сега скиташ низ градот со другарите, кои никогаш и не ти биле другари. знаеш, ќе зажалиш еден ден, јас изгледам ко камен ладна пред други, но јас само знам...се се врти, ќе видеш
Ветив нема да пишувам додека сум среќна. Ама ти по којзнае кој пат ме разочаруваш и пак не ти иде памет. Се што ти кажувам, ти за инает правиш обратно и тоа твое добро ужасно ме нервира! Се отепав од плачење денес. Ко демек ти немаш време, работиш, а уствари си идеш на гости, се шеткаш. Кого правиш будала ти?? Само да знаеш ќе ти го вратам паметот на место. Бев добра али ќе се сменам. Не попуштам веќе.
Ми требаш за да ме ислушаш да се ослеснам да ти ги кажам тешкотииве што ме гушат. Ми требаш, а те нема.
Кога рацете ќе ти станат лушпа од орев лицето ко овој ненаместен кревет ланецот меѓу гради- папок ќе трепериш ли тогаш? Ќе трепериш ли за љубов?
Едвај чекам утре да те видам ми недостигаш цел ден те мислам јас со гости натаму анваму знаеш роденден на сестра ми ,ти на свадба ах барем 5 мин да можев денес да те видам
Еден месец . Кога ни летна времето!? Сакам цела вечност со тебе да ја поминам. Да ти лежам на гради и да ти го слушам срцето. До мене само да си. Ех тоа доволно ќе ми е. Не сакам подароци, ружи, скапи вечери. Доволно е,само ние, во некоја куќичка што ќе ја проектираш ти. Се смеам сама на себе, ја имам онаа глупава насмевка. Нема да ја заборавам ноќта кога пред еден месец ме праша што ми си ти мене, а јас онака бледо, па знаш излегуваме само. И ти почна да ми пееш, ах дури и на колена сакаше да клекнеш , прекрасен начин за да побараш некој да ти е нешто повеќе во животот. После тоа, се е поинаку. Јас блескам, не можам да се препознаам. Што ми направи ти на мене? Убаво ми е кога ти го гледам сјајот во очите, твојата заштитничка настроеност кон мене. Убаво ми е кога гледам дека ме сакаш. А знаам дека мразиш што си заљубен и стануваш зависен. Не се грижи ти, не ти ја земам слободата, можеш да правиш што сакаш, ама знаам дека на крајот од денот повторно ќе се вратиш кај мене. Фала ти за денешниот ден, за зборовите кои ги кажа онака несвесно, а дури потоа се сфати што кажа па поцрвени. Дури и нашето да не успее. Ти ќе си врежан длабоко во мене. Овој месец е најубавиот месец во целиот мој живот. Сите непроспиени ноќи еден до друг. Сите прегратки и бакнежи. Сите шетања низ градот, рака за рака, ко да светот е наш. Сите твои, мои соништа, кога стануваат наши. Сите недогледани филмови. Сите испијани шишиња вино. Сите мои лутења на твојот чуден хумор. Сите твои провоцирања. Сите искрени зборови кои ги слушам од тебе. Сите твои лутења на моите чудни желби за цигара. Сите кошмари, заменети со соништа кои ни стануваат реалност. Сите наши неуспешни обиди да бидеме романтични иако не сме. Сите наши глупави насмевки кога се гледаме еден со друг. Фала ти за се. Ми го направи животот поубав, поразличен, побогат. Ме направи најсреќна. И сега ете ти клоца, теле едно, поради тоа што не ме остави да си ја допушам цигарата. Мрш таму
Уште два ипол часа ти трга авионот, и за уште толку си тука!!!!! Пресреќна сум!!!!! Како детенце. А кога ке ја видиш тортата..... ммммм. Пријатно ке бидеш изненаден!!! Се за тебе злато мое. Оди прво дома, те чекаат внукуте со нетрпение да те видат и да видат вујче што им донел!!!!! А ние, ние ја имаме целаа ноќ пред нас. ТЕ САКАМММММ!!!!
Вчера толку ме изненади што мислев дека восекој момент ќе пуштиш солза, ама јас те преарив знаеш дека јас секогаш плачам на тажни филмчиња ама ти... многу се возбуди човек, многу се натажи, јас знам дека имаш добра душа ама не знаев дека и ти се растажуваш на филмови. Нема повеќе да гледаме такви филмови, не сакам да си тажен. Сепак сум среќна што ми ја покажа таа твоја скриена страна
Ти благодарам многу!!! И ти посакувам од се срце и ти да уживаш и бидеш среќна и сакана двојно од тоа што сум јас!!!!! Бтв. уште 20-тина мин ке слеташ на аеродром!!!! Едвај чекам да видам на сајтот LANDED .. .. Веднаш ти вртам!!! Едвај чекам да ти го чујам гласот.. уфф!!! ТЕ САКАМ.
стварно не те свакам тебе лично јас имам двојно повеке пропатено во љубовта од тебе па ете уште сум жива си бил заљубен, ти го скршила-ле срцето некоја си со која си бил или повеке и што сега-ке сечеме вени, ке вршиме самоубиство, или како тебе ке го испиеме сиот алкохол на светот-само пази и по дрога да не посегнеш бог да чува и да брани верувај се ми е јасно само не ми е -колку срца ке скршиш ти барајки утеха јас незнам како може дома да те гледаат ваков и ништо да не превземат-барем разговор со психолог/психијатар ама не признава секој дека има проблем а уште кога ке те сретнам на улица и кога ке почнеш да ме гредаш ко некое гревче се чуствувам ко јас да те ставам тебе во грев -убава, привлечна ко намерно да те провоцирам а секогаш случајно те сретнувам
Синоќа тоа што ми го кажуваше ќе го памтам целиот живот! Ние ќе имаме секој ден се поубави и поубави моменти
Xoxo, we got busted 2 пати во рок од една недела Се надевам третиот пат нема да биде „трета среќа“ па да дојде до целосно разоткривање If you know what I mean Те сакам, срцко. И знаеш дека деновиве многу ќе те гњавам, зашто ми се тие денови И сакам пак што побрзо вечер како вчерашната И те сакам покрај мене 24/7, зарем не знаеш бре