Сакам почесто да идиш на факултет, а не да ми спиеш дома Ќе фатам ќе ти ѕвонам на мобилен и за инает ќе те разбудвам Идиотче, ама преубав си бе да ти кажам право, сакам да пиеме кафе, и утре ќе пиеме ич не ме интересира колку имам за учење Аххх, само да те имам
Не знам веќе што да ти речам што да направам.. едноставно не знам. Претеруваш со твоето лутење , преголема емотивност и друго. Искрено не знам дали јас сакам ваков живот да се караме и лутиме за секоја мала ситница .. не можам повеќе ти кажуваам. И како да не јас сум правела глупости ти затоа си се лутел . Не сфакаш ни зафрќанција ни ништо . Кажи ако требе да правиме само озбилен муабет . Како си ? Што правиш и толко доволно би било мислам. А ти што мислиш? Не моажам веќе со оваа лутење сфати ме .. едноставо еве веќе почнав да размислувам како би ми било без тебе -глупо , празно и ќе ми недостигаш не велам не .. но дај смени се веќее и престани да се лутиш на глупостии? Може ?!
Знам дека несвесно правиш, ама многу ме нервираат тие работи мене. Значи сега он кога е на одмор со него испаѓаш, кога ќе се врати на работа мене ќе ми викаш за на кафе, е не идам бе не ме викај, шо сум ја. И заради тебе ти викам дека несакам да пиеме кафе, кога само што си станал од кафич да знаеш. Па можеш еден ден да му речеш ај денес со мене ќе испаднеш, барем има и он со кој да испадне ама не а? Епа ќе видиш, утре не ме чекај
Добро бе ке може некогаш да се уклучиш на фб како човек и да ми пишеш? А мајтап си играш со мене, цело време се оклучуваш па се исклушуваш. Ама арно ке видиш ти
Koга си позитивен, и без да сакаш ми ја пренесуваш таа енергија. Малку далеку си ми, ама твоите ситници толку ме радуваат...па твоето отсуство не го чувствувам толку. Ми кажа такви убави работи....знаеш како ми е...
Е шо ме прашуваш тоа, како да ти кажам? Неможам да ти кажам, глупо ми е А за тоа другото, намерно така ти викам, да видиш како е, е сега сме исто па да те видам. Е добро сеа, вечер сум од кај тебе сакала нејќела за Милан сум. Се надевам заедно ќе славиме Ај јас да си ќутам да не подречам
Додека сите спијат, знаеш да се разбудиш во моите мисли. Да ги испревртиш сите вистини, докази и твојата забрана за влез во моето срце. А, потоа како крадец, тивко, полека, чекор по чекор да навлезеш во него за да си поиграш руски рулет. Да го убиеш со својата безгрижност и ладнина. Да ми го скамениш и телото, да го почувствувам студот од Северниот Пол..
Ѓаволот да го следев,ќе го стигнев.Но следев човек,човек без сенка. Каменот да го љубев ќе се сронеше од мојата љубов. Но љубев човек,човек без срце...И по мртовец да плачев ќе го оживеев. Но плачев за човек,човек без душа!..
Доста гледаш во телевизорот, сврти глава накај мене види ме малку И пак ќе ти кажам ја обожавам внука ти, ама те обожавам и тебе
Сакам да си живееме надвор од оваа државичка, јас и ти сами. Сигурна сум дека ќе биде прекрасно, само што ќе ми недостигаат блискиве, а ти токму тоа го планираш. И размисли за тоа што ти го зборував прееска.
Ти душо моја или си мн глуп или интересно ти е да си играш со мене... Па цело друштво збори дека се свиѓаме , по цел ден пораки , чет муабети на фејс и пак не превземаш ништо , а нагласуваш дека сум ти жена... Највише 13 години би ти дала па може и 12, а не 23 ццц ахххххх ако продолжиш така ќе си фатам друг!!!
Многу сакам да ти кажам, ама незнам од каде да почнам, толку многу нешта премолчувам, сакам се да ти кажам, ама не пронаоѓам зборови. Страв ми е, од твојата реакција, се плашам од зборовите кои можеш да ги кажиш, се плашам дека тоа нема да бидат зборовите кои сакам да ги чујам. Што ако заминеш, што понатаму, како ќе преживеам јас, како без тебе. Сакам да ти кажам дека се чувствувам измамено, лутам сум на себе што неможам да разговарам јасно со тебе за ова, сакам да расчистам со тебе, ме мачи ова, ме гуши.
13ти Март... Се прашувам дали паметиш дека ни е годишнина? 4 години, слеш 7 се на се... Не сме се слушнале ниту виделе, па не знам како си. Со денови телефонот не ми заѕвонил а денес, денес како за инает над 10 пати заѕвони и со секое негово светкање мене срцето за момент ми застанува, и кога ќе видам дека не си ти се кине по некое мало делче од мене. Нема врска, веќе сум навикната. Се надевав дека побрзо ќе се променат работите, се надевав дека побрзо ќе сфатиш, некако длабоко во себе верував дека ќе вложиш малку труд и нема да дозволиш глупости да рушат се. Длабоко во себе мислев дека се ќе се реши, дека последниот пат кога ти се отворив сфати многу работи. Можеби сум била во грешка. Ќе се слушнеме... нема потреба на некој да му го пишеш тоа ако не го мислиш. Затоа што те чекав, те чекав да се јавиш да ме прашаш како сум, да ме прашаш дали сум подобра, да кажеш нешто убаво но не... по не знам кој пат не дочекав. Што е уште попатетично се уште длабоко се надевам дека ќе се јавиш денес, ќе испланираш нешто убаво, ќе се извиниш, ќе пробаш да ги тераш работите на друг начин и не знам зошто се надевам кога ако прокопам уште подлабоко во мене знам дека е џабе и дека ќе заспијам во солзи... Навистина не било доволно двајца да се сакаат, и не ми е жал и не се каам за ништо, зошто љубов имавме и ќе имаме секогаш... но од не знам која причина не можеше да ги пружиш другите работи додека јас не можев да правам повеќе отстапки. Еден дел од мене секогаш ќе се надева, секогаш ќе чека, да си ги средиш работите и да се вратиш во нормала, да бидат работите како што беа некогаш... а ако не се случи тоа ти ја посакувам сета среќа на овој свет, ама најискрено... не сакам да знам дали си со некоја, или што ќе правиш, само сакам да си среќен, онака искрено среќен, затоа што во душата си добар, и многу вложи и ти сите овие години, само што не беше доволно. Плус ти не размислуваш со твојата глава, и правиш работи што се непотребни... а тоа не е моја вина. И јас заслужувам да сум среќна, и жал ми е, жал ми е што работите после се се вакви какви што се... Посакувам дури и да вртиш денес да не ти кренам, или да те одбијам... посакувам да имав сила за тоа затоа што знам дека така ќе биде подобро за двајцата. Затоа што не е во прашање ден, два три, месец... години се во прашање, долги години полни со убави и неубави моменти и вртење во круг... Бев спремна на се, за тебе, за нас... буквално спремна на се, очигледно и моето се не беше доволно. И после толку години единствената работа што ја посакувам е да не боли олку... а боли, проклето многу... Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=bAb2OP00Lvk