Душо мојааааааааааа само уште 5 денаааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа и пак ке бидеме заедно....ги бројам часовите, минутие и секундите копнеам да те прегрнам да те бакнам и да сум со тебе.,.....ТЕ САКАМММММ
откако пред некој месец дознав речиси се за тебе-нормално ти не знаеш дека јас знам не свакам зошто изгледаш како што изгледаш-ко овенато растение и денес и пред 2 недели а животот ти е среден-материјално,и повеке си видел од светот од мене,а јас што се непроживав-кога ке се сетам и кој знае уште што ме чека , па пак имам сила да се борам и не се откажувам и сама се борам размислував да ти пишам дека ако сакаш можеш да ми се довериш , да ја споделиш болката,најнормално ама се воздржувам да не направам гужва, а покрај тоа имаш толку другарки што само акциите би можела да ти ги кренам па да си речеш оваа трча по мене ко не нормална
Интересно е тоа како не можам да се одлучам што да правам со тебе.Не знам како да реагирам на тебе, уствари.Вчера бев многу среќна, многу ме расположи, а денес некако најрамнодушно те гледам, како да си никој и ништо за мене.Сакам, ама, секогаш постои АМА.Кога нема да постои ( верувам дека ќе биде за скоро време), се надевам дека ќе ме чекаш, ќе бидам спремна
-кога се сетив на постов, ми дојде да се пукам жими се женкар си останува женкар па незнам што да биде а несвакам што па толку жал чуствувам кон него-мојата најголема маана и постот дека некои луге не заслужуваат да покажеш жал, разбирање беше за тебе-напишав со посвета само што се однесува до мене би те дилитнала веднаш ама партија и ке е премногу очигледно 1-2 помал од мене,оди по студентски домови-се знае за што детски мозок
Сонце мое сакам те многуууууу... цел ден те мислам незнам што направи одвај чекам да се јавиш секоја секунда мие век! Многу бавно ми поминува времето! Ахх ова пуста и глупа далечина Ти држам среќа цел ден, сакам да знам како тие душичето низ што поминуваш сега. знам дека операцијата е тешка ама ти че дојдиш и че ми се вратиш живо и здраво ништо не е посилно од мојата љубов кон тебе, јас сум секогаш тука за тебе! те сакам..... премногу немам повеќе зборовии http://www.youtube.com/watch?v=iWzEPuWvgz4
Напишав пост со се што ми лежеше на душа, но после... ја ислушав песнава, го прочитав текстот и еве, тоа е тоа. http://www.youtube.com/watch?v=pgEFfZOV9GQ
Се радувам и на мали ситници деновиве покрај тебе. Најубаво ми е чувството кога легнувам и се будам покрај тебе.
Те сакам Иван. Ми значиш премногу и не сум спремна да те изгубам.Се е празно без тебе.Чувствувам како тонам. Ти си единствениот што успеал да ми ги покаже вредностите во животот,се е по твоја заслуга. Никогаш не сакав да те повредам.Грешките направени само поради мојата природа ги плаќам скапо. Не размислив,дека можеби моето однесување ти смета. Најлесно ми е да водам разговор преку компјутеров..Само така можам да ги покријам слабостите и солзите кои следат после караница.Не сум ни блиску силна колку што мислев дека сум. И нема да се противам на твоето мислење за мене.Згрешив. Премногу. Моето ИЗВИНИ не е само обичен збор, ради реда. Те уверувам дека никогаш повеќе нема да те повредам. Никогаш повеќе.Затоа што боли.Знам дека боли, чувствувам сега ,на моја кожа. Заслужуваш најдобро.Те сакам,проклето многу те сакам!
Денеска ме насмеа до солзи ,одамна вака не сум се смеела ти благодарам на глупостите што ги трескаше намерно или не ама мене ми изнасмеа
Љубоморна сум сериозно, цело утро и цела вечер ја помина со нив, а да и претходната вечер беше со нив. Испушив половина пакета со цигари вечерва, те чекав да ме побараш. Мислев дека работите, а уствари сте се забавувале. Не, не ми смета тоа што се забавуваш и тоа што уживаш во животот. Ама можеш да ми напишеш порака бе, да прашаш како сум. Не можам да го игнорирам фактот што и двете се убави. Секоја на свој начин е убава и посебна, ама барем не се паметни. Тоа ме теши. Немој да ја оплескаш врскава, те молам. Знаам дека ме сакаш, знаам и дека ретко го покажуваш тоа. Ама човече, се плашам. Не сакам да те изгубам. Се заљубив во тебе
^ Абе кажи му ************** Што да ти кажам веќе? Ти кажав, ете. Го чекам твојот одговор. Не мислев дека можам до толку да те уплашам и да мора да ги смислуваш репликите пред да ми вратиш, чиниш на парница си. Не сакам да се тресиш пред мене како пред врховен, сакам само да ми ја кажеш вистината. Голема сум, ќе поднесам.
Незнам по кој пат ама пак ќе ти кажам, не одам за Банско ни на друго место заради тоа што некој сакал да одиме. Не фала. И престани да бидеш наивен, само те искористуваат. Не правам кеиф на другите оти они никогаш неми направиле мене. И да, совет примам а да ми кажуваш ти и да ми наметнуваш твое мислење кој телевизор да си го купам нема. Парите ги давам јас и мојот збор ќе биде последен. Не планирам а се расправам за глупостиве само ќе ти ги кажам да си знаеш. И другпат или договарај се со мене за на кафе или со другар ти. А не едно по друго. Ама ај шо зборувам јас за џабе, па истото ќе си остане знам. Одвај чекам да те видам за да се олеснам
Ех, страшно е што јас веќе и не кажувам ништо.. успешен фраер, зафатен, во исто време ќе ме побара, послем пауза, да ми мине редот..ех.. Боже незнае со која си има работа, ставрно незнае. Мојте дипломи, и работа и проблеми ЈАС ги постигнав и си ги решам. А што му давам сега нему и на нас приоритет некако ми е нормално. Не е и мојот живот само одење по маникир. Леле ставрно човеков не е свесен што прави. Стварно.. И да му го кажам ова, он пак не ќе биде свесен, дека јас баш пред свадба можам да го шутнам. Па што и фирмираната вечаница јас си ја плаќам. Должна секако нема да му останам, да не се грижи.
Сакам да те почувствувам под мене додека се грчиш, го губиш здивот и устата ти е сува од забрзното дишење. Сакам да те видам полна со енергија, лицето да ти блеска со насмевка која ни самата не можеш да ја контролираш и чувството дека јас сум заслужен за тоа... Сакам секој ден да ти подарувам такви моменти.. Извини миличко, деновиве немам многу лигаво романтични мисли за тебе, но и ти си крива за ова. И ти си опасно ѕверче...
Човек да и биде љубоморен на девојката на ЕлеМентал. Која среќа ја има таа?! Колку се труди да ја задоволи во секој поглед. Мислев дека таквите машки скоро и ги нема. Ме остава без зборови со толку позитивни импресии.... Speechless... Да се вратам на моето. Да му ја посветам песната од збор, до збор. Нема да го штедам повеќе... http://www.youtube.com/watch?v=pDgNJNx9B88