I'm not giving up I'm not giving up on us I said im not giving up I'm not giving up on love http://www.youtube.com/watch?v=7KsITaZD23k ТИ ја посветувам песнава на тебе , а ти знаеш зошто и на што ме потсеќа. Патем ти кажал некој дека ТЕ САКА повеќе од мене . Мислам нема таква личност
Незнам што да мислам , дали е најдобро да се помирам дека никогаш нема да бидам на нејзино место или ?! Некој ефект од ПМС е или стварно не сум сватила јас за овие 7 месеци? Мислев дека болките од долгите врски ќе си ги излечиме 2цата , сакајќи. Неможам повеќе , не ме сакаш ти мене.Знам дека звучам како 7мо одделенка ама така е. Да ставам крај или да видам до каде ќе одиме? Even your friends say that I'm good woman , all I need to know is WHY DON'T YOU LOVE ME ?!?!?!?!? http://www.youtube.com/watch?v=QczgvUDskk0
Кога навечер се палат уличните светилки,и кога од мојот прозор имам ваков смирувачки поглед,преку кој го гледам градот како мирува,мене се ме потсеќа на тебе.Не е случајно ова,бидејќи знам дека во ова време од ноќта ние си недостигаме еден на друг. Кога сама го пијам моето кафе и сакам да се одморам од се,на сите би им кажала 100лаги за да останам сама,но само тебе би ти сварила и би го пиела со тебе без да изустам збор,и пак би била среќна. Но не е се така како во бајка.Уствари ништо не е како што јас посакувам да биде. Знам дека се презаситивме еден од друг,знам дека сме си пуста навика,но има љубов,многу љубов,само што ќе престане бидејќи не знаевме никогаш да ја искористиме. Знаеш,ако еден ден имам ќерка,ќе ја советувам многу,со целото мое срце.Ќе и раскажувам за една љубов која што некогаш постоеше,и ќе ја советувам никогаш да не се потпира на гордоста,туку да се бори за нејзината љубов. Можеби те сакам,не велам не,но каква е таа љубов без борба. А јас за тебе незнам да се изборам.Секогаш се откажувам и се правам како ништо да не било,секогаш другите знам да ги насочам и да ги посоветувам како да постапат правилно (барем според мене),а кога се работи за тебе секогаш одбирам друга насока,која што знам дека е погрешна. Не,не те мразам.Ти го мислиш тоа.Само сум премногу горда да ти кажам дека е те сакам,а така само ќе те изгубам.Уствари веќе одамна те немам тебе,го имам само човекот на кој му ја откорнав душата со многу зборови.Човекот на кој му ги измешав сите патишта во животот. И човекот на кој што му направив огромна штета.Цел живот да не престане да ме сака. Прости ми..
Ти ја видов денеска твојата бившта што ми ти го скрши срценцето Слеп си или каков си Да е здрава и жива ама па многу е грда Во ноџината како возот втунел да и свирнал Сериозно да беше убава,ќе признаев . ама не можам бе една црта не можам да и најдам :/
Ми фали како крадец да ми се вровриш во постела. Ми фали да ме нерекуваш „лудо мое“. Ми фали да го бараш мојот скокот и да прашуваш „што не си скокотлива?“. Ми фали да те гледам нерасонет и сонлив. Ми фали да се гаѓаме со перници. Ми фали да те посматрам. Ми фали да те љубам...
Еее мил мој да знаеш колку јас те сакам тебе и колку ми значиш... Само не знам зошто се уште не сакам да ти покажам навистина колку си ми потребен во животот ... Mада нема везе знаеш дека никогаш не би ти направила нешто што со кое ќе те повредам секогаш знаеш дека сум тука за тебе дека не си ми само дечко и да ти бидам тука само за лапање или кажување на некои мили и лигави работи и дека највеќе си се сакаме ти си мое злато сребро дрн дрн јариња. Ти си ми дечко другар и брат .. Зошто кога и да сум била нервозна да не ми е денот да сум тажна тука си бил да ме утешиш и да ме гушнеш кога ми е најпотребно Кој и да е против нас не ме интересира зошто знам дека со никој ко што ми е со тебе не ми било никогаш И не заборавај дека те сакам многу и дека не би сакала да те изгубам
Си се заебал другарче дека јас сум истата од пред 5 години која ќе ти ги толерира срањата, и ќе ги исполнува сите твои каприци. Тоа време помина многу одамна. И баш ми е мило и сум среќна што после толку години пак исконтактирав со тебе, чисто за да го скршам идеалот за страствената љубов, и да ти го прочитам паметот, кој за жал во последниве 5 години ти стагнира и не е воопшто развиен. Мило ми беше што ми се разјасни и што повеќе несакам да те видам. Ми требаше тоа, во спротивно, цел живот ќе се прашував што ако јас и ти уште еднаш се видевме. Со тој памет на 24 години, скоро 25, можеш да изиграваш локален педобеар и да бркаш тинејџерки од по шеснаес години, само они можат да не те проценат и да ти паднат на убавината. Јас на убавина одамна престанав да паѓам. Така да, чувај си ја за наредна прилика, може ќе си најдеш некоја на 20 и кусур години со мозок во стагнација како твојот, па ќе си се погодувате. Биди поздравен.
Обожавам кога те нервирам и кога се правам дека сум ти лута. Па зошто ти секогаш да го имаш тоа задоволство кога можам и јас
Најдраг мој, Ако ова писмо е во твоите раце, тоа значи дека јас сум била тука, но сум немала храброст да те побарам за да ти го кажам ова во лице. Ова е крајот на приказната што ја обележаа месеци на пропуштени можности, иако, всушност, тоа и го очекував. Навистина е тажно и неправедно, како да умирам со твојот мирис во мене, и сеќавањата за ноќите во кои ми се доближуваше, со твоите безнадежно студени нозе. Треба да ги избришам спомените за некој што го сакав, но неможам, не сакам, не сега! Го чекав оној вистински миг во животот, ја посакував твојата љубов по која ќе ја изгубев главата. Посакував да замрзнеме заедно со времето и никогаш да не се разделиме. Долго време живееше во мене, а сега морам да те пушатам да си одиш за секогаш, а тоа не можам да го поднесам. Знам дека можевме уште многу да си подариме, онака прегрнати и збиени во ноќите, еден до друг. Но целото тоа време ти од мене бараше страст, а кога одлучив да ти возвратам со љубов, ти одлучи да ме отфрлиш од својот живот. Таа одлука самиот ја донесе, ставајќи ме мене пред свршен чин, токму сега, кога живеам само за тебе. Всушност, знаев дека сето ова е премногу убаво за да биде вистинито. Чудата не се случуваат. Можеби ова беше љубов на прв поглед, но можеби и премногу очекував од тебе, како што изминуваше времето се повеќе се надевав дека еден ден ќе се заљубиш во мене. Но, за жал тоа не се случи. Се надевам дека во животот нема да талкаш, како што тоа ми се случи мене; но доколку еден ден ја изгубиш саканата личност, како што јас сега те губам тебе, тогаш ќе разбереш какво е чувството да бидеш поразен во битката која што никогаш не постоела. Нашето време измина. Земи го животот во свои раце и продолжи со полно срце. Јас ќе се обидам од далеку да те набљудувам, воздржано, со љубов, засекогаш. Најлесно би било, сега, да ти кажам дека те сакам; сепак, за ова време ти успеа мојот живот да го збогатиш, да го промениш, понекогаш да го направиш неспокоен, но секогаш повозбудлив. Носи ме со себе, се додека жената на твојот живот не те однесе во иднината, бришејќи ја секоја моја трага. Ако во меѓувреме, се сретнеме сосема случајно, само спушти го погледот долу, и сети се, на мене, на личноста која искрено те сакала, а ти на нејзината љубов си гледал само со неверување и иронија. Ќе видиш и самиот дека од сега за тебе се ќе биде полесно. Никогаш нема да те заборавам. Достоинствено е ова да се заврши, како што и почна, на еден и единствен начин со двајца младоженци. Ќе ми недостигаш, како и целото ова време. Збогум за секогаш и никогаш повејќе не барај ме. Те бакнувам
Дојди гупни ме и заедно да спием зошто без тебе тешко да заспијам мора барем пред да си легнам гласот да ти го слупнам те сакам мило мое
одамна немам напишано нешто за тебе! Сватив дека послем тебе животот е убав, луѓето се убави! а ти скрос ме уништи Долго време ме мачеше, ме лажеше, ме лажеше дека ме сакаш, глумеше, се колнеше во нашата љубов и планираше за нас, ја планираше нашата иднина.. Губев од себе, со месеци.. И направи да го допрам дното, беше страшно, но и многу корисно да знаеш.. Во тој момент, во тој момент кога ти ме пушти, девојката што ја имаше повеќе од што заслужуваше, во тој момент сватив кој си ти, и сватив која сум јас.. Во мене се разбуди сонот кој го сонував како дете, во мене се разбуди амбицијата која сум ја изгубила некаде на половина пат со тебе, во мене се разбудија сите глупости што сакав да ги направам а не ги направив заради тебе, во мене се разбуди живот.. Ти ми ја допре суетата, ти нацрта голема нула на мојата душа, ти ме стави во иста линија со милион полоши од мене. А јас? Јас се разбудив. ги нема твоите зборови, твојата среќа, твојот мирис, нема веќе ништо. Те нема тебе. Толку многу те нема што некој нема ни да знае дека си постоел. Ќе знам само јас. И ќе те паметам цел живот. Затоа што да не беше ти, немаше да го видам дното, немаше да се засакам себе си` повеќе од било кога, немаше да почнам повторно да си верувам. Ќе те паметам како некој кој бил толку сигурен во мојата љубов, што не го видел крајот. А крајот не го гледаш само кога ти е пред нос... Мртов си за мене, и таму и ке останеш http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/kolumn ... pre-krajot
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... C5hPrDOLQ-песнава ко за тебе да ја пишувале исто еее дури сега свакам, ама каде ми беше паметот пред некој месец дај Боже да ми паднеш во раце еден ден, има да ти наплатам по ред и редослед ама сум безмилосна
Многу работи сакам да кажам, дури волјата изчезнува од што знам колку треба да дрндам. Се распаѓаме. Знаеш.