Те сонував ! незнам од каде ми дојде таа сила и да ти кажам . Ме праша како што !? Ќе ми треба време да измислам една добра случка со која ти би ми поверувал. Не ми паѓа на памет да ти го кажам вистинскиот тек на сонот. Не иди во обѕир. Или пак не,ќе речам не е важно,така барем сам ќе си правиш moviеs во мислите. Незнам зошто,но откако се разбудив,ми стана уште помил. Посакав барем да можам да те гушнам. да ти кажам дека не се одалечувам намерно,со тешко срце го правам тоа мил мој. Од грешките се учи,а јас не сакам по трет пат да си ги отворам раните. Исчезни,но не ме заборавај.
што ти текна да се појавиш на отварањето на новиот штаб или шефот ти кажа да дојдеш да ме видиш како хостеса-досега не си ме видел абе за 2 секунди те снема е кукавица си нема што-пази да не те изедам-нема каде да бегаш и да се криеш во исто маало живееме во различни кругови на луге се дружиме ти со работата а јас со партијата-секој на своја страна растргнат, и не свакам од што бегаш тикво една зелена па нели имаш девојка и што мислиш дека јас уште летам по тебе нели си во голема заблуда, времето минува а мене некои работи ми се разбиструваат
Кога и да ја слушам песнава, ме асоцира на водење љубов на зајдисонце http://www.youtube.com/watch?v=SHBPPhtxuxc
Те сакам ! Ти благодарам за прекрасната вечер. Сега знам дека засекогаш ќе имаш место во моето срце. Ти си тој, тој вистинскиот...
Те боли десниот образ знам, затоа очекувај вечер да те здоболи и левиот Имам голема мотивација за мавање на шамарчиња што да правам
Што ли правам јас се уште покрај тебе? Што? Уживаш кога ти ги кревам акциите.. Кога ти давам до знаење дека ми значиш. Дека те сакам... Тоа не допира до твоето срце нели? А што ке допре? Ништо... Стана бесчуствителен.
Ама знаеш дека неможам да замислам каков глупав малер не фатил. Ама се што си земавме абе се се расипува. Знаеш дека не ми се верува? Остави ме да си спијам. И да, фала за 9 мартовскиот подарок, преубави штикли се!
Ти си мое се ,моја душа,мојата подобра половина.Не ми се верува дека уште многу малку ќе бидиме едно,заедно засекогаш еден крај друг.Секоја вечер ќе легнувам крај тебе а наутро ќе се будам крај тебе.Те посакувам,сакам љубоморно само за себе лудо,бескрајно засекогаш.
Знам дека понекогаш си несигурен во мене, знам дека кога се изнервирам, зборувам триста глупости само за да те повредам, но знам дека ни на крај на разумот не би те оставила. Ти си љубовта на мојот живот ( колку и лигушарски да звучи ), стварно не знам без тебе. Знам дека имаш проблем, т.е ПРОБЛЕМ, знам дека не мислиш да ме повредиш, дека мораш да превземеш нешто и додека не се реши тоа нема да бидеш свој. Сакам да знаеш секогаш сум тука за тебе, нема да те оставам сам да се справуваш. Зашто и почрај сите глупости јас знам дека повторно ќе се снајдеме, знам дека ќе опстанеме и знам дека... ТИ СИ МОЈ ... http://www.youtube.com/watch?v=-cJmpUIX2Lk
Зошто по 100-ти пат ги правиш истите грешки? Зошто ги кажуваш истите лаги? До кога ќе трае ова? Мислиш дека уште имам живци да ги трпам твоите детски испади,твоите лаги и лажни ветувања?!? Преку глава ми е од се.Преку глава ми е од твоите хистерични напади. Јас сум крива за се. Дозволив да бидам повторно повредена...од иста личност,на ист начин. Мислев дека се работи за љубов.Но,не. Далеку сме од љубов. Ние сме само двајца патници кои не знаат што прават со себе и со своите животи. Уште еднаш докажа дека никогаш нема да се смениш.
Абе како да заспијам вечерва без да ме бакниш и да ме погалиш и да ме гушниш. Ми почнаја маките. Срце нестостасуваш премногу. Те сакам бе келеш дојди си побрзо
Уффф,проклето ми недостигаш! Толку време те нема...и и покрај толку луѓе,осамена се чувствувам...И покрај глупостите уште само ти си ми во срцето.Не ми се допаѓа никој друг.Нене те оправдувам во никој случај,затоа и не реагирам,ама не ми беше сеедно кога ми го рече она.Значи сеуште ме сакаш.Но,ако е така докажи ми,ако е така реагирај,покажи,не ме пуштај да одам...Можеи па нема надеж за нас,веќе незнам што да кажам...А и работиве одат во друг правец. А јас,сеуште горам и во главава ми е хаос,сеуште копнеам да ме гушниш,да ме бакниш,да ме чуваш... Не заслужуваш,не ти верувам,многу некоректно се понашаш,затоа вака добиваш и од мене,размисли добро што се згреши. Незнам дали ќе имаме време да поправиме се,веќе ништо незнам,пошто времето ме притиска... И нема тебе да ти кажам,но те сакам...