Зошто толку проклето боли ако ова е правилната одлука како што велат сите??? Можеби понатаму ќе се смириме, сега не. Тогаш кога ќе бидеш сигурен дека ќе се трудиш и дека ќе вложуваш, дека ќе правиш се што е потребно за врската да оди напред тогаш побарај ме зошто јас веќе немам сила сама да се борам. До тогаш, те сакам.
И најмрачниот ден ти ми го правиш најубав. Би сакала да го поминам целиот живот во твојата прегратка.
Ми фалеше да ја пробаш мојата прва торта по самоизмислен рецепт и да побараш уште едно парче. Ми фалеше и да ја споделам радоста од откривање на бела чоколада со брусница. Ми фалиш да дојдеш, да отвориш врата и да ми се насмееш. Ми фалиш да чмаеме во досадни врнежливи денови и да заспиеме на звукот од капки. Да, ми фалиш...
Знаеш,се сетив на првиот наш состанок,ме чекаше возбуден, а мене ми се секоа нозете од возбуда и збунетост.Кога ме виде се затрча накај мене и ме прегрна толку силно што посакав никогаш да не заврши тој миг.Иако се борев против своите чувства и се плашев од непознатото уште тогаш во твоите прегратки јас тонев и се чувствував најбезбедно,знаев дека ти си тој,мојата сродна душа.Се сеќавам ќе застанеше и само ќе ме гушкаше дур не се свестевме дека не сме сами. Иако се ни изгледаше недостижно и далеку еве не скоро 6 години подоцна среќни,заедно ја планираме нашата иднина.И повторно го имам тој страв од непознатото како тогаш,но знам дека додека си ти со мене се ќе биде во ред,ние ќе бидиме добро. Да не го доживеев ова никогаш немаше да поверувам,но ете не тука сега живееме,чувствуваме,сакаме. Те Сакам толку многу што колку и да кажам не е доволно.
Ма те сакам бре! Те сакам и ќе те сакам, сакам да те гушнам и да бидеме сами на ова мутаво време и да бидам спокојна до тебе! Те сакам само ти знаеш да ме успокоиш!
пред малку ми се појави сликата пред неколку месеци ми даде знак дека сакаш да ме бакнеш, ама успеав да ја избркам а јас имав една фаца ладна-камен, незнаев како да изреагирам, се блокирав тогаш затоа така изгледав колку слични-толку различни не е важно што само погрешни за мене се лепат ко фластерчиња, и ми одат на нерви,ама кога-тогаш ке се појави некој што ке заслужи да биде покрај мене трпелива сум си јас и кога ке видиш статус ин рилејшншип на ф.б. сакам а верувам дека ке ми се исполни-да пукнеш од мака
Ти знаеш дека само тебе те сакам и не се возбудувај за глупости, да, за глупости оти стварно веќе нема ништо да ти кажам. Како сите така и јас, сфати, и ти да си на мое место така ќе постапиш и затоа немаш право да се лутиш. Иначе фала ти многу што се понуди да му ставиш храна на зајчето место мене за да не ме наврне, абе срце си ти јас знам, ми се лутиш во моментот и за 5 мин. како ништо да не било, тоа го сакам најмногу кај тебе оти ја да бев ќе држвев лутина незнам до кога
Mojoт живот е во твои раце.И мојата судбина ...знам дека грешев ...само те молам ...те молам биди ми пријател , биди ми другар ...подај ми рака ..те молам повторно да се смееме да зборуваме.И ништо друго ...
Сонце би ти кажала .. Ми недостасуваш премногу.. Дождот како да сака да не зближи. Капките ми прават некаква си хармонија. Сакам да ги слушаме заедно, да си шепотиме, под ќебенце, да се гушкаме со некој добар филм, шоља чајче. Ах коллку ли те сакам.. Со тебе би пробала се, би била за тебе се, се што ќе посакаш, само нека владее ова хармонија како денес. Совршеност. Сето тоа го пронајдов во тебе. Зрачиш, го влечиш најдоброто од мене, што ни самата јас не знаев цека постои. Каде ли ја носиш сета таа нервоза насобрана во мене. Како ли ја искоренуваш? Ах тоа мора да е љубов. Те сакам.
се надевам дека ќе сфатиш шо се случува во мене (како ми е кога само те регистрирам со поглед) пред да биде многу доцна
Благодарение на тебе сум сеуште жива , верувај никогаш нема да те оствам бидејќи ти си едниственото нешто што го имам ...... <3 <3 <3
Те сакав, не велам не.. те сакав многу.. ете после се пак бевме заедно, но не знам што се случи.... го снема тоа чувство, го немаше тој трепет... таа возбуда.. немаше ништо! Се чудам како брзо помина љубовта за која на моменти мислев дека ке ме полуди.. Не верував дека времето лечи се... не верував дека ако поминат и 10000 години јас нема да престанам да те сакам, но ете се помина.. Изгледа овој пат тркалото се сврти.. не осеќам ништо спрема тебе, не ми треперат дланките кога ке ме доприш... срцето не ми излетува кога ке ме гушниш... едноставно исчезна.. и да знаеш.. овој пат ке ти го кажам тоа... http://www.youtube.com/watch?v=phTJrbJIcAw