Знаеш дека имам периоди, кога ми е тешко и имамм потреба да зборувам со некого!!!!1 Какоо може еден турски филм да ти е побитен од мене!!!!!!!!!!!!!
многу ти фала што се сети на мене денес,и понудава за кафе хмм ...може ќе ја прифатам ,хахах конечно нешто добро од тебе
Sugar, недостигаш. Баш осмомартовски недостигаш.Фемина ми е единствена утеха која ме отргнува од мислите како би си поминале да бевме сега заедно. И да, јадам пица,цела планирам да ја изедам и утре да се репнам со речникот по лејка како што умеам оти цела ја изедов. Ама ако, нека има калории штом нема секс. Акоооо,ако. Што да ти кажам друго освен , те љубам. Ех колку сакам да го кажувам ова, да, ТЕ ЉУБАМ.
Kada ti se javim, znači da mi nedostaješ. Ako ti se ne javljam, znači da čekam da ja tebi nedostajem.
баш пред да влезам дома ми пролета една мисла низ мозоков добро бе дали јас тоа размислував трезвено кога фантазирав за да си до мене или што каква што сум сега тешко дека некој би ме трпел а камоли ти-како што си нервозен по природа-имаше да биде колење можеби и треба периодов јас да сум сама
Сакам да одиме далеку од градот, да легнеме на ладната земја и да зјапаме во ѕвездите. Сакам да ја купиме најголемата пица и да ја изедеме најбрзо што е можно. Сакам да одиме на врвот од зградата каде што одевме скоро секоја вечер, да го гледаме градот и да чекаме месечината да изгрее. Да ме охрабруваш да погледнам надолу од врвот, и секојпат штом погледнам надолу да ме прегрнуваш најсилно што е можно. Сакам да дојде лето, да дојде август и да одиме на некое пусто место за да го гледаме дождот со метеори. Сакам да ме изненадиш со твојата појава пред врата, да бидеш гладен и јас да ги имам направено твоите омилени колачиња. Како мало дете да бараш уште, уште, уште.. Сакам да бидеш сам во сончево утро, да се протегаш во кревет а јас да ти се прикрадам под јорган. Сакам да се спојат нашите воздишки, сакам да ме гушнеш како да е последен пат. Сакам да те будам секое утро пред зори, за да излеземе надвор и да уживаме во бојата на небото, ја помниш нашата омилена, нели? Сакам да ја пуштиш нашата омилена песна, да ми се насмееш и да ме гушнеш за да заспијам на твоите гради. Сакам да го крадеме секое неделно сонце, зборувајќи за ѕвездите и вселената. Сакам да ми раскажуваш за моментите што сакаш да ги имаш со твоите деца, сакам кога зборуваш дека и јас ќе бидам таму.. Сакам се што имавме.. Сакаш ли и ти? Гори надеж во мене дека сеуште те боли во градите штом помислиш на мене. Ми призна дека боли. Призна дека крвариш. Призна дека сакаш. А јас признавам дека сум виновна. Признавам дека не можам без тебе.
Душичке премногу си ми потребен во моментов да си до мене инаку ќе полудам те молам дојди и остани цеча ноќ со мене
знам дека овој пат е крај засекогаш.те сакам многу,но едноставно душо не ни оди,пустото не сака.и колку и да се мачиме не бива.само повеќе се повредуваме.зар не свакаш ние не успеавме да останеме заедно.и за крај знај дека засекогаш ме изгуби.
сакам да ти се заблагодарам за преубавиот подарок малце се растажив зошто со пот си ги заработувал ама пак сум срекна што за мене си се трудел да направиш една прекрасна вечер многу те сакам !!!!
Знам дека знаеш која ми е моќта. И тоа дополнително ме возбудува. Јас, ти и Пелинковец. Бурна вечер и ниедно клише, а замисли 8ми март.
Збогум, па ако е засекогаш, тогаш засекогаш збогум.. ПС,Тагувам знај..ама имам и јас своја гордост..можеби те сакам тебе,ама сепак се почитувам повеќе себе
Сите добија цвеќе за празников, а јас добив ... бомбици! Чоколадни. Сѐ за доброто на мојата тежина која и онака стагнира периодов. Ти си, ти си ... мој !? Да - мој. Немаше потреба од прашалникот.
Со самиот факт дека имам 16 години пропорционално на тоа следи дека не умеам да сакам. Знам дека две години разлика не се многу, но кога би се вратила наназад за толку, сфаќам дека сум сосема поинаква личност, а истото ќе биде и кога ќе имам 18 во однос на тоа што е сега. Можеби вината е моја, но делумно е и до твоето брзање и форсирање. Знам дека ти значам, дека ти е убаво кога си со мене, до некаде го делиме истото, меѓутоа сега за сега, не можам да се врзам за никој. Имам прилично многу обврски, работам на себеси и физички и психички, не сакам да си додавам дополнителен товар и проблеми мислеќи каде си и што правиш. Би сакала да бидеме блиски, но без додатни форсирања, чести јавувања и допишувања. Додека пак од друга страна ме убива фактот дека јас ќе бидам таа што повторно ќе те направи тажен. Многу би скала да имам храброст се` ова да ти го кажам во лице. Се плашам од фидбекот.
Што убава вечер помината заедно со многу јадење. Стварно сме свињи. Незнам зошто ама имав чуство дека ќе пукнам. И ај побрзо да ми заврши и јас сум човек