Никогаш досега некој не ми рекол спремен сум да поминам преку се' освен неверство за да бидам со тебе. Ме изненади и ме остави без зборови, како што успеваш да ме зачудиш ти, никој не успеал. Не знам кој би се нафатил да ме трпи мене и моите невротични напади , мојата импулсивност, моите промени на расположение, мојот хаос во глава и само едноставно да ми рече - ти си таква, јас те прифаќам како таква. Кај ми бил паметот во таа гужва во декември. Како ќе те испуштев еј, како ќе те испуштев... Сам си беше крив за тоа додуша, ама и јас требаше малку да си ја чукнам главата. Ми се допаѓа што се поставив отворено и искрено, си кажав што ми е и што ми било, реална сум и свесна за моите постапки и моето однесување со тебе, и моето игнорирање на моменти, и се' друго за кое некој друг не знам колку би издржал со мене. Ти кажав што ми смета, што планирам, што сакам, зошто така сакам... Се надевам дека поставив некои здрави темели. Ми се допаѓа како мислиш на се', ама баш на се', доволно е еднаш да ти спомнам за некоја работа и да ја сметам за завршен проблем. Без никаква дискусија - само да спомнам нешто и наредниот момент тоа е веќе така. Со тоа што некој се труди да направи компромис поради мене, ме тера и јас да се трудам уште повеќе и да не го оставам на цедило, да виси. Ми се допаѓа кога мислиш на мене и на моето време, на мојот умор и на мојата диета , мислиме исто некогаш, дури и планираме да одиме на исти места. Како морам да се подигнам да те гушнам, не очекував дека јас ќе најдам некој за кој ќе треба да се подигнам на прсти, и како ми викаш да пазам да не паднам. Ми се допаѓа и како си посигурен во себе, претходно не се осмелуваше да направиш некоја шега или задевање на моја сметка, ми делуваше исплашено. Уште си мислам малку заплашен, ама океј, убаво е малку да се плаши човек. Еден другар вика - би направил се' за девојка ми, би ја сакал најмногу на свет, би ја чувал, нема да има ни љубоморни сцени, ни закани, ни кавги, само договори и компромиси и прилагодувања, само нека ме почитува и нека има позитивен фидбек од нејзина страна... И јас никако не верував дека ќе налетам на некој таков. Посебно не во нашава земјичка каде преовладуваат мафијаши и кретени и билдеришта и што ти знам, каде сите гореспоменати се од машки род, ама никој не е доволно маж за да си ја сака и почитува девојката. Знам, почеток, јасно ми е, свесна сум дека ќе има промени и реална сум околу тоа, не очекувам розови облачиња, ама со самото тоа што до мене стои некој разумен, ми дава надеж за подобро утре. Ај сега фати ме за раче и да одиме да се шетаме низ Скопје.
Жалам, кога тогаш моравме да разговараме на оваа тема, жал ми е можеби кажав нешто што не треба, но само бев реална. Свесен си дека со бегање не се постигнува ништо нели? И не се работи за недоверба, знаш и сам дека ти верувам повеќе отколку што си верувам на самата себе. И разговорот не е завршен само затоа што ти така рече, со Добро не се завршува ништо. Размисли за вечерашниот разговор, преиспитај се што сакаш, затоа што јас сум сигурна што сакам, моите чувства се јасни. И мразам кога легнуваме лути еден на друг . Те Сакам
Време е да заспиеш и да се смирш доста ме гњавиш по телефон ти објаснив дека само треба да легнеш да преспиеш и утре да пробаш да го решош проблемот вака нервозен ништо не правиш. А јас да се мешам меѓу тебе и него неможам, несакам ја спосле да бидам виновна па да ме мрази вака најубаво вие двајца решете го проблемот.
сега сфаќам зошто велат дека врска на далечина не успева.всушност нашата не успеваше и кога бевме близу.колку само се залажував дека ќе се промениш,дека ќе бидеш подобар,ќе научиш да ме цениш и сакаш.но ти си таков човек,не умееш да сакаш.и не си ти крив.јас сум виновна што цело време се трудев да ти пружам љубов.виновна сум за тоа што не сватив на време дека некој луѓе не знаат што е тоа љубов.не знаат да сакаат.и ти душо си еден од нив.и не само мене туку и другите што били пред мене.ти дадов уште една шанса но ти ништо не направи за да успееме.како бре не ти текнува да ме побараш,да видиш како сум кога знаеш дека овде едвај излегувам на крај.знаеш дека имам милион проблеми и секој ден овде ми е пекол.не можам да те разберам.па дури и телефонот го исклучуваш додека те барам.знам дека си со друга тогаш кога не сакаш да ми креенеш.но повеќе не ми е гајле.оди со која сакаш,прави што сакаш.повеќе не можеш да ме повредиш.продолжи си таму каде што си тргнал.јас повеќе не те сакам.и таа што е сега на мое место ќе го помине истото што и јас со тебе.и нејзе животот ќе и го направиш пекол.и таа како и јас ќе посака никогаш да не те сретнела.јас повеќе не се борам за тебе.сега си слободен.и знам дека се плашиш дека повеќе нема да ме сретнеш.се палшиш да не исчезнам од твојот живот.се плашиш дека кога ќе се вратам дека нема да те побарам.јас всушност тоа и ќе го направам.те бришам од мојот живот како никогаш да не си ни постоел.
душава ме боли што ме лажеше џабе ти е што се онесеуваше со мене предобро се што сакав ми исполнуваше со мене беше кога најтешко ми беше ме боли душава ми се плаче ми се писка!тешко ми е многу втора загуба втора превара во рок од 3 месеци не се осеќам жива умрев одмана незнам зошто господ уште ме чува со шивите шпто згрешив толку за да патам олку што!!!
Ти благодарам што си ти. Што си полн со разбирање и поддршка. Што се радуваш за мене. Себично е да очекувам да си среќен за нешто што има ризик да ме оддалечи од тебе, физички и умствено. Јас искрено не би била. Ќе ми тлее жарче на сомнеж внатре дека ова е предвесник на крајот. Знам дека и кај тебе е истото. Верувај дека не, не сум спремна, не сега, не набргу, да се откажам од тебе. Барам многу, ќе биде тешко ама спремна сум. Спремна сум да балансирам се додека си и ти со мене во ова. Единствено ти ми недостигаш, да зборуваме со часови, да те чешкам и будам, да правиш да те посакувам без никаков труд. Болно ми недостигаш, во секој поглед и смисла и дел од секунда. Сложувалката не се состои само од два дела. Некои делчиња полека ги пронаоѓам, но нема да дозволам да ги изгубам веќе наместените.
Да си го видеше изразот на лицето кога ми кажуваше за неа и ти ќе се насмееше. Не, не сум љубоморна. Таа е минато. Т.е не ни призна дека си имал нешто со неа, ама и да си имал тоа сигурно било ноќ или две. Ништо повеќе. А и да, знаеш дека згреши кога ме спореди со неа. Јас нема да дозволам да ме споредиш со нешто што ти било авантура. Јас ти давам љубов и примам љубов. Би ти го дала светот на дланка, само да си среќен. Како и да е. Се надевам дека ќе се засркни со кафето Ах. Сакам кога си го поминувам денот со тебе, ми кажуваш за твоето семејство, се смееме, вариш кафе па ме провоцираш и ме лутиш, за потоа да ме направиш најсреќна. Мој си. Со душа и тело. До мене си и тоа е најважно. Кога се смееш и ти блескаат очите ми ја грееш душата. Те сакам човече. А и не ме нервирај, знаам дека само сака да пие кафе и да се фолира пред вас. Ништо повеќе. И ај, немам време за неа. Остани мирен и паметен
Спојлер Ете како што кажав... ке се вратиш, ти и покрај се нема да ме избришиш и оставиш во минатото... затоа што не можиш. Самиот велиш дека никогаш не си сакал, ама ти не си свесен за тоа душо моја... Откако виде како лесно продолжив без тебе, и те избришав.. одкако научив да ја играм твојата игра на топло-ладно те здоболе... и свати дека ме губиш... свати дека единствената девојка која можеше да ја имаш во секое време веќе не е твоја и веќе не те гледа како порано. И водеше инает... ме правеше љубоморна, правеше се за да видиш реакција од мене.. ама не ти успеа.. и на крајот пак се врати, а знаеш ли зошто? Зошто не можиш да ме заборавиш, проба и не успеа.... нема никогаш да ме заборавиш ако мислиш дека можеш да ја имаш секоја девојка, јас ке ти бидам единствена која не да падне пак на твојата игра. Епа сега припреми се, пак клечиш пред мене... а сега ми е мене ред. Ако и овој пат избереш да играш некоја игра заборави на мене засекогаш, нема повеќе да се враќам назад... па и да се срушам од болка, ке издржам... затоа што на крајот јас што те сакав толку успеав да издржам а ти не. Тоа и ми е целта... можеби ти сум 1001, ама нема да поминам како другите!!!!!!
Ех срце мое.. Уште се смеам кога ќе помислам на случката од пред 2-3 часа хаха Колку беше сладок само, сакаше да ме закачаш малку, а на крајот заврши со белег на челото Ма те сакам бе! Те сакам и кога ми кажуваш спојлери од нашата серија, и кога ме нервираш и кога ме лутиш, за потоа да ме расположиш најмногу на свет. Сигурна сум дека и ти се чувствуваш така. Ние сме како две делчиња од сложувалка- совршено се надополнуваме еден со друг. Млади сме сеуште, да, но кога сме заедно чувствувам дека цел живот ќе бидеме тука еден за друг. Некои велат дека вистинската љубов не може да се почувствува на 16-17 години, но не верувам во тоа. Тоа што јас и ти го имаме е посебно, и никој друг не може да ме убеди во спротивното.