Те сакам бидејќи ми попушташ во карти, прикриено, без да ми ставиш до знаење. Те сакам бидејќи откако сме два цели дена заедно, ми се јавуваш и ја трошиш батеријата до крај, без оглед што ќе ти е потребна на пат до дома. Те сакам бидејќи ми ги бришеш солзите и ме утешуваш дека ќе имам ново маче кое ќе биде исто толку питомо и со кое ќе спијам. Те сакам бидејќи дозволуваш сите наши планови да бидат скроени по мој вкус и ме консултираш за секое, макар небитно прашање. Те сакам бидеќи знаеш да месиш теста и да правиш сложени торти, а јас си немам поим и живци. Те сакам бидејќи ми ја даваш таа твоја смиреност кога се нервирам дека нешто не испаднало по замисленото или немам време. Те сакам бидејќи си се` што не сум јас.
Ти си моето се! мојот живот, мојата душа, снага, љубов,поткрепа, без тебе не се може, Ти ќе бидеш најубавиот, најдобриот и најзгодниот зет и татко
Мачор, пак недостигаш. Пишувам поезија и се се врти околу тебе, неисцрпна мотивацијо моја. Човеку остани онаков, баш таков каков што си, имаш внатрешна големина , полна со љубов со многу бои,бои на лето, бои на радост...
Го ценам тоа што ме тешиш што бев толку блиску до голема добивка, знам дека се трудиш, ама не е сеедно што ги немам Многу работи ќе завршеа тие пари, ќе се отплатеше добар дел од долговите, ќе имаше и за нас малку да мрднеме од смрдливово Скопје, да прошетаме некаде... Нејсе. Парите не се се` во животот, иако неспорно е дека се битни Сакам да знаеш дека сум горда на тебе што после неколку години стагнирање поради работа, реши да продолжиш со студиите. Истраен си во намерата, гледам дека си запнал и ќе завршиш, знам. Пууу, па што се уште 4-5 испити за тебе, жално е да не завршиш кога си практично на крај Сега стави ја малку работата on hold, посвети се на тие неколку останати испити, па напролет да прославиме Уште 8 месеци до нашиот јубилеј - 10-годишнина од нашата врска Смисли некој добар план и води ме одовде. Води ме во некоја дрвена колиба, без телевизор, без луѓе, без телефони и без надворешен свет. Само јас, ти и природата. Да се љубиме, да се заборавиме. Само јас и ти. Љубов моја
E jас баш обратно Да не сум некој изрод. Какви драми! Мир,тишина,правење муабет,добра книга,телевизор не ми треба (освен вести и национални програми), телефон без батерија 2 месеци Какви лаги ја цепам вистината. Си ја кажам како што си е па тие што не сакаат да ја слушнат си знаат Солзи Не знам да сакам. Си признавам.Освен семејството и животните,некои другарки. Ама баш никаква привлечност немам кон машкиот пол Освен тие згодни глумци и фини момци Плачење така некогаш кога ми се насоберат куп работи и ги исплачам. Каков тинејџерски живот Милина. Мир дома,мир во светот . Се чудат! Да ги оставам да се чудат.
Ми застанува видот. Не ги затворам очите. Те гледам. Верувам во чуда. Половина живот во мене, еден цел во тебе. Така раснеме. Така се случуваме. Малку ми е времето. Не ми стига. Барам да се воведе уште еден час кога деновите се разминуваат. Час за тишина. За да те гледам. За да си преќутиме сакање. Да ме повлечеш за рака и со прстот да ми го испишеш по кожата сето кое претстои. Да ме чуваш. Да се зајмиме еден со друг. Да ми писнеш тишина и да знам дека меѓу две трепкања- тебе те нарекувам живот.
Мило ми е што го реши проблемот, денес беше толку убаво да се биде покрај тебе неколку саати , и на крај ти благодарамз а прубавата порака за добра ноќ .
Да бевме се’ уште заедно, ќе ти ја пратев сликичкава. Секогаш си праќавме сликички и видеа од слатки животинчиња, особено мачиња и бувчиња. http://www.youtube.com/watch?v=OQM5-Ks64is Да бевме се’ уште заедно, ќе ти ја пратев и песнава. Секогаш си праќавме бавни трип-хоп песнички. Ама ете, не сме. Дали ми недостасуваш?