Ми недостигаш,вечерва место тебе огромното мече ќе спие со мене. Те сакам,убаво нани ми сабајле кога ќе се вратиш од работа.
Ти воопшто не си бил таков каков што си се представувал.. Ти само во моите очи си бил таков, а уствари си голема нула Мојата перцепција те гледала така, јас сум била слепа бе.. Ако боли, така учам Од сега па натаму, главата горе !!
Да си јадиш газот со приказната за жената во црна мантија, која го вклучила филтерот за воздух за да ни покаже дека е во соба! Цела ноќ не сум спана, ко на трње лежев...ти, да ти кажам право, се изнахрчи Пу јазк, уште една непроспана ноќ
Стигнавме до крајната фаза а? Престана да ме разбираш, престана да се ставаш во моја кожа за да почувствуваш, престана да го гледаш светот низ моите очи. Повеќе не се убави, сега се исти како на сите останати. Жарчето љубов се претвори во пепел. Прашина. Залудно е да чекаме да се затворат старите рани, секогаш има нешто што во крајната фаза повторно ќе ги прокрвари. Зошто толку силно ми мириса крајот? Постојано таа миризба доаѓа до мене.
како бе двајца другари а пред се колеги да се загледате во иста девојка навистина е убава и привлечна ама ти се тргна, бегаш од мене ко страшило-причина непозната а Д ми глуми другарство а е премногу добар другар со другарка ми Ј-и сите сме дел од една партија аман веке нека завршат избориве , оти ке почнам да вриштам жими еден живот
Страшно ми несдостигаш мече ! С Т Р А Ш Н О ! ! ! ! Знам дека во вторникот беше и ...... ама останатите денови??? Мх?? Цркнав еј цркнав. Дојди те молам. Ај џст уант ту би вит ју. Џст ми анд ју ноубади елс. Ајм гона веит фор ју.
Еее безобразнику,јас кога зборував и те барав,сакав да те слушнам и да те добијам,си правеше како ти одговара и не ме слушаше нели? Епа сега насладувај се на тоа што си го заслужи! За тебе,не сум дома Ниту сум достапна,ниту па ќе кренам.
ЗА 20 мин да си кај мене не за џабе ти пукав пуканки сама не планирам да ги јадам зошто што е многу многу е ајде љубави бид љубезен и дојди побрзо неможам вече да чекам ми недостигаш
Без зборови, ама пак... Неизмерно Љубов,многу, за секое сантиметарче кожа, мирис, сеќавање и реалност што имам со тебе. Убаво е што си дојде. Што си дојдовме на себе. И да ти го кажам ова, само гиковски ќе си ги подместиш наочарите, знам. И ќе ме бациш по носот. Ама пак ќе те сакам.