што ти требаше сред кампања, и сред разговор да ми пишеш како е дечкото јас те прашувам за Струмица а ти мене за дечкото-ти се може, не те замараат со ништо од партија само работа и уживај, а мене се ми се собра трчај ваму-трчај таму, побудалев веке кога те прашав за девојката, ми рече топ-море топови да те испукаат да даде Господ-можеби затоа што јас така одговорив можеби навистина-кој да те знае а ако отидам на некои од протестите-кој ке те гледа нека заврши веке кампањава те молам Господе-смалји со скрстени раце барем сега знам на што сум-доволно фер од твоја страна
Знам колку само удира целава ситуација ама ти имаш цврсти гради ке издржиш те знам. Имаш силен оклоп а јас до тебе сум. Ке се издржи и ова. Пак заедно како тој период ама овој пат на по друг начин сме вклопени во целата слика . Искрено единственото нешто што ме боли во ситуацијава е што сум беспомошна, освен да ти давам до знаење дека сум до тебе за жал неможам на др начин да ти помогнам. А сакам. А што се однесува до тешкотиите само ме прават да бидам уште поголем инает и со уште поголема сила да се борам за тоа што го градиме! Сакам кога се губам во твои прегратки. Уште многу моменти ке споделиме. Јаки сме, заедно можеме се !
ете ти пишав за настанот во АРМ-би го направила тоа за секој на твое место, чисто информација што се случуваше таму-да не помислиш оваа ми пиша оти полудела по мене, па ми ги крева акциите навистина, веке не ме интересираш дали си соло или ин рилешншип, имам веке некој друг на пик така да
Многу пати ти дадов шанса... се обидов да заборавам се што поминало и да пробам пак со тебе.... не заслужи ниту една од тие шанси, и додека разумот ми викаше не се враќај назад на нешто што поминало и ти донело солзи... крајот нема да се промени.... јас го слушав срцето кое велеше.... -дај му шанса, можеби ке се промени! Како да очекувам да читам една иста книга и да има друг крај? Се излажав себеси, самата си сум крива што ме боли и повторно ми го скрши срцето... самата се фрлив во оган мислејки дека нема да изгорам, стоев пред бездната и скокнав мислевјки дека ке полетам... очекував фантазии... нешто нереално... бев заслепена, и сеуште сум.... Кога ке погледнам назад колку пати ме повреди се мразам самата што сум толку глупава пак да ти верувам. Но сега нема назад... не знам ни самата како да се утешам, како да се смирам и да продолжам понатаму.... зошто после се во себе длабоко очекувам, очекувам да се смени нешто и да биде поинаку кога е веќе јасно дека со тебе приказната нема среќен крај..? Како да престанам да се лажам себеси, и како да ја видам вистината и еднаш засекогаш да ме оттргни од овој погрешен пат... како да престанам сама себеси да се повредувам? Како да те замразам што толку пати ме лажеш а јас пак ти верувам... како? Имаше толку шанси... сите ги прокоцка, а јас при секоја наредна бев убедена дека овој пат е вистинскиот и дека ке се променат нештата.... но повеќе не, не можам... ке го стиснам срцето и забите, макар и да умрам не се враќам пак кај тебе... не смеам... ако се вратам пак ке се изгубам, и така веќе не живеам во реалноста... живеам во фантазиите дека покрај се ти ме сакаш и твоите зборови се вистина... веќе не знам на кого и во што да верувам, не знам во што се претворив.... Не можам да издржам повеќе.... на моменти помислувам дека никогаш нема да сакам некој друг, дека никој друг нема да ме направи среќна како ти, дека никој нема да ме насмее како ти...дека со никој нема да го добијам тоа чувство кое ме понесува до небото... на моменти се чувствувам толку изгубено, како да не знам зошто живеам... како надежта полека да изумира во мене... Стегнувам заби да не заплачам, веќе толку пати ме повреди што веќе почнав да се навикнувам на таа болка во градите, почнав да се навикнувам на тагата и солзите кои идат секогаш кога ке помислам на тебе... се навикнав на се... и да ме повредиш уште илјада пати пак исто ке е, нема да те преболам!
Се надевам дека некогаш ќе најдеш некоја која ќе те заслужува, и ќе го заслужува твоето внимание и љубов... Многу ќе бидам среќна за тебе кога тоа ќе се случи, и затоа сакам колку можеш поврзо да се помириш и да поминеш преку ова што се случи, затоа што е најдобро моментално за нас двајца. Изгледа до тука било. Имај среќенб живот, да знаеш дека од срце ти го посакувам тоа, досега на ниеден бивш тоа не сум му го посакала, напротив... Се надевам дека ќе си ја најдеш твојата среќа, затоа што јас тоа дефинитивно не сум. Биди среќен, само остави на времето... Неизмерно те почитувам и сум ти благодарна за се што направи за мене, ама едноставно до тука било...
Da se nismo sreli stvarno bila bi grijehota jer sada znam da te volim http://www.youtube.com/watch?v=sSqQbQUiMVA
Ти го враќам мирот велиш , те смирувам , неможеш без мене , стално сум ти во мислите м? Да знаев дека до толку ќе се заљубиш немаше да бидам со тебе , се зафркавам , те сакам најмногу на цел свет , со тебе ја најдов среќата , созреав на некој начин , заљубена сум како мало дете бреее најпрекрасно ми е со тебе.
Биди среќен ако се вратиш во Скопје после Не знаеш колку малку ми треба да не дозволам да ја искористиме картата за назад.....јас и ти, таму, тоа е надминување на мојот сон
И што дека ми го даде телефонскиот број,што дека чекаш да ти се јавам. -Немам храброст. н е м а м </3
Обиди се некогаш некои зборови да ги премолчиш, зошто не секој твој збор е добар за мене. Си се запрашал ли како ми е кога ќе ме навредиш, кога ќе ме повредиш. Зборовите и делата и тоа како знаат да болат. Како очекуваш да бидам секогаш добра спрема тебе, кога ти не си спрема мене. Човек да ти подаде прст ти му бараш цела рака. Не оди тоа така, барем не повеќе...