Ти си едно говедо безчувствително...ти ..ти немаш срце бе...имаш ли? ти ни ум немаш..ти ништо немаш..ги слушаше другарите?сега со нив фани се под рака и шетај,а тие ке си ги земат женските,ти меѓу нив оди,и свети му..САМ
не ми одговара оваа дружба, несакам ништо сериозно но несакам ни дисреспект и недифинирано однесување несакам комуникација меѓу редови несакам игнорирање несакам зезање...сакам да пукнеш по мене ете тоа многу сакам, или пак...малку да се отвориш и да покажеш внимание...
Кај е љубовта во тоа што ми го правиш? Не ја гледаш ли границата? Живееш ли да ми создаваш нервози или ми се одмаздуваш за нешто? И ќе ми речеш сакам да си секогаш среќна кога си со мене. Па направи ме среќна, покажи ми дека вреди да бидам среќна. Секогаш кога нешто излезе совршено успеваш да го уништиш на крај. Дури сега сфаќам дека сум била слепа, дека упорно се лажам дека нешто ќе се смени. Не, ништо нема да се смени, а ти секој ден се повеќе лажеш. До вечерва, до утре, до после... До кога? До никогаш... Веќе ми здосадија лагите и приказните. А упорно влечкам и се трудам да останеме заедно. Зошто? Не знам ни јас... Каква иднина ќе имам јас со тебе? Па имаш храброста да кажеш дека ти си тој што се бори за нашата врска... Жал ми е ако мислиш дека ќе те трпам уште долго. Се си има своја граница...
Не знам зошто мислев дека нема да се вклопиме. Убаво ми е со тебе. Ми лета времето, буквално, не знам како е возможно толку брзо да оди саатот кога сум со тебе. Зошто не беше порано таков каков што си сега, човече, па можеше да ме ,,свеп ми оф мај фит,, пред некое време. Сакам кога можам со некој да разговарам на секоја тема. Сакам кога можам да се смеам со тебе за глупости. Сакам кога те држам за рака, убаво ни се поклопуваат раците. Сакам кога те галам по малце со палецот, а ти како одговор назад, само ќе ми ја стегнеш посилно раката. И сакам кога те доближувам до мене додека одиме, сакам да бидам до тебе. Сакам да го шетам Скопје со тебе. Сакам кога сакаш да ме носиш на разни места низ градов. Сакам одново да го откријам градот со тебе. Сакам кога ми ја фаќаш косата, мене ме нервира кога луѓето ми ја фаќаат косата, ама од тебе, чудно... добивам само пеперутки во стомакот. Сакам кога е некој добар со мене, зрел, кој се однесува како што треба секој дечко да се однесува со девојка му... некој нормален - кој е нормален во ера на кретени? Мило ми е што си најдов и пријател и дечко во едно. Игнорирајте го снегот.
Сонце мое ти благодарам премногу за свечената вечера и за преубавиот поклон ( навистина имаш избор ) а јас таа вечер се испокарав со тебе но знаеш таква сум јас прости тоа е малку љубомота и ништо повеќе, верувуај веке почна да ми недостигаш те сакам најмногу на светот сонце мое
Не знам зошто ме исконтактира по толку време , за работа која била пред толку време плус за неточни информации... мислам имаш девојка и не очекував такво нешто . А и начинот на кој ми пишуваше и околностите се несфатливи , не знам како да го протолкувам ова , а искрено мислам дека и не треба да толкувам ништо и да заборавам . Но , добро , стварно ме интересира толку ли не можеше да издржиш и да не ми пишеш ,мислам не беше нешто од кое животот зависи , да биде поголема иронијата се работеше за нешто од времето кога сме биле заедно , мислам стварно зар ти беше битно тоа сега? Се прашувам дали не можеше да издржиш или беше чисто колку да ми кажеш... пошто јас при толкава љубов која ја чувствував 1 не се осудив да те исконтактирам на било кој начин и секогаш ама секогаш сум се воздржувала , а ти како што сфатив одамна не ме сакаше веќе , од каде сега ова ? Колку пати само си помислив дека сме ја наместиле сложувалката , крај на приказната , не знам како да се чувствувам , ми доаѓа убаво на момент а веќе наредниот се тресам од страв .
Нема да ме видиш веќе. И онака со понашањто се повеќе личиш на клошар жал ми е што мислиш дека си постиганал нешто а се повеќе тонеш. Да сакаше ќе ти помогнев, ама ти не сакаш. Со сила не можам.
Не ми е јасно кога се слушнавме гласот ти беше како на славеј,насмеана ведра,и те прашав ке се видиме ли вечерва? Ти фино лепо ми кажа договорена си со другарките нема да можеш,и као ајде да оставие за утре као не ми врти ти јас ке ти се јавам,ок и дојде денот и ти не се јави,ај викам пак јас ке звонам,ти не ми креваш слушалка,ти пишав порака ми враќаш неможам настината сум,мене ли најде со толку ефтини приказни да ме мафташ,убаво реков јас дечко фин културен и емотивец ништо не прави во ова време,и по незнам кој пат тоа ми се потврдува,не си ти крива,јас сум,треба да бидат идиот да осетиш малку болка,за другпат да не ме лажеш со детски финти,тие работи одамна ги поминав,ах кретен сум невиден. Совет до момците немојте да биде фини,зашто ке ви ја злоупотребат добрината.
Душо па јас кревам раце, и тебе не ти е гајле . А штом тргнам да си одам тогаш ме сакаш. Ма ти не знаеш што сакаш , не сакаш да ме пуштиш а не сакаш да се трудиш за нас ... Јас повеќе не можам Жал ми е ама доста е Остави на времето...Ако сме еден за друг ќе се најдеме пак .. Ако не вака е подобро
Ах душичке мила,немој за девојка која не знае да ја цени твојата добрина да се изгубиш себе си,биди си тоа што си, тоа си е ок,ќе се најде девојка која ќе го цени тоа. Кога бев девојка вистина повеќето девојки паѓаа на идиоти,а некои самосвесни и отворено си го кажуваа тоа,не ми се веруваше,јас неможев со такви,ми будеа само одбивност,а колку беше машкото поемотивец и ми го покажуваше тоа,толку повеќе ме привлекуваше.Понатака најдов и мои истомисленички и викам јеее се е во ред со мене има и други како мене.Не се менувај! На мм: Во тешките моменти ги запознаваш луѓето какви се!!!
Не знам како би го опишала тоа што го имаме. Кога лежам до тебе и толку е убаво, ми прелетува мисла дека се плашам да не те изгубам. И тогаш на некој чуден, а веќе вообичаен начин, успеваш да ми го прочиташ погледот и велиш "Немој да се плашиш никогаш. За било што." И ме оставаш со прашалници. Не ми е мака да учам со тебе. Да го прочитам, запаметам, да ти го прераскажам, да те испрашам. Најубаво ми е. Зашто секогаш кога си во мое присуство ги совладуваш најтешките задачи и ми го ставаш тоа до знаење. Во секој убав и лош момент сакаш да сум таму. Ме радуваш.
фала за искрениот совет,го ценам тоа,се убедувам себеси дека сеуште има ок девојки но за жал све се помалку,а не дека ги нема ги има но тешко да ги најдеш,повеќето се манипулаторки и користољубиви да не кажам матријалиски затоа што многу девојки ме критикуваат за ова што го кажувам,и ме убедуваат дека не ги познавам доволно и имам погрешно мислење во врска со нив,ми даваат совети како биди си ти добар затоа што наводно такви момци сакаат,ме прават слеп при очи,сега да не кажам гледам што се случува тука во Ск, пошто ке генерализирам,ке кажам од сопствено искуство добар дечко=глуп плус нема да биде ценет,ке го исмеајаваат, како кога тогаш ке си најдеш тоа што ти одговара итн,иако сум романтичар незначи дека не ги гледам реално работите,и да кажам не сум женомрзец да бев ке си станев педер и немаше да се замарам со која девојка каква е,напротив многу ги сакам и ги ценам,но сватив дека сум бил во грешка, не треба да ги ценам,треба да бидам идиот,кретен,е да си бев сега ке си уживав,ке им бев мил и драг на повеќето девојки,а вака сум им одбивен,поради моите ставови,но што е тука,животот тече понатака.
Ти благодарам за прекрасниот викенд .Еве само неколку часа сме разделени , ти веќе многууууууу ми фалиш.
Спас и прибежиште. Ти благодарам што постоиш, што ме трпиш, што ме сакаш таква никаква и што сеуште правиш планови со мене. Убаво ми е што толку ме познаваш, убаво ми е што толку те познавам. Совршено функционираме заедно, совршено се грижиме еден за друг. Силни сме заедно, се сме заедно.