Сите имаат што да им кажат на љубените. А, јас? Јас во моментот сум толку среќна покрај тебе, ама толку ладна. И празна. Дали изминатиов тежок период уби нешто во мене...или само треба да се потрудиш барем малку и да ме вратиш во колосек?!? Еден рефреш ми треба, за да можам повторно да бидам истата личност...епа сега, од тебе зависи
Денеска го слушнав тоа што сакав да го слушнам од тебе а и долго го чекав но не се надевав дека ќе го кажеш за брзо време
Ми годат ваквите повремени заеднички патувања кога можам да заборавам на моите принципи и навики. Ќе си речам: Не е убаво што не внимавам што јадам, кога спијам и колку сум активна. Ама одвреме навреме, потребно ми е да ескивирам од дневната рутина. Да си дозволам да јадам чипс, чоколадо и да пијам капучино додека заедно гледаме филмови или доделување оскари до 6 наутро. И да не ми биде грижа што будни го дочекуваме утрото и што легнуваме во кревет кога се разденува. И се восхитувам на твојата смиреност и способност да се справиш со мојата паника кога навечер патуваме кон дома по лош пат, додека надвор грми и истура силен дожд. Знаеш да ме насмееш и расположиш во такви моменти.
Знаеш.. откако те нема, секогаш кога сум во ПМС, имам огромна потреба за љубов. Ама, не онаква „љубов“ .. да излезам со некого, да поуживам една-две вечери и толку да е. Не ме исполнува мене тоа.. впрочем, никогаш и не ме исполнувало. Сакам .. сакам нешто како нашата љубов. Зашто нашата е невозможно да се добие пак, а не ни треба. Сакам да имам некого со кој ќе се гушкаме на секое гледање, како да не сме се виделе со денови. Силно, силно. Сакам некој да ме бакне в чело, зашто тогаш се осеќам најсигурна. Ама не сум сигурна дали тој некој ќе го знае тоа, како што уште од старт знаеше ти. Сакам зрела љубов, каква што имавме јас и ти. Сакам да потонам во нечија прегратка и така да седам со минути, часови.. денови секако не можам, а да би можела би ги преседала сите. И да молчам, и да го слушам отчукувањето на неговото срце со насмевка, зашто ќе знам - Тука е, до мене е и ме љуби, мој е.. Ама, како што ми изгледа, ќе поминат уште многу ПМС-ови во вакво никакво расположение.. зашто јас немам никој до мене, а ти си имаш. Како и да е.. барем еден да е вистински среќен. Доволно ми е.. дури и во вакви моменти, кога сите желби ми почнуваат со едно исто: Сакам..
Ме сакаш затоа што имам шишки? хахахахаа епа јас те сакам затоа што имаш бемка,и затоа што те прави ептенн убав Се зафркавам нормално.Ги обожавам овие твои смешки,и кога ми е најтешко знаеш да ме насмееш,секогаш си покрај мене. Те сакам многу будалче мое најубаво.
Беше само сон, потоа реалност, а сега....само сеќавање... Те сакав - ме мрaзеше. Те љубев - ме лажеше. Ти дадов сè - ме остави. Патев - не ти беше гајле. Те заборавив, а ти тогаш сфати што си загубил и почна ти да патиш и да молиш како што јас еднаш патев и молев!
Душо моја, фино те замолувам, не ми ја навредувај интелигенцијата. До мене тешко ќе дојдеш преку фб и толку бедни објави. Оди на кафе со која сакаш, вкусувај какви сакаш јадења... Никој/а нема да ти е пријатно друштво како јас. Исто како што си ми ти на мене.
Фалиш кога си втора смена,а после одиш по женски, или пак тие одат по тебе,како мене Чурки тешки. Сакам да јадеме палачинки жешки. Те сакам.
Не знаев дека разделбата ќе боли толку многу, незнаев дека нема да успеам да се носам со фактот дека сме одалечени, и дека нема да можам да бидам со тебе кога и да посакам. Ми требаш, сакам баш како пред некој ден да бидам во твоите прегратки, да ја гледам твојата насмевка, да уживам во твоите бакнежи. Можеби и не покажав дволно но бев пресреќна, и како поминуваше времето се повеќе ја мразев далечината, се повеќе сакав времето да застане и засекогаш да останам таму со тебе . Ми недостасуваш навистина многу и се надевам дека наскоро пак ќе бидам до тебе... Те Сакам
Сакам да се начукаме. Што од љубов што од љубов кон алкохол. Да ми пееш квази љубовни балади со лош аранжман, да бидеме болно искрени како што знаеме. Да те туркам од себе, да ме влечеш до тебе. Да ти ја откопчувам кошулата уште по скали. Да ме грабнеш и на рамо да ме носиш до 3ти спрат. Да водиме љубов најгласно што можеме, да стигнеме до екстаза заедно. Ми недостигаш, да ми кажеш дека сум убава наутро. Да ти го игнорирам хрчењето од жал да те будам. Да те гледам колку смирено спиеш. Ми недостига се што правиме заедно, но повеќе се радувам на се што допрва ќе правиме.
,,Злато слободно си излези,убаво си помини,, ....Ега да си поминеш најлошооооо на свет и никад веќе да не ти текне да излезеш,да умреш дома од досада и при самио 4екор даден надвор да се онесвестуваш и па да си се врнеш дома
Знаеш што правам сега? Си спомнувам сама на себе што се ме потсетува на тебе! Столов што е спроти мене, на него нон стоп седеше. Држачот од креветов го скршивме зошто седевме пречесто на него. Вратата ме потсетува на тебе и на секој бакнеж што го добивав кога доаѓаше или кога си одеше. Десната страна на креветот секогаш ќе ме потсетува, таму ти спиеше... Лажицата за обувки ме потсетува на тебе бре! Па за тебе ја купив Ноќеска сонував дека ми звониш на звонче за да се смириме ... и вчера кога си замина ја мирисав перницата, не сакав никогаш да изветрее тој мирис.. Ама сама сум крива што те изгубив. врати се.......
Се сеќаваш на вечерта кога стоевме недалеку од Ману, таму каде што се продаваат стари книги со мирис на опиум? Блиску до Вардар! Имаше ветар, дуваше силно, а ти и јас стоевме на ладното, можеби беше нешто накај 15 декември. Јас треснав некоја вистинита глупост, а ти, ти спомна нешто во стил дека немаш што да ми подариш. Немаш дом, куќа, имот. Денеска втор пат го изговараш истото! А знаеш, сепак сум до тебе. Спонзоруша невидена. Ај ај ај Порторико!
Срце мое размислувајќи дојдов до една идеа незнам дали е најправилна , но се надевам дека ќе ме разбереш......
Не знам. Милион нешта кои не знам дали вредат. Би врескала на цел глас, да не беше волку доцна и да немав комшии. А сакам да врескам. И после пљачките да си ги земам. Некако....дел од мене умира.