аХ ДУШО МОЈА КОНЕЧНО УТРЕ МИ ДОАЃАШ МИСЛАМ ДЕКА ОД ВОЗБУДА ВЕЧЕРВА НЕМА ДА ЗАСПИЈАМ....ДО ДУША ТЕ ЧЕКАМ ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА ТЕ ПРЕГНРАМ ДА ТЕ БАКНАМ И ДА ТИ КАЖАМ КОЛКУ МНОГУ ТЕ СКААМ СОНЦЕ МОЕ НАЈУБАВО
Толку многу те сакам што не можам да дишам без тебе. Не знам да спијам без тебе веќе. Не знам да се смеам ако не си до мене. Те сакам и те сакам. И среќна сум што те имам. Твојата љубов ми дава сила. Ти благодарам за убавите денови кои ми ги подаруваш безрезервно, што се трудиш да ме насмееш и кога сум бљак, што ме цункувкаш и додека спијам (мислиш не те чувствувам? ), што ми правиш кафенце кога најмалку очекувам, што доаѓаш со мене и по вода од што ми е страв од темно, што не се лутиш кога заспивам на првата реченица од филмот, и наредниот ден и после него, и после него....... пак сакаш да гледаш со мене иако знаеш дека ќе заспијам пак. Ти благодарам што не си себичен и што ме сакаш. И знаеш што? И благодарам на твојата прекрасна мајка што те родила ваков прекрасен, паметен, добар.... и што направила ваков прекрасен човек од тебе. Знае и таа колку те сакам. И знаеш, без тебе не сум јас. ... засекогаш....
До сега лежев со тебе а сега наеднаш сум сама во постелава, ама глупаво и рацеве ми мирисаат на тебе! What the
Подарок за роденден...па, може вистината? Нема да те замени тој тебе, ниту пак е подобар од тебе, ама сепак го сакам него. Јас и ти, никогаш не ни требаше да бидеме заедно, беше испишано преку нас со огромни букви дека сме пропаст уште одамна. Не те сакам, конечно можам да кажам дека не те сакам.
Изразот на лицето да си го видеше само . Колку посесивно само ме држеше до себе, ах човече, што правиш ти со мене Се потсетив зошто се заљубив во тебе и уште повеќе се заљубив, ми недостигаше нашиот разговор. Онака трепкаш воодушевен од мене и ме караш поради тоа што не сакам математика. Знаеш имаш убави очи. Тонам во нив, прават да се смешкам без причина. Добро, целата твоја појава прави да се смешкам без причина. Целиот си убав. Не! Прекрасен си. Треперам покрај тебе, се губам. Дојди да спијаме заедно. Само прегратка ми треба. Ќе заспијам веднаш. Ти спремам денови полни со љубов, куфери со насмевки и да полни стомаци . Ќе те чувам, верувај. За тебе се трудам и ќе продолжам да се трудам. Затоа што и ти се бориш и затоа што и ти даваш многу. Ти ми си се. И да си знаеш, утре сакам сладолед
Кога сум трезна,никако да те видам и да оставам убаво лице пред тебе. Кога сум down,секогаш знаеш да изникнеш од негде -.-
само да знаеш дека работите излезеа од контрола малку..после 3год,па бев со него..како и да е тоа а ти..беше толку прекрасен вчера,имаше нешто што те правеше посебен..и да,приметив како тајно е погледнуваш... нема да го заборавам моментот кога погледите ни се сретнаа.. ахх колку многу те сакам..премногу...најмногу..ти си ми првата љубов..ама касно е веќе..и знам дека ми кажа секогаш ке се интересираш како сум,и секогаш ке ти значам..не се интересирај,откако сме разделени само глупости правам.. срцето ми е скршено..кога се сетам дека сте заедно чувствувам бодежи во градите..колку ми требаш.. биди најсреќен со неа..
Ја обожавам романтиката наша, поготово онаа пред спиење што ни е... Абе одвај чекам пак да те видам, и стварно не ми е мака да правам работи за тебе. Едноставно сакам да ти е убаво, сакам се најубаво да е . Знам што имам покрај мене !
најпопуларно име после Александар, Зоран -од кал да е само Зоран да е бог да чува откако прокоментирав за Мар и Тјаго од Ангели дека се најубав пар тебе те снема од чет-да не се замислуваш ко него а по малку си личиме со Маријанела
Жал ми е, што неможев да вратам на тој љубовен поглед...исполнет со желба, и љубов до вселената. Жал ми е што ја гледаш таа индиферентност во моите очи. Жал ми е што мојот допир е толку студен. Жал ми е што ниту еднаш не те прегрнав. Жал ми е што не те наградив ниту со една моја насмевка. Жал ми е што за се` што бев синоќа...и жалам, оти знам дека те повредив. Ама, треба да жалиш ти...оти цело ова е твоја заслуга. Не ми светкаат очињата, нели...запрашај се кој е виновен!?
Многу те сакам и ти тоа го знаеш! Се правам и со секакви проблеми се соочувам уште од почетокот на нашата врска,се,само за да останеме заедно! Многу работи толерирам,на многу работи затворам очи само за да не правам поголеми проблеми! И се ке направам за да останеме вакви,заљубени и заедно. Но...многу често почна да претеруваш со твојата љубомора,со твоите посесивни испади...Прво ти сметаше ноќно излегување во град,после почна да ти смета и секое мое логирање на фб,па почнаа да ти сметаат некои пријатели па ги избришав... Јас се правам за да не направам проблеми,толерирам за да успее нашата врска. Но,внимавај и моето трпение има граници!!
се си има своја граница мачор, полека малцe..не летај, како што јас седам мирна домче така и ти прибери се и не ми шетај многу по свирки, се што можеш ти..можам и јас не заборавај
Со тебе се ми оди пребрзо,неочекувано...незнам како да реагирам веќе...и ти го кажувам тоа а ти ми велиш- "Е ако де најубаво е така може иде брзо ама ќе трае најдолго,и може е неочекувано ама ќе биде најубаво"... Збунета сум,многу... Ти велам- "ајде ќе одиме да не касниме за колата,не верувам дека казни ти се плаќаат." А ти пак на тоа- "Е ако и да платам ми се исплати...ќе поминам уште барем 15 минути со тебе"... Ахх не сум навикната јас на ова...мене сето ова ме плаши... Не сакам да бидам повредена повторно затоа и незнам како да се поставам...ама не сакам да бидеш повреден и ти.Затоа и сакав полека се да оди...ама со тебе е пребрзо... Битно преубаво се чувствувам кога сум во твое друштво.
They say that Disney World is the 'Happiest Place On Earth'...Obviously they've never been in your arms.
мислам на тебе , пиши миии, се надевам си добар ...разбери ме и мене и ако не сме заедно мислам на тебе .