Се приврзав за тебе бре , оф. Неможам да помине ден а да не те видам , да не зборувам со тебе , да не ти се истажам. Стани побргу ајде , сакам да ти се пофалам дека ќе изложат мои фотографии. Те сакам.
какво ти е тоа прашање дали ке одиш за Охрид, знам зошто ме праша кога ти посакав на партиска база убаво да си поминеш-сакаш да ме кариш ама не можеш ти со мене ти си машко, јас сум женско-има да ме изгазат галје ви е на цела унија за мене и + кај се видело девојче да оди на протести
Колку мрзам кога си на состаноци! Заради тие глупи состаноци неможам да ти пишам или да ти се јавам... P.S.:I LOVE YOU!
Ми недостасуваш знам дека средувате и не ти ѕвонам за да не те прекинувам, ама сакам да те слишнам. Јави ми се
Не ти верувам.Овнатре ми вика нешто да не ти верува.Такво чувство имам.Те сакам и сакам да бидам со тебе,ама секој твој збор ме тера многу да размислувам.Ме тера да размислам дали донесов праавилна одлука.И немој да мислиш дека ке можеш да ме искористиш и откачиш,прва ке те откачам...јас.... Немам храброст да му го кажам ова,ама и подобро е така,да не знае...
зошто небеше силен? зошто небеше решителен, да ме фатиш за рака, да ме успокоиш,да ми кажеш дека со мене бо живеел во сахара... зашто остави твоите да те моделираат и на 30 год? зошто ми дозволи да си заминам............
♥ Ti – jer si najlepši ♥ Ti – jer si najzgodniji ♥ Ti – jer si najbolji ♥ Ti – jer si najpametniji ♥ Ti – jer si savršen ♥ Ti – zaista vrediš! ♥ Ti – jer ja znam zašto
мислиш дека не те слушнав што рече-убава пичка ама жими еден живот ти се колнам дека ке ти вратам следниот пат со што ми падне на памет без пардон Зоран-Зора да не дочекаш проклетнику еден само несреки ме снаогаат кога си ми во близина, се чуствувам ко магија да ми направиле
Судбината стварно си поигрува со мене кога си ти во прашање.Секогаш кога ќе помислам дека дефинитивно сум расчистила со моите чувства за тебе,ти пак ми се навраќаш во мислите и пак почнува истиот пекол...сите убави моменти кои што ги имавме заедно,сите глупости кои што ни се случија,па дури и сеќавањата на нашите кавги ми се драги , а воедно и многу болни зошто се осеќам немоќна нешто да сменам. Се навикнав да живеам со твоето отсуство и знам дека сите веруваат во тоа дека мене ми е супер без тебе,но верувај дека воопшто не ми е.Ми фалиш и се би дала да можам уште еднаш да го проживеам тоа што го имав со тебе,зошто ни беше преубаво и на двајцата.Знам дека животот не е фер,но зошто мораше ова да ни се случи баш на нас? Ме копка и тоа што не знам како се чувствуваш во однос на целава ситуација,ама ајде биди доволно храбар и директен ( каков што те запознав) и кажи барем нешто,без разлика на тоа дали тоа ќе биде она што јас посакувам потајно да го слушнам ...
Осеќам дека многу работи не сум ти кажала, осеќам дека нешто фали. Бидејќи секогаш постои нешто што ќе ја наруши рамнотежата на денот, а со тоа се нарушува и нашиот дијалог и јас од многуте работи кои што сум ги имала на ум да ти ги кажам, одеднаш останувам недоречена. И така сето тоа се провлекува од денес за утре, од утре за кој знае кога. И така само се одогловлекува времето проживеано во неизвесност и во незнаење дали врската ќе пукне или оживее. Иако, судејќи според нашиот однос мене повеќе накај првото ми влече.
Премногу ми фалиш во моментов. Сакам на некој да му се пожалам, на некој што знам дека навистина ќе ме сфати и најубаво може да ми помогне. А од друга страна пак, знам дека имаш доволно свои проблеми и не сакам да ти досаѓам...
Неможам да дочекам да дојде утре, да поминеме цел викенд сами, јас, ти и тишината....тишината која ќе ни даде многу одговори на отворени прашања.... Колку само беше мил денес со мене, колку само љубов и страст ти гледав во очите. Се надевам искрено дека си сфатил дека се трудам премногу за нас, само за нас...затоа што иднината со тебе си ја гледам, животот сакам на тебе да си го посветам. Делиме заеднички интереси, заеднички цели во животот имаме, сакаме слични или исти работи... Сексот е фантастичен, страст ни извира од сите страни, знаеш каде и кога да ме допреш, уживам кога те гледам дека те задоволувам.... А ти...ти секогаш гледаш прво јас да бидам задоволена, се трудиш и обрнуваш внимание и на најмалите ситници кои знаеш дека ме полудуваат....ах... Утре, сабота и недела...јас, ти, белото вино и песните кои само ќе ни ја загреат уште толку атмосферата...
Ако те интересира што зборувам,дојди да разговараш,а не како некоја стрина да седиш настрана и да прислушкуваш.Глуп,туп неупотреблив.
Никогаш не си ми фалел од досада. Како потреба да ми го исполниш денот. Ниту кога имам проблеми, па да ти се исплачам. Ми недостигаш за со тебе да го зграбиме сонцето, да одиме низ парк, да ја прошетаме Партизанска и најдеме ново место за гнетење. Само со тебе имам желба да готвам, затоа што на двајцата ни е од мерак подготовката на нешто високо калорично и вкусно. Ми фалиш за да ги споделам убавите моменти, само така се целосни. Но, кога веќе можеш толку долго без мене, нема да ти го нарушам мирот. Јас сум добра. И ќе бидам, не се секирај. Остани и ти.
Загреота. Не мислев дека си толку полн со стереотипи и ограничувања. И контрадикции. Очекував бар искреност и отвореност на сето твое тупање в гради дека имаш храброст, смелост, и немаш перде, да кажеш што било, особено да си го кажеш ставот. Ти - буквата М, заробена меѓу Љ и Н, пред Блажета и пред Господа. Јас - птица преселница, парче глуварче, јужен ветер. Не сме еден за друг. Дури и да сме, не сакам да сме. Продолжи да бидеш само буквата М од азбуката. Јас ќе продолжам да бидам и тоа, и многу повеќе. http://www.youtube.com/watch?v=tojdpYXEb3g Coward...