Играш кошарка, скијаш, бордаш, куглаш, толку се вложувало во тебе...и и покрај се’ успеваш да бидеш толку глуп! КАКО?!
Денот ми беше прекрасен со тебе кафе, цигари ,кај тебе на тараса иако дувкаше ветре сепак небеше толку ладно , ах колку фали летот и играњето карти на твојтат прекрасна тараса обожавам да седам со саати на тоа место гледајќи во цвеќињата во дворто , ајде само уште малку пролета веќе ни е на прагот.
Дозволи ми да ти бидам се,оправдано да бидам покрај тебе во тие твои толку тешки моменти кои го растргнуваат моето срце на парчиња. Дозволи ми да ти се доближам,да ти покажам дека можам да ти подарам уште многу,многу повеќе од таа љубов која за тебе ја чувам. Знај дека и ти на мене си ми потребен колку што сум ти јас на тебе,знај...те сакам.
Копнеж Ги затварам очите и веќе те чувствувам, мислам си крај мене и можам да те допрам. Можам да те осетам. Можам да те гушнам, да го слушнам ритамот на срцето твое.. Мирисот на твојата кожа го вдишувам, колку е само прекрасен воздухот. И копнеам... Копнеам по твојата близина. Копнеам по твојата прегратка. Копнеам за твојата насмевка. Копнеам за твојот бакнеж. Копнеам за твоето тело. Копнеам по тебе.... Не е лично мое, ама многу ми се допадна.
Шта речи,коју поруку послати? Епа сакам само да застанам пред тебе и да ти кажам колку многу те сакам,онака мушки,без страв. Не заслужувам френдзоун. Искрено се надевам дека се ќе ти дојде на место дома. И кажи и на потенцијалната свекрва да не плаче,сакам да ја гушнам. И џогерот во претсобје ме потсеќа на тебе иако немате ниедна допирна точка. На тебе мислам и тогаш кога мислам дека не мислам. Ми недостасуваш кога си втора смена,сакам да им избегаш на професорите и да дојдеш кај мене. Ама не и создавај на мајче уште секиранции.
Добро бе бивши, зошто ме испровоцира да зборувам за љубовта ама овој пат без плачење и солзи-нема веке , се пресушија и никој не заслужува да плачам за него да ми беше до мене една ке добиеше жими се
Не знам дали е до тебе што си така роден или со тек на растот и развитокот ги добиваш компаративот по- и суперлативот нај-. Ова важи за придавките глуп и убав. Уствари знаеш ли ти што е степенување на придавки? Не дека јас сум Конески, ама ова твоево зборување навлегува во некој сосема друг јазик. Човек да не знае дали сакаш фраер да се направиш или навистина незнаеш да зборуваш. Малку ти фали за да звучиш како гласовната синхронизација на Б.Ц. во Еднооки. За чуства.....во некоја наредна прилика ќе зборуваме. Од мое видување, таа тема е далеку во книгата.
Сакам секоја недела да ти кажувам по нешто, еднаш неделно. И еден ден, по многу години, да ти ги пратам да ги прочиташ сите работи и да видиш како се развивал мојот однос кон тебе. Како една лудача полека се приврзува за тебе. Кога викам дека сум само да седна човек и да ми се смее. Мемоарите мои, Боже мили. Како и да е, не знам зошто толку мислев дека не кликаме. Јас и ти. Ти и јас. Дефинитивно не сме исти, многу сме различни. Ама различни сме за некои одредени теми, вкусови, јас сум многу погласна и побучна од тебе, побрза, позборлеста, поотворена,... За некои работи, никогаш нема да се погодиме. Ама ти ќе седиш и ќе слушаш Адел со мене, и по 10 минути јас ќе седам и ќе слушам некоја твоја глупост со тебе. И пак отпочеток. А за тие битните работи, за тие круцијалните темии, за тоа што е важно и неопходно, мислам дека многу добро се согласуваме. И тоа е тоа ради кое ќе функционираме. Знаеш, ме мачи и тоа што не бев баш најфер кон тебе. Те споредував со човек со кој не вреди да те спомнам во иста реченица. Море, на моменти пак те споредувам со тие будали од порано, чисто колку да си докажам дека тоа нивното не требало да биде така, туку дека треба да биде вака како што е сега. Пак ќе речам, не дека беше најотворениот човек, не дека се дупнуваш од изразување емоции, не знаеш да делиш комплименти, ти требаат сигнали слични на оние кога слетува млазен авион за да укопчаш нешто , ама на крајот на денот... На крајот на денот имам некој кој ме почитува, и имам некој во чиј поглед можам да прочитам колку му значам, без да ми го каже тоа, исфилувано и извештачено. И сум среќна, навистина. Кога гледам дека сите ми викаат дека заслужувам баш некој таков. А и ти друже, и ти заслужуваш некој на кој можеш да се потпреш во секое време и за се'. Можеби и сепак делчето од слагалицата било небо, а не море...
Сфатив. На игнор сум нели?? Не те барам. Ми викаш почекај јас да те побарам, ама чекав и пак ништо и после јас сум имала испади. Ти удрен во мозокот да не си?
Душо моја уште само 3 дена и ке бидеме заедно ке се гушкаме ке бидеме заедно веке и од прилика знам уште колку секунди не разделуваат.... ЕДНО ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ ЗА СЕТА ПОДРШКА И ВОЉА ШТО МИ ЈА ДАВАШ те скаам најмногу
сватив една многу важна работа-не можам од тебе да очекувам да ме запознаеш ко човек З оти кога и да ме сретнеш ме набљудуваш ко добро парче се знае за што, ама се воздржуваш, сепак се познаваме преку партија-те свакам јас тебе подобро отколку што мислиш иако глумам лудило дека не слушам, не гледам и да ти кажам дека го имаш истиот симптом како еден мој бивши-мачизам нешто што највеке ме иритира и нервира на 25, 26 години да се плеткам со помали -целта е зголемување на твоето его знам па затоа вложувам напори за да те потиснам во меморијата а се надевам дека со текот на времето ке те снема од таму мислев дека си позрел ама заборавив дека машките подоцна созреваат а некои никогаш
Секогаш ќе имаш во мене се’ што ти треба, ветувам. Сонце си ти русокосо ќелаво. Немој да се грижиш, знам дека збудалевме периодов од сите емоции, но најважно е што сме си тука и имаме планови и се имаме еден со друг.