Само ти биди добар, да се случи и последново недвоумие, па ќе му ја мислиме... Многу нешта, многу работи ќе се сменат ако одиме надвор. Знаеш. Ќе биде тоа авантура, ама и главоболка. Те сакам и ме сакаш. Тоа секој миг го чувствувам, од секоја насмевка до муртење, споделен бакнеж, поделена чаша со млеко наутро или судирот со чашите полни Пелинковец и кришка портокал како вчера. Силни сме, тоа знам. Само понекогаш, промените се побрзи одошто очекуваме. Едвај чекам да отпатуваме со срцава пак далеку а најблиску до нас двајца.
ако акоо лајкнувај им ти на др женски статуси од типот: лајк и : убав/a,мување и после зашто сум се понашала така...
Што правиме? Ја срушуваме онаа совршеност која ја имавме. А зошто? Затоа што сме тврдоглави и не попуштаме.
Секогаш така среден и скоцкан,уште од 8 сабаље. Ќе те начекам ли некогаш, недотеран,небричен ненамирисан !? И така си одам сонливо по патот,закаснета веќе 2 часа. И си мислам на тебе,и оп ете си одма лево. Коинциденција,телепатија случајност !? -незнам Дискретно мафтање,и широка насмевка од моја страна,и дискретен свиреж и насмевка од твоја страна. И после 2 години гледање проследено со долги паузи,секогаш неизмерно знаеме да се почитуваме и поштоваме. можам да те сместам како главна улога,во реченицата "Секогаш имаме еден таков,што секогаш му се враќаме а ни самите незнаеме зошто " Јас и ти секогаш ќе бидеме недовршена приказна,секогаш до точката ставаме уште две Боли..ама нека потрае !
по кој пат те сретнувам сосема случајно, и се вртиш за да ме погледнеш-ко магнет да сум па така реагираш некако како ли да го протолкувам ова ко судбината ми дава знаци или што живееш во близина на М и кога се движев натаму не те сретнав, денес те сретнав-исто како и лани ама тогаш беше на 8ми Март а денес е 7ми Март а ко за беља првиот дечко што ми се допагаше и уште ми се допага од партија личи на тебе ко брат близнак да ти е јаооооо
Силен на мене ми се правиш, а на тие што стварно треба да им покажеш сила им се плашиш. Кога си дибече невидено тоа ти е
Не те даваамм!! И да бегаш и да те бркам и да те земаат. НЕ те давам! Да има 100 жени меѓу нас не те давам. Ќе и ги дам косте в раце ама пак не те давам. Се шалам не би се тепала за тебе :Р А кажав жени. Да почниме од мајка ти. Не е време да се смени нешто во вашиот однос? Не забележуваш дека знае се за нас, се што треба и не треба. Ох мое мамино синче. А, и да, биди добар спрема мене, јас спрема тебе, и сите спрема нас. Некои работи така се движат. А, и време и да внесиме некои жешкички работи, во случај да ме заборавиш. Ќе видиш ти која сум јас, во секоја смисла на зборот. 1 недела нема да знаеш каде си. Само барам малку нежност, грубост зависи како ке ме најдеш, зависи како ќе си наредиш. Нешто било што да не е како до сега, различно. Да не е монотоно. Бидејки мил мој, јас се плашам и бегам од монотоност. Од секогаш. Ме знаеш мене, малку барам а многу давам. Иф ју ноу ват ај мин. Ајде смисли нешто, некоја улога да си поиграме, па како ти со мене така јас со тебе. Вервај за тебе е подобро да смениш нешто Се гледаме
Сакам да можеш да почувствуваш колку брзо ми чука срцето кога сум до тебе. Сакам да знаеш дека за мене само ти постоиш. Само ти имаш место во моето срце. Во моментите кога си ми блиску, би сакала времето да застане, се околу нас да исчезне. Да ти кажам се што чувствувам за тебе, во твоите очи да се видам себе, со прстите да поминам низ твојата коса и да го почувствувам твоето дишење. Сакам да знаеш дека те сакам, само тебе, најсилно и бескрајно!
Многу размислувам за тебе,за нештата коишто можевме да ги направеме,работите низ кои требаше да поминеме заедно.. Бескрајно те сакам..и секоја секунда помината без тебе,ми го крши срцето.. Ми недостасуваш премногу.. Секој ден,секој проклет ден се убедувам себе си дека те заборавив,дека не си дел од мојот живот,дека не ми значиш ништо..ама баш ништо,дека си обичен за мене како и сите други,дека си странец за мене,дека си случаен минувач..те проколнував,колку ли пати само.. Навидум изгледам најсреќната личност на планетата,постојано сум насмеана..колку ли сум лицемерна само,смешна сум..како може да се смејам,кога срцето ми е скршено,кога сум повредена,кога сум тажна.. Прашањето не е кој е крив..туку како да те заборавам.. Ќе те заборавам..или ќе се залажувам дека сум те заборавила..подобро да живеам со таа лага,одшто да се повредувам постојано...и ти да ме повредуваш,кога тебе ќе ти текне.. Остави ме на мир...сакаше крај,еве го доби..како шо ти ќе продолжеш со неа,така и јас сакам да продолжам со некој..сакам да сум среќна.. Ти дадов простор,ја избра неа..ви посакувам се нај.. И да,додека го пишував ова..ме печат солзите на лицето..
Колку е убаво чуството кога ќе дојдам уморна од факултет а ти ќе ме прегрнеш и за миг заспивам во твојата прегратка .