Се беше убаво вечерва. Само да не ме потсетеше на некои неубави работи кои ни се случиле и да не ми се извинуваше за нив. ТЕ САКАМ !
аман веќе откачи се од сукната на мајка ти , не е светица ниту па секогаш во право....биди маж еднаш и речи -мајка ми греши-а не вечно ДЕТЕ ......Божеееееееееееее да се немало чувство за реалност
колку и да сум срекна, насмеана, кога на тебе ке помислам или во потсвеста ке ми текне на твоето име солзи ми течат, замислена сум, не ми е до ништо нормално дека нема ни на ф.б. да покажам како ми е преку статуси, песни и сл. за да ми се ситиш, секоја од нив со позитивна содржина што ја постирам е еден вид на маска зад која вешто се сокривам се обидувам да си го исполнам животот со обврски да не можам да мислам преку ден, а навечер едвај заспивам и не престанувам со обидите за работно место тешко ми оди ама не се откажувам оф Господе зошто мораше да те запознаам, зарем не страдав доволно во овој живот во името на љубовта
Ми фалиш многу , сакам пак да се загубам во твојата прегратка и да ме бакнеш по чело да ми кажеш колку ти значам...
Мислам дека е време да те пуштам да одиш Оди, расчисти си сам со себе што сакаш, размисли за своите чувства мисли. Дали во твоето срце има место за мене? Дали нешто ти значам? Јас не ги знам тие одговори, единствениот што ги знае си ТИ. Јас се предавам.... неможам вака повеќе...
уморна сум од се па и од тебе да знаес се правам да е супер супер ама некако неиде,не ми дозволувас оставам се-нека биде сто ке биде.
не ми се верува дека ме следеше позади-кога приметив добро бе З дали си ти воопшто нормален и со на уво,па барем кажи нешто гласот да ти се слушне бог да чува и да брани-смалји што се крсти а мене пред да те видам анксиозноста ми проработе, рацете почнаа да ми се тресат не сум глупава, ама се при срце си земам и затоа страдам и други луге од маалово имаат приметено дека со тебе не е баш се ок, ама јас будалче од сите најдов во тебе да се загледам-да земам една книга/камен па да се треснам малку да ми се размрда паметот
Сакам да те видам Сакам да те бакнам Сакам да те гушнам Сакам да те гледам секој ден Сакам да се смееме заедно Сакам да пиеме заедно Ех сакам, ама нема. П.С. Многу ми е мило што вчера конечно ти го слушнав гласот, you have sexy voice.
Едвај чекам да завршиш со работа и да дојдеш по мене. Едвај чекам да јадеме заедно, знаеш дека само со тебе сакам да јадам, сама никако Целата нервоза ќе ти помине штом ме видиш, знаеш и сам. На се` ќе заборавиш, а плус ќе добиеш и една масажа од мене, денес сум расположена Знам дека воопшто не ти е лесно, растргнат си на сите страни, ама јас сум секогаш тука за тебе
А сега? Сето ова погоре напишано ми изгледа како блед сон. Ме боли душава шо не можам поќе да издржам,не можам да се борам ,очиве ми се потечени од плачење,а солзи веќе нема.Како вчера беше се во ред,а денес се отиде во вода.Не можам да се борам повеќе,се откажувам,ова ме полудува.Сакам само мал дел од тебе,се плашам искрено и не знам дали некогаш ќе бидиме старите ние,она што треба да се случи е многу далеку во моментот.А не знам дал и воопшто ќе се случи,зарем ваква ќе биде нашата иднина? Гори душава,ужасно ми е ,чувства веќе немам,а и тие што останаа исчезнуваат.Не сум присебна,ова ме боди толку страшно и не ми дава сила ни да викнам да ја искажам болката. Било лошо да, но овај пат не знам што се случи ,овај пат јас се откажувам од моето право врз тебе,ако до сега се плашев да чувствувам и да кажам нешто од сега јас се откажувам од тоа.Сакам,но немам сили да се борам за прв пат се чувствувам толку немоќно.Не знам повеќе каде се наоѓам,се надевам само дека ова е кошмар од кој што кога ќе се разбудам ќе остани само бледото лице на мене.Но за жал не е така,ова е реалност,многу болна реалност.Само ти ми остана мене во овај живот,а сега се оди во вода,не знам каде ќе завршиме.Се плашам од самата помисла дека можам да те изгубам засекогаш,да не нема нас. Ваква болка сум почувствувала два пати,знаеш кога а ова е трет пат.Прв пат толку ме боли,неописливо,неиздржливо,болка која што ме тера да полудам.Те сакам да,но тоа не е доволно за да ми даде сила да преминам преку ова,ми требаш ти тука сега да ме прегрнеш и да ми кажеш дека се ќе биде во ред,а не да дојде до ова.Ние место да серадуваме и да правиме да ни е убаво,да планираме убави денови доаѓа до пекол.За прв пат не знам како ќе заврши ова ,за прв пат нешто не ми кажува дека се ќе биде во ред туку напротив се плашам дека ова може да е нашиот крај,дека одиме кон пропаст.Но ,сепак во мене останува надежта дека се лажам и дека по некое време ова ќе биде нешто на на кое што нема да се сеќаваме.
Знаеш ли што?Ми фалиш ама не сакам да признаам.И можеби сеуште те сакам,ама не покажувам.А знаеш ли зошто? Затоа што не заслужуваш.Затоа што тебе не ти беше галје,па нема да ми биде и мене.Можеби во тајност ке пуштам неколку солзи по тебе,но кога ке сфатам дека не вреди да се плаче за тебе, ја кревам главата високо и продолжувам да гледам напред.Којзнае,можеби во мене има мала надеж дека ке се поправиш и повторно ке бидеме заедно но се трудам да не ја покажам.Ти мене ми го скрши срцето,па и јас ке го скршам твоето.Патем,одмаздата е слатка!