баш вчера размислував да бев машко ке бевме другари ама ете женско сум бегаш од мене а кога случајно ке поминам покрај тебе се вртиш, ме гледаш, ама не право во очи-ама сме плашливи јас би ти прозборала како похрабра ,ама знам дека сега си во фаза кога не сакаш да комуницираш со мене па се тргам настрана и се правам на будала-не за друго да не си ги кренеш акциите и да помислиш оваа трча по мене, а од друга страна па мислам дека ти е под чест да ми прозбореш или јас те нервирам што пишувам што ми падне на памет на ф.б. ама таква сум јас-спонтана, искрена, отворена како и секој рак е не ко тебе намкорче јарец а во себе толку чуствителен и ранлив што човек ке беше всушност не свакам што се замислуваш дека си , па глумиш лудило дека си недопирлив а јас па сум се загледала ко тебе ко во незнам што и мило ми е што ме виде вчера со крената глава како чекорам памет за друг пат со јарец да си немаш работа
Немам коментар. Немам ни К. Ти, со твојот, ми ги уби сите мои... коментари, и минимални бедни надежи. Што сега? Не верував дека некогаш ќе морам да патам и да бидам потисната од еден куп скрипти, и тоа да не бидат моите, туку некои туѓи, полни содржина која не ја разбирам. Како што твојот свет не го разбирам, а ти не се трудиш да ми го објаснеш и да ми дозволиш да влезам таму, туку само сакаш да ме заштитиш од него и да го премоташ времето нанапред, кога се‘ ќе заврши. Спојлер Само замени ги местата на happy и gray
Кога би правел барем половина од работите кои јас ги правам за тебе се би било подобро. Не се бориш за мене,не се грижиш дали ќе ме изгубиш.Сеедно ти е.Од кога те знам е така. И знам дека што и да се случи нема никогаш да ме сакаш како јас тебе.
Најмил, биди добар. Не дозволувај никој и ништо да ти го ремети животот и да те гази вклучувајќи ме тука и мене. Знам дека сите од главата си патиме, ама тоа е тоа. Те љубам Сонце. Биди добар!
Се случи се што очекував... Сега се што можам да кажам за тебе е дека те мразам и дека не постоиш за мене!-Ова за него. За Б- ти бе сериозно мислиш дека ќе ти речам едно здраво??И сериозно мислиш дека ќе те прифатам на фб?? Гледај си слободно се кај мене и онака знам дека не можеш да ме заборавиш уште...никогаш нема ни да можеш,ама сепак губи ми се!
И јас исто мислам дека од ден на ден се повеќе те сакам. Фала ти за прекрасната вечер, ме правиш среќна и сакам секогаш да ни е така
Што велиш за фурнаринки со некое сосче од сланина и печурки? А да...и похован кашкавал. Гурман си е гурман. После утре, гарантирам дека со прстен ќе ми дојдеш. И со накачени три килограми. Ќе те сакам и во тркалезна форма, само дали и ти мене?!
Не е возможно ова. Само што помислив на тебе, ми се јавуваш. А и фала ти за слатките и за она неочекувано галење. Не дека не покажуваме нежности во јавност, ама ова беше онака посебно. Толку нежен и внимателен не си бил. Како да сакаше на сите таму да им кажеш дека сум твоја. Не се грижи ти. Твоја сум. Знаам дека така искажуваш љубов. Со мали работи што многу ми значат. Ах човече. Те сакам!
Дај разбуди се веќе знаеш дека ми треба твојата помош ако не станеш за половина час, ќе ти дојдам дома и ќе те разбудам...сепак, нема да те разбудам туку ќе си легнам до тебе и ќе се гушкаме. И ништо нема да завршиме од предвиденото.
Супер си...само уште да не беше толку избувлив и да не кажуваше работи кои не ги мислиш ќе беше идеален. Ама ете, јас сум злопамтилото, така да...си се надополнуваме.
Престани да ставаш лајкови по слики на мои другарки, не продолжувај да докажуваш дека си големо дете! Ја можам една да лајкнам и од мака фејсот да си го избришеш