Уште е рано да ги изговорам оние зборови знаеш.. ама како што секој ден си го поминувам мислејќи на тебе мислам дека и нема да ми треба многу време Ама ќе те чекам прво тебе ... да да прво ти машко си сепак ќе ти препуштам прво тебе..
Со огромна чест и задоволство ти изјавувам: безвреден си како кутија од кибрит. Иако и тоа е дискутабилно, сепак и таа служи за нешто. http://www.youtube.com/watch?v=6JnGBs88sL0 Oh you don't mean nothing at all to me No you don't mean nothing at all to me
Сите „новокомпонирани“ парови исти се; глумат љубов и лудила, си симнуваат ѕвезди, се гаѓаат со комети ... Дури почнав да се сомневам и дека патетиката можеби ја надвладува креативноста или пак, само сме се изгубиле меѓу сиот тој прав и лажен сјај. *** Само знам ... ние сме си евергрин. Биди ми во животецов уште долго, имаме уште многу бури за поминување и знам дека на крај од сето тоа ќе излеземе читави.
Ееееептен денес недостигаш, а времево баш не ми помага. Неможев да излезам од дома денес да разбистрам мисли, пошто дождот надвор повеќе ќе ги заматеше. А искрено мразам дожд. Дојди си поскоро. Ќе ја гушкам перницата до утре. Цун цун
Недостатокот на блискост не’ убива. Бавно и болно. Двајцата жедни за допир, нежен шепот, љубов. Не можам да разберам зошто ја потиснуваш таа желба, зашто и јас го правам истото, од непознати причини. Можеби гордоста ни порасна повеќе од љубовта. Болно и тажно. Гледаме како се урива се што изградивме.
Ќе заврши ова, мора да завриши... секој миг се повеќе ме повредуваш а не си свесен за тоа.. ке соберам храброст и ке ставам крај, нема друг излез... не сме еден за друг, и самиот гледаш дека не оди.. ти имаш друга замисла јас друга, различни сме... И ако ме сакаш барем еден милиграм од тоа што велиш не враќај се и не барај ме, те молам... не ми отежнувај уште повеќе... да не си го трошиме времето ни ти ни јас, јас по мојот пат ти по твојот. Како што ми кажа тогаш... имај си најубав живот, те сака ...
Со тебе си отидоа и пеперутките од стомак. Можеби е за подобро, можеби не е, знам само дека сакам пак да ги почувствувам, и некој друг го заслужува тоа, да ми грее душата за него.
Бидна и нашиот прв состанок.Неочекувано...брзо...ама сепак помина интересно.Имам позитивни импресии за тебе.Мило ми е што ти се допаднав како личност и што изрази желба за да се гледаме и понатака. Како ќе иде се незнам...ќе оставам на тебе да видиме како ќе се покажуваш понатака. Туку за мојава љубов или што и да е...Посреќна не сум била во овие две години...скоро две... Скокав и трчав низ куќава од среќаа...не си верувам уште на очите. Ама едно знам...јас и ти ќе се видиме повторно па незнам што да е.По таа наша средба ќе знам на што сум...Премногу ми недостигааш,не си ни свесен колку многу...
Цел ден заедно а ти ми недпстасуваш сакам да си до мене заедно да спиеме барем ќе можам солзите кој ми се леат како бисери, да ги пуштам да паѓаат во твојта прегратка
Значи многу сум комплицирана, и никој не може да ме увери дека не сум. Сета таа желба за размислување, премерување, анализирање ме тера да полудам некогаш. Посебно кога се бањам, можам да одлетам со паметот. Не знам зошто толку се опседнувам со тоа како ќе биде, зошто ќе биде, што би било кога би било, ама стварно не знам зошто. Се плашам дека набрзо ќе ти здосадам, дека ќе те загушам. Дека ќе се сменам и ќе станам никаква и досадна и мрчаторка. Сакам едноставно да се опуштам и да одам со текот на работите. Без непотребни напнувања, без непотребно тупење и замарање. Не знам ни зошто ни па од каде наеднаш оваква несигурност. Жени. Ако до некна се плашев дека можам да направам нешто со кое ќе зафркнам многу работи, како мине времето станувам посигурна дека нема да направам ништо. Барем не намерно. Е, тој момент, ненамерното, многу ме плаши. Ништо не ми е, ПМС луѓе, ПМС.
Зошто баш во тебе се заљубив ... зошто на тебе мислам пред да легнам и кога ќе станам? Зошто еднаш не ми кажеш некоја убава работа која може да ми го разубави денот и да знам дека ме сакаш колку јас тебе ... Само не тебе изгледа гордоста не ти дава да правиш вака зошто нема смисла да се лигаваиш немало да ти личи... Па добро никој не ти бара да ми се лигавиш или да ми симнуваш ѕвезди од небото али можеш некад да ме израдуваш со нешто ... Само штета дефинитвно немаш иснпирација или сакаш да глумиш бед бој и тип у смисла прифати ме таков не сум ко другите машки папучари -.- Не сакам ни јас папучари али у неделата еднаш можеш да направиш нешто барем мислам имам заслужено мада нема везе трколото се врти имај си убава вечер само немој после ама зошто вака зошто така !
Некој да ми кажеше дека јас на 20 години ќе размислувам за иднина со некој ќе му се изнасмеев во фаца. Но ете и тоа бидна. Неможам да си поверувам. Те сакам, секој ден, секој час, секоја минута, секунда... се повеќе. Ти си створен само за мене верувај ми мило. Незнам што друго да ти кажам, пробувам без зборови да ти кажам што ми се случува во срцево кога сум со тебе. Крокодили имам во стомаков Ехх да даде Господ филмчињата што си ги правиме за понатаму да се остварат. Абе мило не едно, пет машки деца ќе ти родам Spoiler Ај побарај ме за жена