Не можам зборови да најдам за да му кажам колку многу го сакам Со тоа се мачам веќе некое време , ми иде ребрата од гушкање да му ги искршам за да му покажам Сакам да му кажам дека секогаш сум тука за него .. завчера многу интересно ни беше и сакам пак да го повториме тоа иако немавме место доволно Вчера косава за чешел не ми знаеше а ми вика чекај да те видам злато Ми беше ладно и си земав негов дуксер . Јес да се изгубив во него али си се стоплив Многу убаво ме гушкаше и бацуваше
Ај вака, со ред! Маж бр1.- ме игнорираш, неам поим зошто, не ме ни интересира причината, само потврди ми дека си ист како и сите мажиња на планетава. Маж бр2.- би сакала да си во Скопје, да ме собереш од никаде нигде, да пиеме пиво, да имаме бесен секс и после тоа да филозофираме, потпрени еден на друг. Маж бр3. - Одвратен си, не вредиш ни да те плукнам, и многу ми е мило што не те поздравив вчера. Толку си заслужил. Маж бр4. - не постои... А, ако се создаде, тогаш... Нека дојде време за да се видиме.
Би му кажала дека нашата врска е грешка од самиот почеток,тебаше да остана на тоа што почнавме,две -три мувања,разочарана сум и не можам да ти простам за тоа што ме врза од себична причина ти да се средиш ,јас немав ниеден испад во мојот живот за кој би се каела ти имаше се. и морам да те цитирам(само за ова имаше право)ТВОЈ МАЛЕР СУМ А ТИ МОЈА АМАЈЛ НЕ Е ФЕР!!!!!!!!!
Ти си мојата душа, те сакам најмногу... Се надевам дека полека ќе почнеме да си ги средуваме работите, се ќе биде како што треба и ќе бидеме многу среќни
Премногу ли е што сакам скоро секоја вечер да заспивам до тебе? Просто си ми потребен. Simple as that.
Сакам да те видам бе спанко...ме загрижуваш подобар ли си...дај јави ми се не ме оставај да те мислам
Ке ме полудиш !!! Дај кажи што сакаш!!! Офф..зошто , зошто максимално морам да се здрвам во твое присуство... Еден збор од уста не може да ми излези, а баш сакам да си се дружиме... И не сакам да те гледам со неа, не сакам , не сакам !!! поздрав
Не е така. Ако не сакаш тогаш немој да дозволиш. Бегаш од муабет ама ќе се вратиш кај и да е. И не знам што си се засекирал толку. Знајш дека ќе те чекам. Многу мислиш на мене па зато не мојш да учиш а? Ајде сонце ќе се среди се. ( ова не би му го кажала: и ќе бидеш со мене) И да со душа чекам утре да ми те видам. Ама не вакво туку вакво
Ми треба твоето внимание, ми треба да ме гушнеш и да ми кажеш дека неможеш без мене (па макар и да лажеш), ми треба да ми покажеш љубов, да се потрудиш да ме задржиш, и да ме запознаеш подобро... Да... ти не ме познаваш, незнаеш дека сум немирна ко ветер, ама те сакам или те сакав затоа останав до тебе и ти простив многу работи... ама сега кога гледам дека незнаеш да ми покажеш дека ме сакаш се спремам да летнам, очајно ми треба твоето внимание, ама несакам да ти го кажам тоа во лице и да те присилам да ми обрнеш внимание сакам сам да ти текне... побрзај јас неможам веќе да чекам, и овојпат од тебе зависи (како и секогаш) само што овојпат јас нема за ништо да се потрудам, доста беше.
Jас денес ќе си молчам , ти кажа повеќе од доволно . Ти недостигаше публика додека ми ја гореше душата со секој збор..да си фаќаат сеир така секогаш ти е поинтересно знам ...тоа не ме боли толку силно , сега кога размислувам со ладна глава гледам дека од тебе тоа можев да го очекувам, ти си човек кој не ги исполнува ветувањата