиња? Зар тоа усте нацртано? Зар можам да те заборавам. Ме гониш во сонот. Сон си ми, вечна недостиг.. Сонце мое. Каде згасна бе сонце мое? Каде? Те молам не оди ми од мисли, од спомени. Ете ги губиме саканите. Морало така да биде. Те голтна светот. Сонце мое. Почивај ми сонце мое, прости ми што на гроб не сум ти дошла. Тешко ми е сонце мое. Сакам да заборавам, ама не сакам. Сонце мое.. Mила моја, тешко ми е да се сетам на тебе, се плашам ако те заборавам. Се плашам мила. Сакам на се да се сеќавам, на убавините со тебе. Маките твои, болката, те молам заборави ја, јас сакам да ги заборавам. Те молам за прошка мила моја. Ти беше спасителот мој. Мила моја, сонце мое.. За мене никогаш нема да згаснеш.
Дали љубов имате од јоргованите? Од тие кои ми го бараше по таа дождлива вечер. Машките и кога имаат нешто пред себе слепи се да го видат. Зар зар навистина треба да ти кажувам колку ми значиш постојано кога тоа така е?! Зар не ме ставаш во позиција и кон тебе да неможам да сум ултра жустра? Гледај ако сум значи ми значиш. Јадев шопска, фала, добро утро, очекувам осмиците да ми се истегнат!
Фала ти што не ме оставаш кога не сум спиела доволно, и сум проблематична. Елегантно ми го наоѓаш чарето. Остани така. Недостигаш. Далечинава ме отепува.
Вчера не се видовме... А, толку сакав да те видам... Но, егото со го прави своето... Кој да попушти прв... Попуштив многу пати, мислам дека сега на тебе е редот...
Смислата на тоа како да го поминам денот избледува,се трудам да се сведам на максимум и се да направам за да бидам среќна и исполнета...Но неможам,ти си тој што ме правиш исполнета и среќна. Животот без тебе ставен ми е на Пауза,а кога сме заедно повторно стискам Плеј. Посакувам да ви вратам сеќавањата што будат љубов и среќа,и да ги премотам моментите што допрва ќе дојдат.Живеам за среќата и рајот што допрва доаѓа,ги истрпувам сите работи што ми се случуваат само за да уживам потоа со тебе. Кога сум со тебе,ништо не е важно. Тогаш ниту птиците ги слушам како пеат,ниту ветрот како дува...ниту реката како жубори. Душата ми е исполнета и полна со среќа и радост. Важни ми се само твоите зборови и твојте слатки бакнежи и сите твои допири. Кога сум со тебе... нема сум за сите што нешто ќе ме прашаат,глува за сите што нешто ќе ми кажат,слепа сум за сите работи што ме опкружуваат. За тебе вреди да се живее и да се труди.За тебе вреди и во оган да се фрли,за тебе вреди и живот да се даде. За тебе би направила се,за тебе би оставила се.За твоите бакнежи полни со страст,сите невозможни работи ќе направам да станат реални.За твојата прегратка би отишла и на другиот крај на светот.За твоите слатки зборови би живеала и на друга планета. Едно писмо и пет-шест вредни збора,другото е рима или нешто слично.Но не барај во пишаното...тоа ќе избелди. Барај во срцето мое...тоа е извор на сите овие чувства и емоции... Барај во разумот...тој е извор на сите овие зборови и мисли. Не барај го сјајот во ѕвездите те молам,тие не ја опишуваат мојата радост...Барај ја во моите очи кои ја опишуваат и мојата тага кога не си покрај мене. Не барај ја мојата топлина во сонцето,тоа нема да те стопли како што ќе те стоплам јас....Барај ја во мојата прегратка. Не ја барај љубовта во другите...безнадежно е !Никој не те сака од мене повеќе.Те сакам на безброј начини,Те посакувам на уште толку повеќе... Нашата љубов е посилна од се,нашата љубов е толку искрена и чиста.Во нашите зборови нема ниту лага,ниту срам.Колку ме сакаш,јас добро знам.Непобедливи сме во секоја смисла на зборот,нераздвојливи и непоколебливи. Ова е се што можам да ти подарам,не е ништо по вредност.Не ме чинеше ништо споредено со пари.Но дали некогаш парите се важни?Можеби се...но за нас не се.Тоа што јас и ти го чувствуваме е бесценото. Те сакам и ќе те сакам ЗАСЕКОГАШ !
ајде издржи можеш ти уште малку ти останаа ,кога јас веќе положив 3 и само ште 2 ми останаа за наредна недела, можеш и ти малку повеќе учење и ќе положиш а ако сакаш можеме и заедно да учиме ти твојот ,јас мојот предмет можеби побрзо ќе научиме заедно.
Ми го разубави денов. Камо ваков да си ми секој ден, мислам дека нема да постои некој посреќен од мене. Те обожавам
Се смеев цело утро со тонот на гласот кога рече: Не се грижи не се женам јас сега. Реакција на мојот израз на лицето, онака зачудено те гледав. И уште ми се смее. Секако дека сакам да сме цел живот заедно, намерно глумам за да те нервирам и провоцирам. Среќа што другар ти беше со нас иначе сигурно ќе ми се скараше. Те сакам лутко мој, не се грижи ти за ништо. Биди само ваков каков што си сега и верувај дека ќе успееме . И не идам денеска кај тебе. Нека ти биде досадно цел ден