како можеше рано наутро баш тебе прв да те сретнам несреко една-за доброутро не можам да верувам како судбината ме мести ама те скролав и баш ми е мило ама немаше храброст да го повториш тоа што го кажа вчера сам а вчера имаше пред други луге-глумиш мачо а да ти кажам не си ти единствениот што така се однесувал кон мене , ама не сум јас истата од пред неколку години
Мене ништо не ми е , мене ништо не ми , мене ништо не ми е , мене ништо не ми е ,мене ништо не ми е ,мене ништо не ми е,мене ништо не ми е ,мене ништо , Овој ден да помине... до вечер, до бернајз
Биди и денес мелем на душава. Ми треба одмор и сон, и твоите раце... Бубнувај ми го очното капаче а јас ќе бидам твојата Амели. Светов полесно се поднесува кога си до мене и кога те слушам како заспиваш дишејќи ми на увце. Тогаш заспивам и јас, со насмевка.
Кога ќе научиш на жена да и ги кажиш зборовите сакам да те видам, тогаш пак ќе ме видиш. Ти си едно арогантно гомно, кое е навикнато да го молат, да го бараат, а не да бара. Ама си нашол и ти со кој да дробиш крастајци. А мене ми мириса дека тоа нема да го слушнам од тебе. И ми мириса на крај.
Ми се чини дека го држиш кусурот од мојата љубов во рацете и чекаш.Не ни сонуваш колку имам уште банкноти за тебе.Колку само метални парички имам заштедено за нас...Можеби кога би знаел, со нив би купила уште време...
Прееска ти реков дека само ти можеш да ме расплачеш, ти се натажи и се обвинуваше. Ама јас не се докажав. Многу се помалку тие моменти кога сум тажна отколку среќна. А дали ти кажав дека ти ме правиш најсреќна на свет. Секој ден си се подобар и повнимателен и сум среќна поради тоа. А вчера кога ми рече дека за 2 години ќе ме побараш за жена и покрај тоа што знаеш дека за помалце од 3 години несакам да се мажам ми беше многу убаво. Заспав мислејќи на тоа, со насмевка на лицето. Значи, да, дефинитивно ти ме правиш најсреќна. Те сакам.
И покрај се на крајот од денот единствениот кој што ми се јавува само да ме слушне и праша како сум си ти.Не знам што ќе ни донесе иднината,како ќе се одвива утрешниот разговор не знам.Знам само дека ќе се обидеме и двајцата да сме присебни и да го решиме ова веќе еднаш. Знам дека очите ќе зборуваат место нас,доволен е еден поглед за да се каже се,сите наши чувства,мисли се длабоко во нив.Ох мил мој се молам на бог да не влијаат баналностите на нашата врска,немој да бидиме тврдоглави за да ја изгубиме нашата поврзаност,љубов бидејќи е пресилна со толку убави моменти кои се надевам дека уште ќе ги има.
Колку пати склопував раце и се молев да ми се вратиш, колку пати го проколнував твоето име, а те сакав. А сега на сè ставам крај, повеќе не ми требаш, замина од мене како што се појави. На сите им покажав дека можам без тебе, освен на самата себе, но само посакувам да дојде ден кога и ти ќе го проколнеш моето име, а ќе ме сакаш, да сум ти потребна како дрога, да си вечен зависник од мојата љубов искрена.
Чаирска романтика а сукњичка кратка сите се зверат а ништо подобар не сум и јас, така мала и слатка ко бајадера сите би те лапнале со сласт немој ке им застанам во грклан ке се задушат од мене вклучувајки те и тебе пази да не се заљубиш во мене ако не си веке ама нема да дозволам еден женкар ко тебе да влезе во мојот живот па ако треба и крвта да си ја испијам а цело лето и секако цела пролет низ маало ке бидеш-оф зошто мене ова ми се случува јас и ти -чисто партиска комуникација кога ке се сетам колку ноки се мачев да заспијам, го гледав твојот лик, во солзи се гушев ко ненормална заљубена-изгубена-да земам и да се пукам-се изгубив мислејки на тебе, се чуствував ко статист во сопствениот живот епа доста беше, решив и јас да сменам нешто за да тргнат работите на подобро
Што би јас со тебе мил мој? За толку кратко време станавме едно, за толку кратко време отидовме толку многу далеку. Само ти можеш во исто време да ме растажиш и насмееш иако и тоа растажување не е намерно. Не можеме против се, ние сме само две души под ова сурово небо. Не сакам да дозволам да ми бидеш сламка спас од неа, не сакам ни јас да ти бидам тебе сламка за спас. Љубов е, голема е, вистинска е, но што со нас? Времево не дозволува да размислуваме трезвено, заљубени сме и залудени. Копнееме по дишењето во ист ритам припиени еден до друг. Храната ни е повкусна кога сме заедно, а задоволството на другиот нас ни причинува поголемо задоволство. Сакам кога правиш блесави ствари. Само ти можеш да ми донесеш после караница еден куп чаеви за да си го одберам вкусот, само ради тебе почнувам да го сакам мирисот на цигари. Ах, љубов, ах! Би пишувала до недоглед колку ми се измешани чувствата и пак нема да можам да си го најдам крајот. Ма што е битен крајот, убаво е. И ЈАС ТЕБЕ!
Ајде да избегаме некаде сами, во некој наш свет. Ајде да се гушкаме. Ајде да се тепаме како брат и сестра, а во нашите очи да се гледа љубов. Ајде да си ги поделуваме работите, како некогаш. Ајде да се вртиме со лулашките. Ајде досадувај ми со твоите интересни прашања. Ајде повторувај ми по 100 пати дека ме сакаш. Ајде да се вратиме со страници наназад, и да почнеме се од почеток. Ајде да се лигаваме како деца. Ајде да сонуваме. Ајде да бидеме среќни.
Тоа си ти, совршен со твоите недостатоци, уникатен и единствен со своите доблести. Тоа си ти, ти, еден и единствен…
Е сеа нема шанси да не ти се налутам. Па цел ден да не моеш да се организираш за на крај да ме бараш утре сабајле....фак оф ! Имај грижа на совест малце сеа ти.А ја одам да спијам..
те љубам љубено единствено мое ах да си сега тука да те гуснам и заспијам во прегратка твоја те сакам